Monday, August 12, 2013
Современата апстрактна уметност и творечката слобода на уметникот
Модерната уметност е едно постојано експериментирање,истражување и откривање.Како естетички принцип ја има слободата на изразот и спонтаноста на потсвесните импулси. Таа не ги признава класичните ограничувања и појдува од ставот дека се е дозволено, дека слободата на уметничккото творење е неограничена, дека се е оправдано ако се изрази невообичаено и се постигне една нова необична емоција.Според В.Кандински,основен принцип на уметноста е принципот на „внатрешната неопходност“.Тој принцип го оправдува секој формализам во уметноста, дури и самото нарушување на нејзината закономерност.Уметникот треба да е совршено слободен,да го слуша сво
јот внатрешен глас и ликовно да го искажува само него.“
Според Херберт Рид „таквото сликарство не е резултат на некаков процес на истражување.Создавањето на објективен и независно од сознанието објект или илузија на внатрешно чувство, за кои уметникот изнаоѓа соодветен симбол, не е неопходно.Симболот веќе се претворил во автоматски регистратор на сопственото, на самосознанието, тој веќе не е организиран за прикажување на формата,тој е слободен..“Само ослободена работа претставува работа од сопствната цел, кога се остварува целосен преглед.Само со таква работа непосредно потребна креативна фантазија, која отвора нови подрачја во сликарската дејност.
Tuesday, August 6, 2013
Симболиката во детскиот цртеж
Секој детски цртеж во себе ја крие интимата на доживеаната инспирација, било таа да е директна или индиректна. Таа инспирација се транспонира и прикажува во симболика која има општо значење.Но, ако таа симболика ја проанализираме повнимателно,можеме да воочиме нешто кое во психолошка смисла е општочовечко.Тогаш цртежот се претвора во симболика и претставува ликовен израз на едно внатрешно доживување на една психолошка состојба.Ако се обидеме да проникнеме во симболиката на цртежот, најнапред ќе ги издвоиме најзначајните симболи и кодови. На Пример: реката асоцира на живот што тече, мостот-поврзување,срцето-љубов,рането срце-отфрлена љубов,куќа-безбедност и заштита, оружје-опасност итн. Има многу слични симболи на кои може да им се даде конкретно и индивидуално значење.„Човекот со својата склоност за создавање симболи несвесно ги преобликува објектите во форми и симболи,а со тоа им придава голема психолошка важност.“истакнува А.Јаffe.Понекогаш симболите во детскиот цртеж ги надминуваат тесните рамки на индивидуалното и во себе носат порака која е хумана и општоживотна, исполнета со љубов и радост.
Monday, August 5, 2013
Sunday, August 4, 2013
Ликовните игри - живот на детето и уметникот
Игрите и децата - тоа е едно исто. Потребата за цртање кај децата е физиолошка, природна. Задоволувањето на таа потреба не е само заради правилно психичко и естетско развивање, туку и физичко.Благодарение на цртањето се развиваат покретите и моториката на рацете, се развива способноста за воочување и мерење со окото и разликување на боите.Детето и кога се игра, ликовно твори и фантазира.Таа имагинација ја збогатува неговата креативна способност. Играта и работата се тесно поврзани со дијалектичка еднаквост,спонтаност и заинтересираност за креативност,согласно своите способности и можности.Поради овие заеднички црти „светот“на работата е во ѕаедничка врска со „светот“ на играта. Така личната креативност на играта се разликува од играта како форма на уживање.Малиот човек во играта треба да владее со самиот себе, со тактиката на играта, со доброволната усилба за активност и продукција, значајна за градење човечност.
Играта го опфаќа,всушност, моментот на слободната ликовна активност.Прескокнувањето на тој момент претставува премин од една форма во друга. Уметниците често во својата работа ја практикуваат и ја здружуваат играта и продукцијата. Имено, секој уметник сам ги одредува правилата и формите на работа кои се соединуваат во општите црти на производот, со успешен индивидуален уметнички труд.Разликата меѓу играта и уметноста е во тоа што уметноста е поврзана за некој надворешен продукт, каде се гледаат нови црти и творечки облици кои уметникот ги презентира пред јавноста.Така играта претставува и пат до креативноста но и за комуникација со делото. Познати се многу примери на уметнички дела создадени во момент на игра, опуштеност и комбинирање.
Денес преовладува мислењето дека играта е општокултурен феномен. Хузинг во своето дело за играта /Homo ludens/,тврди дека и самата култура постанува како игра и од игра. Тој се осврнува на истражувањата на антрополозите, кои утврдиле еднаквост меѓу работата, играта, религијата итн., Таа посредност им овозможувала да ги пребродат дневните потешкотии па така може да се заклучи дека од играта настанала и уметноста.
Subscribe to:
Posts (Atom)