По подолг период вечерва видовме врвноквалитетна ретроспективна изложба на еден од основоположниците на современото српско сликарство- Милан Коњовиќ. Куратори на изложбата се Петер Мраковиќ и Зоран Читкушев, а на свеченото отворање говореа заменик министерот за култура на РМ и академик Глигор Чемерски.
Wednesday, April 29, 2015
Wednesday, April 15, 2015
Ликовни изложби на ученички творби и уметнички дела
Овој пост е во чест на 15 Април-светскиот ден на уметноста.
За ликовното образование на децата меѓу другото, многу придонесува и организирањето на изложби од детски ликовни творби и посета на изложби на уметнички дела.На овие изложби учениците ги согледуваат постигнатите резултати. Во својот професионален работен век, како ликовен педагог и сликар организирав над 150 детско-младински ликовни изложби, со естетско-дидактичка селективност на вредностите, нивна организирана посетеност со ученици и насоченост кон откривање на ликовните вредности во пооделни творби и дела и остварувања во различни ликовни техники, елементи и принципи застапени во истите. Истотака со талентирани ученици учествував на повеќе од триесеттина детски ликовни колонии, повеќе меѓународни, државни и општински ликовни конкуси и манифестации.На тој начин учениците постепено го формираат својот ликовно-естетски критериум, кој има свое значајно место и е битен дел на духовната и материјалната култура. Покрај ова со личен пример од организирање на двесеттина самостојни и над стотина групни изложби,педесеттина сценографии,логотипи и сл, како и учество на петнаесеттина домашни и меѓународни ликовни колонии давав и давам свој скромен придонес во ликовното творештво.

Thursday, April 9, 2015
Subscribe to:
Posts (Atom)