Tuesday, April 30, 2013

10 Години сеќавање

Синоќа во Уметничката галерија во Штип, Фондацијата „Маја Бикова“ ја организираше меморијалната изложба на прерано починатата талентирана уметница Маја Бикова.За творештвото на Бикова говореше директорот на Заводот и Музеј-Штип, кој меѓу другото ја истакна улогата на фондацијата во афирмацијата и подржувањето на талентираните ученици и студенти, овозможување услови за работа и организирање изложби и конкурси.Повеќе за Маја Бикова можете да видите на веб страницата www.majabikova.org.mk

Monday, April 22, 2013

Ликовноста во секојдневниот живот

Каков би бил животот без ликовноста.Дали многу науки како медицината, физиката, хемијата, биологијата итн. би се развивале без постоење на цртежи. Како би комуницирале во сообраќајот, без сообраќајните знаци, како би комуницирале без визуелните кодови,симболи и знаци, кои користат ликовен јазик-боја, форма,линија,цртеж за да би можеле да ја разбереме пораката. Како би реконструирале историски и други настани без слики, графики и скулптури. Како би осознале географски простори без цртање скици,планови,картографски мапи и др.Како би ја знаеле верата и религијата без иконописот, фрескоживописот и калиграфијата. И на крајот, колку е пресуден за секојдневниот живот современиот модерен дизајн на производи од разни области, значајни за успех на пазарот и во животот. Затоа должни сме на идните генерации да им пружиме соодветно ликовно образование адекватно на времето во кое живеат, како би можеле во современиот свет да функционираат слободно, креативно и континуирано. Ликовната неписменост ја прави личноста осиромашена и нецелосна, а тоа секако не е цел на ликовната педагогија.

Monday, April 15, 2013

Основи на едукација и работа во креативна настава по ликовно образование

Теоретската и практичната работа по предметот ликовно образование се одвива во неколку ликовни подрачја и дисциплини: 1. ПЛОШНО ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ - ЦРТАЊЕ, СЛИКАЊЕ а/ вежби за запознавање на својствата и карактеристиките на цртачките материјали, б/ идејни скици со линии,форми и различни средства, в/ цртежи со разни содржини и корелации, г/ цртежи со разни мотиви, техничко-технолошки постапки и ликовни елементи и принципи, д/ цртежи - скици за дизајн, ѓ/ Ликовни творби со сликарски класични и некласични постапки и материјали при употреба на бои во различни сликарски техники, е/ цртежи и ликовни вежби за усогласување на мотивот и начинот на реализација- импресија,експресија,симболика,конвенционалност транскрипција,апстракција итн., со карактеристични уметници-претставници на овие сликарски правци. 2. ГРАФИЧКО ИЗРАЗУВАЊЕ, а/ Ликовна творба како вежба за совладување на основните претпоставки на графичка постапка, б/ Графички техники со битни својства на медиумот, в/ графички задачи-применета графика: илустрација, вињета, насловна страна, плакат и др. г/ познати графичари, домашни и странски. 3. ТРИДИМЕНЗИОНАЛНО СКУЛПТУРАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ а/ ликовни творби со карактеристична едноставност при техничката постапка и материјали од полна маса:глиномол,глина,гипс,кит,пена и сл.како и материјали од жична и лисната маса:картон,фолија,папир пластика,жица, канап и сл. б/ скулптурални творби со разни мотиви и структурална усогласност на ликовната идеја-керамопластика, теракота, в/ старежни скулптури и асамблажи- широк спектар на отпаден и рециклирачки материјал. 4. ЛИКОВЕН ИЗРАЗ КАКО ОДНЕСУВАЊЕ И ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ-АМБИЕНТОТ а/ Движења на телото со кои се означува доживувае на просторна димензија-хепенинг, б/ Интервенции во простор за промена на изразноста, в/ интервеенции во простор за хуманизирање на амбиентот. 5. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОШКИ МЕДИИ -фотографија,филм,видео,компјутер,Лцд и др.виѕуелни комуникации. 6. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ, како барање и откривање креативни, оригинални иницијативи и поттикнувања содржани непосредно во самиот медиј на лликковно мислење и дизајнирање. Вреднувањето и оценувањето се врши по ликовни стандарди и критериуми според возраста и начините на восприемање и транспонирање.

Wednesday, April 10, 2013

Концепт -Амбиентални инсталации

Цел: Дружење,разговори,ракување со природни материјали и човечки производи,максимално редуцирање и уметничко изразување. Фази: Планирање и подготовки за почеток, планирање и следење на материјалните трошоци,оценување и вреднување,претставување, следење на предизвиканите реакции. 1.Обезбедување материјали за работа, 2. група соработници со можност за проширување, 3. заедничко договарање, 4. ослободување на креативниот потенцијал на секој до максимум. 5. флексибилни промени, 6. респектирање на просторот, времето и основната тема, 7. мобилност и трансформација. 8. рамноправност и толерантност во рамките на проектот чиј автор е организатор. 9. проширување напочетната инсталација и редефинирање на визуелното и 10. внесување модерен некласичен начин на работа, вреднувањето и презентирањето на временото уметничко дело.