Thursday, June 3, 2010

Изложба на Петар Хаџи-Бошков

Во иаложбените простории на Мала Станица во Скопје е поместена ретроспективно монографска изложба на скулпторот Петар Хаџи-Бошков со 600 дела изработени во метал,бетон,брестол и керамика, а по повод неговиот 82 роденден и 50 годишен ликовен труд.
На изложбата е промовирана и монографијата „Петар Хаџи-Бошков, Скулптури 1950-2004„ од Конча Пиркоска.За Хаџи-Бошковсе истакнува дека е еден од основоположниците на современата македонска скулптура и дека ги спојува скулптурата со архитектурата, сликарството, амбиентот и звукот, но треба да се истакне дека тој е истотака и голем ликовен педагог со долгогодишен работен стаж во УПУ„Лазар Личеноски„ каде ми беше класен раководител, а истотака е еден од иницијаторите и основоположниците на Факултетот за ликовна уметност воСкопје, каде беше професор и декан.

No comments: