Friday, February 1, 2013
Ликовно керамичка работилница
Саксија за цвеќе или некој друг грнчарски производ од необоена керамика или стакло можете да ги украсите по сопствена желба.Во продавниците за бои и лакови има специјални бои за сликање на стакло и керамика.Ако сте вешти за сликање внимавајте при сликањето шарата да не отиде накриво. Налепете на одредено растојание самолеплива лента или фигурини на децификс како шаблон.Исликајте го тоа место по ваш вкус. Одлепете ја траката или шаблонот. Ако немате специјална боја, можете да сликате со темпера или акрилик, а подоцна премачкајте со безбоен лак.
Стакло сликајте со боја или специјални тушови во боја, ако сакате магличава шара, натопете сув сунѓер во боја и полека притиснувајќи нанесувате на добро очистено и осушено стакло. Безбојното стакло ви овозможува безброј можности за уникатно декорирање.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment