Tuesday, September 1, 2015
Неколку реченици за акварелот
Акварелот е сликарска техника со водени бои. Водените /акварелни/ бои се најсаканите сликарски материјали за ликовно искажување на децата и учениците во предучилишното и основното образование.Затоа, за правилна примена на акварелот потребни се квалитетни водотопни бои, акварел-хартија со поголема рапавост, две чашки со вода и добра акварел-четка со конусна форма од меки влакна на куна.Потоа потребно е добра ПЕРЦЕПЦИЈА, КОНЦЕНТРАЦИЈА,ВНИМАТЕЛНОСТ И СИГУРНОСТ. Пред сликање мотивот тенко се скицира и хартијата се навлажнува со наводенет сунѓер. Откако малку ке подзасуши, се отпочнува од горе па надолу и од лево на десно.Најнапред лазурно се сликаат широките површини, без детали, под агол од 45 степени. Хармонизирањето на тонските соодноси за поедини детали подобро е да се подготвуваат на посебен лист бела хартија.Техниката на акварелот е разнообразна. Тој не поднесува корекции и чести повторувања на исти потези, повеќе од три пати. Сепак, илузорно е кај учениците да се настојува примена на чиста “акватехника„/разлеана,ретка,густа или полусува/, која денес не ја употребуваат ниту уметниците, туку да се употребува според возраста на децата и учениците, како и предвидениот план и програма за работа. Акварелот е една од најтешките сликарски техники и затоа подобро е, на часовите по ликовно да се применува гваж-техниката, како дел на акварелната техника.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment