Tuesday, February 26, 2013

Ликовна работилница - сликање на стакло

Сликањето на стакло е стара техника и потекнува од источните народи, а преку Византија и Венеција е донесена во Европа.Денес има повеќе техники на сликање на стакло со раѕноврсни мотиви од религиозни до секојдневни жанр сцени. За сликање на стакло потребно е пред се квалитетни мекани четки, специјални бои за стакло со соодветна густина - ни ретки ни премногу густи,покривни и брзо се сушат.Маслените бои не се погодни.Стаклото на кое се слика треба да е совршено чисто пребришано со вата, шпиритус и еленска кожа. За вежбање е добро да се користат оппадоци од стакло. Мотивот претходно треба да биде нацртан на хартија или картон.Големината на цртежот треба да биде во размер 1:1. Врз завршната скица се поставува стаклото и најнапред се исцртуваат контурите со темна или браон боја.Во текот на работата повремено стаклото се поткренува и се проверува јасноста на линиите.Откако цртежот ќе биде готов, пред обојувањето се пристапува кон фиксирање со безбоен лак и се остава да се исуши.При исликувањето најпрво се нанесуваат светлите бои, а потоа темните тонови.Секој слој мора добро да се исуши. Откако мотивот е готов се става позадината, било да е плошно декоративно, или сликарски тридимензионално тонирање кое дава извесна длабочина.Обидете се, тоа ќе ви донесе многу радост.

Sunday, February 17, 2013

Sunday, February 10, 2013

Награден конкурс

Фондацијата Мир и соработка и Светската асоцијација на едукатори /AMEIWAECE/, распишаа Меѓународен училишен награден конкурс за мир и соработка 2013 на тема „Уметноста, универзален јазик - креативност за мир’. Право на учество имаат ученици од 6 до 18 години, а конкурсот е отворен до 5 јули 2013 г. Подетални информации на www.peaceandcooperation.org

Friday, February 1, 2013

Ликовно керамичка работилница

Саксија за цвеќе или некој друг грнчарски производ од необоена керамика или стакло можете да ги украсите по сопствена желба.Во продавниците за бои и лакови има специјални бои за сликање на стакло и керамика.Ако сте вешти за сликање внимавајте при сликањето шарата да не отиде накриво. Налепете на одредено растојание самолеплива лента или фигурини на децификс како шаблон.Исликајте го тоа место по ваш вкус. Одлепете ја траката или шаблонот. Ако немате специјална боја, можете да сликате со темпера или акрилик, а подоцна премачкајте со безбоен лак. Стакло сликајте со боја или специјални тушови во боја, ако сакате магличава шара, натопете сув сунѓер во боја и полека притиснувајќи нанесувате на добро очистено и осушено стакло. Безбојното стакло ви овозможува безброј можности за уникатно декорирање.