Thursday, December 19, 2013

Студентска ликовна изложба

Вчеравечер, во фоајето на Мултимедијалниот центар на УГД-Штип, беше отворена ликовна изложба на студентите од катедрата по класично сликарство од Факултетот за образовни науки.Беа застапени повеќе слики и цртежи на студентите по сликарство во класата на проф.Игор Егоров.

Wednesday, December 18, 2013

Хуманитарна акција

Вчера, Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Цивитас“ од Штип во соработка со Општина Штип, во Мултимедијалниот центар на УГД, организираа хуманитарна акција за помош на лицата со посебни потреби од Центарот за целодневен престој на лица со посебни потреби. Меѓу другите во акцијата се вклучија и членови од Друштвото на ликовните уметници на Штип, кои донираа свои уметнички слики.

Monday, December 16, 2013

Границите на уметноста

„Низ уметноста се провлекува извесна поврзаност,исто потекло.Ако погледаме некој мајстор, сеогаш ке најдеме дека тој се користел со некое дело од своите претходници и дека тому со тоа постанал голем.Луѓето како Рафаел не растат од земја.Тие се потпираат на антиката и на најубавите нешта кои пред нив биле создадени...Во уметноста никој не сака да ужива во тоа што е веќе создадено, туку секој сака и сам да твори, но многу млади сликари никогаш не би зеле кист во рака ако доволно рано сфатиле што создал мајстор каков што бил Рафаел...Поетот не треба да настојува да биде сликар, туку да го репродуцира светот со зборови... Така сликарот треба да ги разликува предметите, бидејќи во неговата струка иде и тоа да знае што треба, а што не треба да слика..Не треба строго и ситничарски да просудуваме за сликаревиот потез на четката.. Уметникот мора веродостојно да ја претставува природата, во детали, тој не смее самоволно и произволно ништо да менува, бидејќи тоа го нарушува вистинскиот карактер на природата. Но во повисоките сфери на уметничка постапка, во која некоја слика станува вистинска слика, тој има поголема слобода и може да помине на фикции... Ликовната уметност има предимство што е чисто од објективна природа и што нас не привлекува кон нејзе и без да ги жестоко побудува нашите чувства.“ Гете /1827/

За детската ликовно-творечка фантазија

Детето интерпретирајки ја реалноста се служи со принципот на задоволство и со тој принцип се раководи во својата ликовно-творечка фантазија. Дури подоцна овој принцип се заменува со принципот на реалноста.Поради овој еллемент на емотивност, во детското самоизразување наидуваме на онаа наивна поетичност во фантастични цртежи и неверојатни ликовни решенија. Кога детето ќе одрасне, ликовно творечката фантазија се канализира во детско ликовно творештво, а за тоа ликовно творење имагинацијата е неопходен предуслов.Учеството на ликовни конкурси, манифестации и изложби е можност да се потврди тоа и да се стекнат нови искуства. Знаеме дека модифицирањето на реалноста е својствено за уметникот и затоа уметникот во длабочината на својата душа секогаш останува дете.

Friday, December 6, 2013

Тематски ликовен конкурс

Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со образовната програма на МТВ распиша ликовен конкурс за ученици на тема „Приватноста е моја, иако сум дете“.Конкурсот е отворен до 31.12.2013 г.Ликовните творби се доставуваат до Дирекцијата.Најуспешните творби ќе бидат наградени.