Wednesday, June 13, 2012
Престанок на работен однос по сила на Закон
Работодавецот може да одлучи просветниот работник кој наполнил 64 г.возраст, да му престане работниот однос, бидејќи стекнал право на пензија. Ако со огласување на упразнетото работно место не се јави соодветен кандидат, а наставникот кој во текот на учебната година го исполнил наведениот услов, но изразил желба да работи до крајот на тековната учебна година, има правен и педагошки основ да му се продолжи работата, за што одлучува училишниот одбор т.е.работодавецот. Во интерес на учениците, јас и мојот колега, ликовен педагог, усно од работодавецот побаравме тој основ да го искористиме со продолжение од месец дена,т.е. до крајот на учебната година, но директорите одговорија дека нема шанса. Така во две ООУ на замена времено беа назначени две одделенски наставнички, кои не го исполнуваат критериумот за предметен наставник по ликовно образование. Згора на тоа, кога проверивме во ПЕ на ПИОМ имавме неплатени придонеси од плата - јас за десет месеци,а колегата за неколку години. Само еден наш колега од соседна општина го искористи ова и продолжи да работи од мај до 31 август о.г., т.е. до крајот на учебната 2011/12 г. И што да се чудиш за едни важи за други неважи.Се е можно.Само пред неколку години се тужев и го добив спорот, но кренав раце и си реков: Ако ликовниот педагог се пензионира, творецот-сликар не е, па и понатаму активно ќе се пројавуваме редовно или повремено.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment