Monday, April 15, 2013
Основи на едукација и работа во креативна настава по ликовно образование
Теоретската и практичната работа по предметот ликовно образование се одвива во неколку ликовни подрачја и дисциплини:
1. ПЛОШНО ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ - ЦРТАЊЕ, СЛИКАЊЕ
а/ вежби за запознавање на својствата и карактеристиките на цртачките материјали,
б/ идејни скици со линии,форми и различни средства,
в/ цртежи со разни содржини и корелации,
г/ цртежи со разни мотиви, техничко-технолошки постапки и ликовни елементи и принципи,
д/ цртежи - скици за дизајн,
ѓ/ Ликовни творби со сликарски класични и некласични постапки и материјали при употреба на бои во различни сликарски техники,
е/ цртежи и ликовни вежби за усогласување на мотивот и начинот на реализација- импресија,експресија,симболика,конвенционалност транскрипција,апстракција итн., со карактеристични уметници-претставници на овие сликарски правци.
2. ГРАФИЧКО ИЗРАЗУВАЊЕ,
а/ Ликовна творба како вежба за совладување на основните претпоставки на графичка постапка,
б/ Графички техники со битни својства на медиумот,
в/ графички задачи-применета графика: илустрација, вињета, насловна страна, плакат и др.
г/ познати графичари, домашни и странски.
3. ТРИДИМЕНЗИОНАЛНО СКУЛПТУРАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ
а/ ликовни творби со карактеристична едноставност при техничката постапка и материјали од полна маса:глиномол,глина,гипс,кит,пена и сл.како и материјали од жична и лисната маса:картон,фолија,папир пластика,жица, канап и сл.
б/ скулптурални творби со разни мотиви и структурална усогласност на ликовната идеја-керамопластика, теракота,
в/ старежни скулптури и асамблажи- широк спектар на отпаден и рециклирачки материјал.
4. ЛИКОВЕН ИЗРАЗ КАКО ОДНЕСУВАЊЕ И ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ-АМБИЕНТОТ
а/ Движења на телото со кои се означува доживувае на просторна димензија-хепенинг,
б/ Интервенции во простор за промена на изразноста,
в/ интервеенции во простор за хуманизирање на амбиентот.
5. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОШКИ МЕДИИ -фотографија,филм,видео,компјутер,Лцд и др.виѕуелни комуникации.
6. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ, како барање и откривање креативни, оригинални иницијативи и поттикнувања содржани непосредно во самиот медиј на лликковно мислење и дизајнирање.
Вреднувањето и оценувањето се врши по ликовни стандарди и критериуми според возраста и начините на восприемање и транспонирање.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment