Како дел од неделава започнатиот Саем на електронски уметности „Сифер“, што се одржува на тема „Апаратот на животот и смртта“, денеска и утре во Музејот на современата уметност во 17 часот ќе се одржува конференција посветена на биополитичкиот спектрум денес и на биотехнолошката уметност и култура.
Со свои трудови денеска учествуваат уметниците и кураторите: Зоран Тодоровиќ (Србија), Пјер Луиџи Капучи (Италија), Станимир Панајотов (Бугарија, Михалис Пишлер (Австрија), Славчо Димитров, (Македонија), Дениза Кера (Skype предавање) (Чешка), а е предвидена и видео проекција на филмот на Оливер Реслер „Конструкција на комуна“
Утре е најавено учество на: Полона Тратник и Ајда Мариќ (Словенија), Рој Аскот (Skype предавање) (Велика Британија), проф. др. Сашо Панов (Македонија), Ники Сперу (Австралија), Борјана Роса (Бугарија), Петко Доурмана (Бугарија) и на Мелентие Пандиловски (Македонија).
Организатор на ова, седмо по ред обновено издание на „Сифер“ е Центарот за визуелни и културни истражувања при Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а во негови рамки е и отворената интернационална изложба во Музејот на современа уметност и работилницата за биотехнологија која се одржува на Природно-математичкиот факултет. (К.Б.)
превземено од утрински весник http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AA16A44FC5DB8B41968C2E24BB4E91FF
Wednesday, October 6, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment