Thursday, May 24, 2012

Изложба на Благоја Николовски

Вчера, во Уметничката галерија во Штип, беше отворена ретроспективна изложба на сликарот Благоја Николовски од Скопје.Изложбата ја отвори проф. Владимир Величковски.Застапени се
педесеттина слики и цртежи, пастели и олеати со разни  мотиви кои духовно го инспирирале уметникот - портрети, актови,пејзажи и сл.Сликарството на Николовски е препознатливо по својата мекост, чистота и светлина за што во два наврати ја има добиено наградата за сликарство на ДЛУМ „Нерешки мајстори“, „Моша Пијаде“ и др.
                                               

Wednesday, May 9, 2012

Неколку мисли на Дали

„Цртањето е искрениот дел од уметноста. Не постои можност за измама. Или е добро или е лошо.“
„Јас не сликам портрет за тој да личи на субјектот, туку настојувам личноста да почне да личи на портретот“.
„Оддалеченоста помеѓу сликањето и мојата личност изнесува една бесконечна минута“.
„Наместо да настојувате да го искористите надреализмот за целите за субверзија, неопходно е да се обидете да го направите надреализмот онолку солиден, комплетен и класичен како делата во музеите“.
„Оние кои не сакаат да имитираат, тие воопшто и не создаваат“.
„Сите ние сме гладни и жедни за конкреетни слики. Апстрактната уметност е добра само за една работа: да ја складира вистинската невиност на фигуративната уметност“. Салвадор Дали, шпански сликар-надреалист.

Friday, May 4, 2012

Ликовно вреднување на учениците

Стекнувањето искуство за правилно вреднување на можностите за ликовната работа, како лична така и на учениците, е значаен елемент за админување на медиокритетството и фаворизирање на талентираноста во наставата по предметот ликовно образование.
    Сегашното користење на мерните инструменти /Сл.весник на РМ бр.165-2008/,стандардите,тестовите, чек-листите и др. ми се чини дека повеќе водат кон фаворизирање на теоретските ликовни знаења кај учениците кои треба да ги применуваат, а до запоставување на многу други практични форми и воспитни ликовни елементи кои недоволно се вреднуваат. Се математизираат и се бодираат по процент научени факти по нивоа и подрачја, врз основа на кои, по скала се извлекува оценката и тоа по еден бод за секој стандард, што донекаде ја доловува објективноста, но во секојдневната пракса не е се така, особено не во мултиетничко училиште. Субјективното нумеричко и описно оценување и понатаму ќе се провлекува, а културно-воспитната страна и ангажираноста како на ликовните педагози така и на учениците недоволно се стимулира.
    Воннаставните активности /посета на уметнички галерии, музеи, настава во пленер и сл./, додатната, изборната настава, културната и јавна дејност во уметничкото подрачје /учество на натпревари, изложби, конкурси, манифестации и ликовни колонии/, имаат голема ликовно-воспитна вредност, меѓутоа воспитните можности на овие активности не се доволно искористуваат. бидејќи учениците премногу се оптоварени со дневен и неделен фонд на часови по распоред, со домашни задачи, ограничени се со просторни, временски, економско-социјални и  други услови , а недоволно се вреднувани со само плус една оцена повисоко.
    Според некои истражувања учениците покрај 30 т.е. 35 часа, седмично или 7-8 часа дневно на училиште дома на истите задачи проведуваат уште 20-26 часа, што навистина е напорно.Оваа воспитно-образовна структура -културно уметничката и јавна дејност на ликовните педагози и нивните ученици, ликовно-естетското уредување во училиштата и слободните ликовни активности треба поадекватно да се вреднуваат стимулираат и наградуваат
   Дискутабилен е и системот на оценување на поведението на ученикот, каде се применуваат разновидни критериуми, но за нив нека водат сметка одделенските класни раководители, а истотака и водењето портфолио-ученичко досие не функционира глатко.

Thursday, May 3, 2012


За ликовната писменост

Ако се има предвид дека над 80% од стручните занимања и професии се служат со ликовност, тоа значи дека ликовната писменост се проткајува во сите подрачја на човековата дејност и претставува универзално средство за визуелна комуникација во современиот свет. Во современите мултиетнички и мултикултурни општества декодирањето декодирањето на знаците и сликите претставува препознавање и разбирање на содржаната порака и нејзино заначење, што е дел на образовниот стандард.. Психолозите утврдиле дека памтиме 90% од она што сами сме го сработиле и затос индивидуалното ангажирање дава најдобри резултати. Меѓутоа, тоа тешко се постигнува во редуциран број чассови. Ликовниот час има четири дела: мотивација, творечка работа, насоченост кон секо0ј ученик и естетско оценување и проценување. Сето тоа во 40  м. еднаш седмично е тешко да се поврзе во осмислена целина, а притоа да се води и двојна -тројна администативна евиденција-во дневник  и на компјутер.
  Ликовното обраѕование и воспитание не е само за мал круг тсалентирани и посебно заинтересирани ученици, туку без исклучок за сите, бидејќи меѓу другото, им ја збогатува материјалната и духовната култура на живееење, истражување и автономно творење, што треба да се репектира, зашто дава индивидуален идентитет на личноста, интегрира и има нагласен креативен процес и виѕуелизација.
  Ликовното образование во општото образование , кај нас и во светот, си го има најдено своето место и веќе три века ја оправдува својата сестрана улога. Затоа во некои земји котира високо во редовната и задолжителна настава и е застапено со 2-3 часа седмично, а не како кај на со 1 час седмично.