Sunday, December 20, 2015
Изложба на Димитар Лазов
Во чест на патронот на градот Св.Никола, во Меѓународниот славјански институт во Свети Николе ја отворив динаесеттата самостојна ликовна изложба Реинкарнација на мојот некогашен ученик Димитар Лазов.Застапени се дваесеттина слики акрил на платно.
Thursday, December 3, 2015
Нова сезона на ликовното студио
Започнување со ликовно образование и обука во рано детство и продолжување на истото низ натамошното школување е силен аргумент дека подготовката на единката за живот без ова е некомплетна.Живееме во модерен свет со високи визуелно-естетски и уметнички перформанси, па затоа на детето треба да му се всади мислата дека може да ужива во ликовната уметност, доколку подабоко го внесуваме во неа. Тоа пак од друга страна ке донесе подмладок, нови кадри и идни консументи и креатори на уметноста.Многу луѓе ја сакаат уметноста, но не секој уметник сака и може да обучува и менторира. Ставот кој ги смета наставните предмети по уметност како полесна опција од природонаучните предмети е многу штетен и еднаш засекогаш треба да се отстрани, бидејки ке остави последици за идниот напредок.
Friday, November 6, 2015
48 Годишна изложба на ДЛУШ
Денеска во Штип беше отворена 48 Традиционална Годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници на Штип. Учествуваат 20 сликари, 2 графичари и 3 скулптори. За прв пат годинава како гости учествуваат и студенти од ликовната акадмија во Штип. Изложбата ја отворија претседателот на ДЛУШ и градоначалникот на Штип.
Wednesday, October 21, 2015
/По/ Траги на водата
По-Траги на водата е изложба на акварели поместена во Уметничката галерија во Штип. Застапени се дела од основоположниците на современото македонско сликарство; Пандилов, Личеновски,Белогаски,Вангел Коџоман,Цицо и др.уметници опфатени во збирката на Националната Уметничка Галерија.
Tuesday, October 13, 2015
Работен состанок на ДЛУШ
Денес Друштвото на ликовните уметници на Штип, одржа работен состанок на кој беа утврдени пропозициите за претстојната Традиционална Годишна изложба, а притоа за прв пат ДЛУШ донесе одлука за прием на нови членови од Ликовната Академија во Штип.
Темпера
Техниката на сликање со овие бои е нанесување густи напласти од потемен и поинтензивен сооднос кон посветол. На крајот се додаваат графички финеси, доколку има потреба од истите. Може да се слика упростено со меѓусебно мешање на боите и чисто реалистички со решавање на светло-темни взаемни односи.
Tuesday, October 6, 2015
Акрилик
Акрил е современа сликарска техника.Платното се грундира два пати со грунд за акрил. Приборот додека е влажен лесно се мие со вода. Исушени флеки се отстрануваат со ацетон.Акрилните бои се на база на полимер емулзија, водна дисперзија на специјални синтетички смоли,Постојани се на светлост и алкалии.Трајноста на премазот иста е како кај маслените бои.Предноста е што работата со нив е поедноставна,брзо се суши, се разредуваат со вода, а со вода не се бришат, бидјки се хидрофобни/водоотпорни/.
Monday, September 28, 2015
Пастел
Пастелот е благородна сликарска техника. Тој се употребува и во наставата по ликовно образование. Во зависност од материјалот може да биде восочен пастел, маслен или сув пастел. Со пастелните бои се работи на тонирана мека хартија, бристол-хартија или хамер. Тонирањето може и сами да го направиме на тој начин што хартијата се грундира со малку туткал или растворен лепак, во кој се додава малку гипс или боја, се меша и се нанесува со четка или прскање. Откако ќе се исуши директно се слика, без многу покривање на боја врз боја и без растривање. На крајот сликата се фиксира со фиксатив направен од бел шелак и шпиритус, или готов спреј-лак за пастел.
Monday, September 21, 2015
Tuesday, September 1, 2015
Неколку реченици за акварелот
Акварелот е сликарска техника со водени бои. Водените /акварелни/ бои се најсаканите сликарски материјали за ликовно искажување на децата и учениците во предучилишното и основното образование.Затоа, за правилна примена на акварелот потребни се квалитетни водотопни бои, акварел-хартија со поголема рапавост, две чашки со вода и добра акварел-четка со конусна форма од меки влакна на куна.Потоа потребно е добра ПЕРЦЕПЦИЈА, КОНЦЕНТРАЦИЈА,ВНИМАТЕЛНОСТ И СИГУРНОСТ. Пред сликање мотивот тенко се скицира и хартијата се навлажнува со наводенет сунѓер. Откако малку ке подзасуши, се отпочнува од горе па надолу и од лево на десно.Најнапред лазурно се сликаат широките површини, без детали, под агол од 45 степени. Хармонизирањето на тонските соодноси за поедини детали подобро е да се подготвуваат на посебен лист бела хартија.Техниката на акварелот е разнообразна. Тој не поднесува корекции и чести повторувања на исти потези, повеќе од три пати. Сепак, илузорно е кај учениците да се настојува примена на чиста “акватехника„/разлеана,ретка,густа или полусува/, која денес не ја употребуваат ниту уметниците, туку да се употребува според возраста на децата и учениците, како и предвидениот план и програма за работа. Акварелот е една од најтешките сликарски техники и затоа подобро е, на часовите по ликовно да се применува гваж-техниката, како дел на акварелната техника.
Monday, August 31, 2015
Thursday, August 20, 2015
Цитати
“Сликата е нешто што на светов слуша најмногу глупости“ - Гонкур
“Секој модерен уметник го измислува не само своето уметничко сфаќање, својата чувствителност, својот свет, туку и својата техника“ - Ж.Касу
“Грижата за оригиналност се чини го надахнува кај модерните секое творење достојно на тоа име’. -Г.Марсел
“Вистинската уметност е секогаш делотворна негација на дадената стварност, а со тоа и секогаш негација на својата даденост.’ Мито Хаџи-Василев
“Секој модерен уметник го измислува не само своето уметничко сфаќање, својата чувствителност, својот свет, туку и својата техника“ - Ж.Касу
“Грижата за оригиналност се чини го надахнува кај модерните секое творење достојно на тоа име’. -Г.Марсел
“Вистинската уметност е секогаш делотворна негација на дадената стварност, а со тоа и секогаш негација на својата даденост.’ Мито Хаџи-Василев
Tuesday, August 18, 2015
Subscribe to:
Posts (Atom)