Monday, December 16, 2013
За детската ликовно-творечка фантазија
Детето интерпретирајки ја реалноста се служи со принципот на задоволство и со тој принцип се раководи во својата ликовно-творечка фантазија. Дури подоцна овој принцип се заменува со принципот на реалноста.Поради овој еллемент на емотивност, во детското самоизразување наидуваме на онаа наивна поетичност во фантастични цртежи и неверојатни ликовни решенија.
Кога детето ќе одрасне, ликовно творечката фантазија се канализира во детско ликовно творештво, а за тоа ликовно творење имагинацијата е неопходен предуслов.Учеството на ликовни конкурси, манифестации и изложби е можност да се потврди тоа и да се стекнат нови искуства.
Знаеме дека модифицирањето на реалноста е својствено за уметникот и затоа уметникот во длабочината на својата душа секогаш останува дете.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment