Sunday, March 31, 2013
Меѓународен ликовен конкурс
Фондацијата“Мал зограф“,во соработка со Општина Банско и Центарот за деца го организираат Светскиот конкурс за детски цртеж “Банско 2013“ Право да конкурираат имаат деца од 4-15 год.Рок на доставување на творбите е од 1.мај до 15.јуни 2013г.
Подетални информации на www.malikzograf.com
Tuesday, March 19, 2013
Тематска изложба на ученички творби
По повод меморијалното одбележување на Денот на депортацијата на евреите од Штип во концентраци0ниот логор Треблинка, во Штип беше поместена изложба на ученички ликовни творби на тема за холокаустот.
Monday, March 11, 2013
Некои ликовни техники
Многу сликарски техники во минатото љубоморно биле чувани во тајност од страна на мајстори, тајфи и еснаф. Така венецискиот дужд строго забранил откривање на техниката витраж со која биле украсувани прозорците на катедралите.Меѓутоа во поново време нема техника која не е обелоденета и за која не е пишувано. Во оваа прилика сакам да ве потсетам на иконописот и фреското, како најстари сликарски техники и две современи техники холограм и фото-цртеж:
Иконописот е сликање на даска од оревово дрво, на кое претходно е каширано платно со туткал. Потоа се препарира со посна препаратура /гесо/ и се шмиргла за да биде мазна површината на која ќе се слика.Контурите се нанесуваат тенко по шаблон или цртеж. Се слика со јајчана темпера т.е.1 жолчка,малку вода и неколку капки јаболков оцет измешани во пигмент. Бојата се нанесува лазурно со мека четка. За ореолот се користат златни листови или златна боја.На крајот иконата се лакира со безбоен лак за заштита.
Фреското е сликарска техника при која бојата се нанесува на влажен малтер /all frescco/ или на сув малтер /all secco/.Била особено омилена во средновековната уметност.Рецептурата за подготвување на бојата се разликува во зависност за каков приод се работи.За сликање на влажен малтер пигментите се нанесуваат ретко со емулзија од исцедена жолчка и варна вода, додека за сликање на сув малтер бојата се нанесува пастозно во казеин техника/варна вода и пресно сирење/
Холограмот е многу посложен процес во кој се користи техника со ласер,светлосен зрак, ултразвук и сл.Преку специјални огледала се одразува сликата на фотоплоча или тридимензионално и виртуелно во реална или апстрактна невообичаена трансформација.Тука секако како помошно средство се компјутер,видео, принтер и сл/.
Со туш и перце или водоотпорно мастило цртаме на црно-бела фотографија.Ги извлекуваме оние контури кои се предмет на нашето ликовно изразување.Откако ке се исуши фотографијата целосно ке ја ибледиме во раствор на јод и ја фиксираме. Резултат на тоа е потполно бела позадина со туширани партии што го истакнувааат цртежот/.
Wednesday, March 6, 2013
Изложба за 8 Март
По повод Меѓународниот ден на жената во НУБ„Гоце Делчев“-Штип, денеска беше отворена ликовна изложба „Жени за жени„ на која се поместени триесеттина слики од Љубица Накова Донска,Галаба Хилјадникова,Нада Накова и Лена Ѓулиќ. Изложбата ја отвори д-р Никола Смилков, декан на Факултетот за образовни науки во Штип.
Subscribe to:
Posts (Atom)