Иако оценувањето на ликовните творби на учениците е субјективна работа на ликовниот педагог
сепак постојат извесни правила при оценувањето на истите. Еве го моето мислење по ова прашање:
При оценувањето на ликовните творби треба да се има предвид - 1. Хармоничната застапеност на
ликовните елементи.2. природното чувство за мерка и ред /точно забележување/3. Оригиналност,
4. Креативност и мисловна порака - преку симболи,знаци и елементи.
5. Обем,квалитет,вложен труд и интерес.
При директно проценување на творбите се мери :
-точно забележува
-осетливост /сензитивитет/
-визуелно паметење
-креативно мислење
-имагинација и емоции
-моторичка спретност и осетливост/ техничка изведба/.
Вреднувањето на творбите може да биде а/после чинот и б/ „работа во тек„ Оценувањето е
степенасто по сложеност, импресионистичко или со извлекување аритметички просек.
Петре Колев, ликовен педагог во О.У.„Гоце Делчев„-Штип
Wednesday, February 7, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment