Thursday, June 27, 2013
За образованието
Иако овој пост нема директна суштинска врска со ликовната педагогија и уметноста, сепак индиректно има свои допирни точки.Повод за истиот се состојбите во образованието видени низ анкета на голем број ученици,професори, родители,директори на училишта и коментари од читателите на весникот „Нова Македонија“. За професорите се споменуваат атрибутите:неафторитетност,корумпираност,нестручност, некомуникативност,немотивираност,некреативност,непринципиелност,необјективност во оценувањето и сл.,а за учениците и родителите: агресивност,недисциплинираност, невоспитаност, непочитување, неучење, незаинтересираност за наставата и воннаставните активности, оптовареност со часови,бегање од настава,санкционирање и ред други негативни и девијантни појави и состојби, во зависност од тоа од кој аспект и ракурс се гледаат. Особено сега ги разбранува учениците,професорите и родителите извршеното екстерно оценување. Ова е компликуван и комплексен општествен проблем и истиот треба компетентно да го решаваат одговорните просветни институции.
Сличен проблем во образованието, пред повеќе години имало во Финска, но тие успешно го надминале, можеби не 100%, но во глобала сепак го решиле. За надминување на оваа состојба секако е потребна напорна и несебична работа и посветеност, личен пример и соодветен валоризирачки и вредоносен систем, кој ќе ги сведе на минимум сите детектирани негативности во образованието, почнувајќи од највисоките до најниските инстанци. Само така ќе се поврати благородноста на професијата и вербата во образованието.Во спротивно, тоа ќе „тоне“ се подлабоко.Ова мое мислење се базира на долгогодишно лично позитивно и негативно искуство во работата како ликовен педагог, стручен соработник,културен активист и уметник.Секогаш бев коректен, исполнителен, толерантен и отворен за соработка со секого. Тоа вроди со видни резултати на училишно, општинско, државно и меѓународно ниво, со бројни сертификати, дипломи ,награди и признанија, меѓу кои и признанието просветен работник на годината со солидна оцена и од државниот просветен инспекторат. Меѓутоа кога работите без твоја вина некој ќе ги „избрка„ неизоставно остава последица и црно петно кое со ништо и никој неможе да го избрише засекогаш.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment