Tuesday, October 18, 2011
Предметни наставници по ликовно образование
Во разговор со повеке колеги-ликовни педагози, во врска со проблемите во наставата по ликовно образование, многу од нив на зборови се храбри, а неспремни за акција, додека некои од разни причини изгубиле волја. Ситуацијата не е на завидно ниво, а ќе биде највероватно уште понезавидна, Асоцијацијата на ликовните педагози- Републичкото здружение на ликовните педагози-Скопје, како да не постои и не реагира за своите членови, туку се преокупира со сопствени проблеми и локални активности, изложби, колонии и сл. Регионалните активи, се неорганизирани, неефикасни и некоординирани, а самите наставници неединствени иако своерачно потпишаа некаква си петиција, за која немам повратнаинформација дека е упатена на соодветното место. Па се прашувам зарем не е време ако ние загрозените ликовњаци„ не се бориме за достоинство , унапредување и обезбедување со полн фонд на часови по својот предмет, тоа сигурно нема да го стори никој друг во наше име. Од нас само се бара - наставникот треба ова, наставникот мора она, а многу малку му се удоволува и излегува во пресрет.
Претпоставувам дека овој пост ќе го прочитаат повеќе колеги-наставници по ликовно образвание и активно ќе се вклучат во сите можни трибини, блогови, дебати каде би ги евидентирале проблемите и своите размисли за нивно надминување.
P.S. Иако пред околу два месеци беа превземени извесни чекори на ниво на активи сеуште повратни резултати нема. Молам за коментари.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
Значи и по месец дена нема реакција и коментари, а директорката на БРО Весна Хорватовиќ во интервјуто за утрински весник под наслов ликовните педагози непотребно реагираат од 9.12.2011 ги изнесе своите ставови и видувања, со кои можеби колегите се согласија и помирија.Аферим.
Post a Comment