Friday, January 17, 2014
Роденден на уметноста
Денес, 17 Јануари е неформалниот роденден на уметноста. Имено, францускиот уметник Робер Фију, во 1963 г. предложил овој ден да се одбележува во светот како врска меѓу уметноста и животот, па така голем број уметници,групи и институции го прифатиле овој предлог и на свој начин го одбележуваат со пригодни собири или манифестации.Кај нас тоа некако срамежливо или воопшто не се практикува, како уметноста да ни е споредна работа и не толку битна во секојдневниот живот.Време е да се подразбудиме од летаргичноста.
Monday, January 13, 2014
Tuesday, January 7, 2014
Афоризми за уметноста
„Нема ништо видливо без светлост,
нема ништо видливо без прозирен медиум,
нема ништо видливо без облик,
нема ништо видливо без отстојание и оддалеченост,
нема ништо видливо без алати за гледање...“ Никола Пусен, фанцуски сликар,1665.
„Идната уметност ќе биде плод на едно научно убедување.Таа е наша религија,наша средина,наша иднина.Таа е доволно длабока и содржајна за да го донесе најголемото вообличување, најголемото преобликување на формите кои светот ги доживеал...“ Франц Марк, германски сликар,1915.
„Кубизмот има практични цели.Ние во него гледаме само средство за изразување на она што го забележуваме со окото и духот“
Пабло Пикасо
„..Сфаќањето на природата го создава уметникот, а уметничкиот одраз на сфатената природа - стилот.Секакко, многу е поудобно да се земе стилот од поранешните епохи, прерафаелити..отколку со своја пот на лицето да се зема од природата. Но, колку тешко и да би било, природата обилно го наградува оној кој ја истражува, со дар кој може само таа да го даде: со оригиналност. И само оној кој природата ја гледа со сопствени очи, а притоа располага и со способност да го репродуцира согледаното оригинално, тој е уметник...“
Либерман, германски сликар,1894.
Sunday, January 5, 2014
Руското сликарство од 17-2о в.
Најсјајниот период во руското сликарство, особено реализмот, е поврзан со имињата на плејада руски сликари како што се;Антропов,Аргунов,Боровиковски,Алексеев,Тропинин,Перов,Верешчагин,Маковски,Васнецов,Коровин,Иванов,Серов,Нилус,Савицки,Касаткин,Симов,Головин,Браз,Кустодиев,Лермонтов,Федоов,Бобров,Кипренски,Репин,Левицки,Чернецов,Крамској,Сверчков,Соколов,Филипов,Кившченко,Самокиш,Панаева,Венецијанова,Ајвазовски,Шчедрин,Саврасов,Василев,Левитан,Шишкин и др.
Сепак,многу години еден од водечките личности на руското сликарство и уметност бил Репин, кој стекнал светско признание во реалистичкото сликарство. Тој создал сликовита епопеја за животот во Русија од крајот на 19в. Најпознати негови дела се;„Бурлаци“,„Литија“,„Апсење“,„Поседенка“,„Запорошци“,„Иван Грозни и син му,„Принцезата Софија“ и др.
Заслужниот руски уметник А.Герасимов за Репин ќе забележи:„Огнената љубов кон својот народ изразена во Репиновата уметност,неговиот голем талент,засекогаш ќе го зачува неговото име во пантеонот на најголемите претставници на културата на големиот руски народ’.
Saturday, January 4, 2014
Цртање фигура на човек во движење
1. Шематски цртежи на скелет од човек во разни покрети.Пунктираната вертикална линија со стрелка го означува центарот на тежата во зависност од положбата на човековата фигура.
2. Последователни движења при одење. на цртежите се гледаат координираните движења на рацете и нозете при одење.
3. Последователни движења на телото при трчање, фази на левата па на десната нога.
4. Шематски цртеж, фигура на спортист при фрлање копје.На цртежот добро е прикажана позата на спортистот со широко раширени нозе и активно движење на рацете.
Subscribe to:
Posts (Atom)