Sunday, August 4, 2013
Ликовните игри - живот на детето и уметникот
Игрите и децата - тоа е едно исто. Потребата за цртање кај децата е физиолошка, природна. Задоволувањето на таа потреба не е само заради правилно психичко и естетско развивање, туку и физичко.Благодарение на цртањето се развиваат покретите и моториката на рацете, се развива способноста за воочување и мерење со окото и разликување на боите.Детето и кога се игра, ликовно твори и фантазира.Таа имагинација ја збогатува неговата креативна способност. Играта и работата се тесно поврзани со дијалектичка еднаквост,спонтаност и заинтересираност за креативност,согласно своите способности и можности.Поради овие заеднички црти „светот“на работата е во ѕаедничка врска со „светот“ на играта. Така личната креативност на играта се разликува од играта како форма на уживање.Малиот човек во играта треба да владее со самиот себе, со тактиката на играта, со доброволната усилба за активност и продукција, значајна за градење човечност.
Играта го опфаќа,всушност, моментот на слободната ликовна активност.Прескокнувањето на тој момент претставува премин од една форма во друга. Уметниците често во својата работа ја практикуваат и ја здружуваат играта и продукцијата. Имено, секој уметник сам ги одредува правилата и формите на работа кои се соединуваат во општите црти на производот, со успешен индивидуален уметнички труд.Разликата меѓу играта и уметноста е во тоа што уметноста е поврзана за некој надворешен продукт, каде се гледаат нови црти и творечки облици кои уметникот ги презентира пред јавноста.Така играта претставува и пат до креативноста но и за комуникација со делото. Познати се многу примери на уметнички дела создадени во момент на игра, опуштеност и комбинирање.
Денес преовладува мислењето дека играта е општокултурен феномен. Хузинг во своето дело за играта /Homo ludens/,тврди дека и самата култура постанува како игра и од игра. Тој се осврнува на истражувањата на антрополозите, кои утврдиле еднаквост меѓу работата, играта, религијата итн., Таа посредност им овозможувала да ги пребродат дневните потешкотии па така може да се заклучи дека од играта настанала и уметноста.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment