Tuesday, January 22, 2013

.

Децата се родени уметници

Нема неспособни деца и ученици. Нема такви кои не можат да работат во некое ликовно подрачје или техника на ликовно изразување, само треба да ги познавате и откриете, да ги испитате нивните желби и можности. Нереалните желби да им се доведат во реални рамки и тие своите можности да ги насочат кон ликовното подрачје за кое имаат најповеќе склоност и желби.Нив треба постојно да ги стимулирате и охрабрувате, а повремено и правилно насочувате и коригирате, за нивната работа да вроди плод и успех. Со почести охрабрувања децата и учениците нема никогаш да ја изгубат дарбата за самоизразување.Во својата долгогодишна ликовно педагошка работа, забележав многу примери на изразито надарени деца, но другите тоа не го забележуваа, а и немавме и сеушште немаме изграден систем за откривање и работа со таленти. Секое дете се гледа себе си на особен начин и тоа е единственото што треба да го откриеме и негуваме кај детето покажувајки задоволство и поттикнувајки го неговиот уметнички талент, макар и да не дојде до негова подоцнежна уметничка криера.

Monday, January 14, 2013

Соработка за изградувње ликовна публика

Училиштата не респектирајки го континуитетот меѓу едукативниот и уметничкиот процес и со намалувањето на бројот на часовите и активностите по ликовно образовние, го зголемија јазот меѓу животот и школата и го намалија интересот за ликовната уметност. Музеите, галериите, библиотеките, домовите на културата иако претставуваат културен континуитет за оние спознанија кои учениците ги стекнале во текот на основното и средното образование, во последно време се почесто се полупразни, па наместо да имат динамична соработка, постои изолционизам. Со вистинска соработка, меѓу културните и образовните институции, со продлабочување на образовните и уметничките содржини, би можело во свеста на младите да се подобри целовитоста на содржините и да се развие љубов кон уметност. Инаку, според мене,сегашната соработка не е на она потребно ниво за кое се декларира: еден семинр за едукатори, еден хепенинг, ликовен конкурс или проект за културното наследство, не можат да ги подготват младите со културни навики,знаења и вештини за уметничко перцепирање, восприемање или творење. Љубовта кон ликовната уметност се создава од најрана возраст и треба да се негува и надградува. Жалосно е возрасен човек првпат да влезе во музеј и од него да очекувате да воспитува идна публика.Ѕатоа се потребни специјализирани едукативни проекти за соодветна ученичк возраст, која ке ја изградиме и негуваме за идна ликовна публика. За ова треба повикните да сторат нешто повеќе од сега.