Во Штип живеат и творат повеќе ликовни уметници и ликовни педагози, чиј вложен труд заслужува да биде одбележен.Во оваа пригода ќе издвојам само неколку од нив.
Мирко Дончевски, иако е роден во Владимирово, речиси целиот свој работен и животен век го минува во Штип, како професор по ликовно образование во Учителската школа и гимназијата.Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Републикава.Член е на ДЛУШ и ДЛУМ.Неодамна со ретроспективна изложба го одбележа своето петдецениско ликовно делување.
За својата ликовно педагошка и уметничка работа енаградуван со голем број награди и признанија а носител е на звањето истакнат просветен работник.
По пензионирањето на Дончевски, како негов ученик и следбеник за професор по ликовна уметност доаѓа Кирил Казанџиски. Тој дипломирал на ФЛУ во Скопје, во класата на Петар Хаџи-Бошков.
Член е на ДЛУШ и ДЛУМ. Изложувал на повеќе самостојни,групни исложби и ликовни колонии.
Во изминатите три децении создал над 300 ликовни дела.. Во 2009 г. е прогласен за најдобар ликовен педагог во средните училишта на Македонија.Како човек и сликар го преокупираат секојдневието и имагинарните предели, а незадоволен е од тоа што изложбите на ДЛУШ го загубиле својот критериум и што штипјани не ги купуваат сликите на штипските уметници.
Љубица Накова Донска е првата жена сликар-акварелист на пејзажи и стара архитектура од Штип, и долгогодишен ликовен педагог воООУ„ВанчоПрке“-Штип, од каде се и пензионира.Таа, заедно со својот покоен сопруг Љупчо Донски, се доајени на современото сликарство и ликовната педагогија во Штип.Има реализирано голем број самостојни и групни изложби со ДЛУШ и добиено поивеќе награди и признанија меѓу кои орден за труд и истакнат ликовен педагог.
Еден од нејзините најдобри ученици, подоцна колега во истото училиште беше Трајче Радојевски, кој во 2009 г. ненадејно почина, оставвајки зад себе три самостојни изложби неколку групни изложби со ДЛУШ и неколку ликовни колонии за уметници и за ученици, голем број недовршени проекти, компјутерски начини за сликање, слики и графики, како и еден текст во ракопис за учебник по ликовно образование, за основно училиште.Тој беше весел,скромен, трудољубив и толерантен човек со голем број награди и признанија, како за својот менторски труд, така и за своите ученици со кои учествуваше на разни натпревари од општински до меѓународен карактер, во Финска, Шведска, Полска, Индија, Италија, Шпанија, Португалија, Јапонија и на нашиот Мал Битолски Монмартр.Беше повеќегодишен претседател на Здружението на ликовните педагози на Штип и истакнат ликовен педагог.
Проф.др. Стојан Трниниќ-Нанче, покрај тоа што е доктор по физичко воспитание, професор на ДИФ, бил и актер и уредник, а сега во пензионерски денови е само сликар-пејзажисткој работи во акварел и масло.Складноста меѓу духот и телото, умерениот живот, љубовта кон спортот, уметноста и луѓето се животниот рецепт за физичката кондиција, бистрината на умот и уметничкото творење на познатиот штипјанец, кој и во поодминати години неуморно твори и изложува како самостојно така и со останатите штипски уметници членови на ДЛУШ.
Monday, February 7, 2011
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment