Monday, May 28, 2007

Хуманитарна аукциска изложба

На 23 Мај во Уметничката галерија Безистен во Штип
се одржа аукција на уметнички дела подарени од штипски
автори. На аукцијата беа застапени 47 слики и неколку
скулптури и копаници. Средствата одпродадените дела се
наменети за децата со посебни потреби од Штип. Инаку,
организатор на оваа аукциска изложба се НВО„Синергија„
и фамилијатаДавчеви одШтип.

Tuesday, May 22, 2007

Учество на детски ликовни конкурси

По извесен прекин на континуирано учество на
Мегународниот ликовен конкурс за деца и младинци
Мал Битолски Монмартр ликовната секција при ОУ.
„Г.Делчев„ од Штип, годинава учествувашесо своја
колекција на цртежи и доби благодарница.
Истовремено по повод Денот на пожарникарството
во Македонија учествуваше на распишаниот ликовен
конкурс на тема Да се заштитиме од пожар и освои
една индивидуална прва награда.
По повод завршувањето на проектот Ликовна
лабораторија во просториите на училиштето беше
организирана презентација на резултатите.

Tuesday, May 8, 2007

реципиенти

Да се ужива во ликовната уметност,т.е.сликарството е
привилегија што секој не е во состојба да ја искористи.
Во ова време на трка за пари и престиж, тоа особено си
го овозможуваат оние со подлабог джеб. За оние кои се
само љубители не им останува ништо друго освен да
ги посетуваат уметничките галерии. Но и тоа често не го
прават одпричини само ним познати. Деновиве во уме-
тничкатагалерија Безистен беше поместена изложбата од
минатогодишната мегународна струмичка ликовна коло-
нија, а денеска е поместена една прекрасна изложба на
една млада сликарка од Скопје на чии платна се гледа
интимната слика од родната кука со последиците од
настаните во Арачиново 2001.,слики со јасна порака, но
таа како да не го свртува вниманието на штипските реци-
пиенти. Каде лежи проблемот ?