Friday, March 2, 2007

Ликовноуметничка култура,синтеза и кроки

Ликовната култура, како дел од општата култура, не е нешто
што треба само да се знае, туку таа е извор од кој треба да се
напојуваме,да учиме: со други зборови,таа е една од појдовните
точки на секој напредок. Единствено на тој начин ке ја избегнеме
потребата одповторно минување на патот кој другите- и тоа оние
најдобрите-кои пред нас векего поминале.
Содржини со кои се стекнуваликовно-уметничка култура се:
- Работа со разни графички средства,
- Наизменично вежбање и усовршување на сликарски и вајарски
техники;насочување на секое дете кон оние средства за ликовно
изразување што одговараат на неговата личност,
- Потполно запознавање и сестран контакт со уметничките дела.
- Обликување по модел, интерпретација на реалноста и тн.
Синтеза е најпотполно искажана форма низ субјективно
видување и чувствување на поединецот,проникнувајки во
суштинските ликовни карактеристики на мотивот.
Брзата скица не се цртапо моделот, туку по запамтеното.
Притоа има неколку фази и тоа: Подготовка/селекција/,
набљудување, графичко доловување, споредување и довршување.