Tuesday, January 27, 2015

Скица - кроки

  Скицата е елемент на професионален уметнички пристап и основен работен елемент над тематската обработка на сликата, Таа е и значаен педагошки инструмент во примената на сликањето, во смисла на колоритност,пропорционалност,конфигурација на ликовните елементи и сл.Во услови на студијски пристап кон делото, неопходно е да се има скица или крока за жанрот: Мртва природа,пејсаж,портрет,интериер,акт и сл. Прво што треба да се определли во скицата е форматот,тоналното решение,композицијата. Скицата не е минијатурен цртеж. Таа е слободно решение,без детали, но со основни плошни елементи и пропорции.