Monday, February 3, 2014
Како за машата така и за женската, овчполска народна носија, преовладуваат следните карактеристики: доминираат црвената/алова и ѓувезлија/,белата,кафената и црната боја, а се употребени во помала мера, за орнаментирање,особено на чорапи, зуници и сл.зелената,жотата и сината боја. Женската носија се состои од елек,кој е без ракави и од половината се шири во глог-форма,бела долга кошула, која понекаде е прошарана со вдолжени еднобојни кенари од свила, или со разнобоен вајкар.Материјата за елек се вика алаџа Се ткае лито во две нити од волна.Алаџата се прави на основа која обично е во четири бои /зелена, ѓувезија,алова и црна/, а се ткае на разбој со црн и алов јаток.Основата за алаџа се снове најмногу до 75 брдници.Платното за кошула се изработува од памук-бубаќ, на следниот начин:Најпрвин бубаќот се вие на вител, за да се отстранат семките,а потоа се развлачува на лак и тетива и тенко се преде на вретено.Преденото се смотува на калеми-клопци и се снове според брдото, обично во 10 или 12 брдници/1 брдница има 10 чешленки/,потоа се навива на кросно и се „удева„во две нити.Уште при сновењето, за да биде кошулата шарена, се ставаат разнобојни вајкари или свила, а некогаш се вткајувал и клободан/сребрена срма/.Откако платното е исткано од 3-4 дипли, се крои и шие кошулата.По рабовите на ракавите и долниот дел со обична игла се прави сорка-еднобојна или повеќебојна, до најмногу во девет ката.
Пешкирот се изработува од волнена преѓа.Основата се снове во пет брдници и се удева во две нити.Ги има повеќе варијанти кои се разликуваат по шарката. Тој е потемен од елекот и составен е од две дипли и две крајки.Крајките на пешкирот се ткајат од волнено предено од кадела на фурка. Ги има четворни, лити и везени, набиени со „дрво-нож“
Мантата е свилена, а често се изработувала од бело платно ткаено лито, кое потоа се вези.
Кавракот или шамијата е од црн сатен.На ивиците е украсена со сорка од разнобоен свилен конец и нанижана со спринки и ситна манистра.Белата шамија обично се носи во секојдневјето, а црната за празник.
Женските чорапи се разликуваат од машките по тоа што немаат многу шарки,најмногу до три бои, а се носеле и еднобојни зелени или ѓувеѕлии. Женските опинци се разликуваат од машките по тоа што се плетени и се закопчуваат на ременче.Лете се носеле свински опинци,бидејки кожата е полесна и помека, додека зиме се носеле воловски.
Зуницата/женски појас/,се ткае исто како крајките за пешкир, четворно, од волна предена тенко на фурка,па оддве сврткана.Таа е тесна.Каделката за зуница се вапца пред да се преде на вретено.
Елеците ги изработувале селски „терзии“.Тие се пребрани и полнети со волна.За украс по долната ивица одпозади се става фриз од еден до три разнобојни ширити, во цик-цак форма по кои се нижат спринки и монистра.Ова исто се прави и по ивицата на елекот околу мантата.Истотака по рабовите често се става црна оптока, тенко предена како зуницата.Црвените елеци ги носеле моми и невести,додека потемните ѓувезлии,повозрасните жени.
Од накитот како пропратен атрибут на женската овчеполска носија, се користел ќостекот-направен од разнобојна ситна монистра, обетки и ѓердан направени од златници и белезика.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment