На 25.8.2010 во ОУ Т.Арсов - Штип, се одржа семинар за наставниците по ликовно образование од основните општински училишта од Штип, Карбинци,Струмица,Радовиш,Конче,Св.Николе,Лозово и др. на кој беше разработено подготвувањето на новата наставна програма по ликовно за 8 одд,
Веднаш по завршувањето на семинарот присутните наставници потпишаа претставка до БРО и МОН за селективниот пристап и одземње на часови по ликовно, отежнувачките просторни работни места за учениците со поставените компјутери, неразвиениот систем за валоризација на ликовно-педагошкиот труд вон наставата и естетското уредување и др. слични прашања кои во догледно време ке бидат доставени од регионалните здрузенија на ликовните педагози.
Wednesday, August 25, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment