Monday, September 28, 2015


Пастел

Пастелот е благородна сликарска техника. Тој се употребува и во наставата по ликовно образование. Во зависност од материјалот може да биде восочен пастел, маслен или сув пастел. Со пастелните бои се работи на тонирана мека хартија, бристол-хартија или хамер. Тонирањето може и сами да го направиме на тој начин што хартијата се грундира со малку туткал или растворен лепак, во кој се додава малку гипс или боја, се меша и се нанесува  со четка или прскање. Откако ќе се исуши директно се слика, без многу покривање на боја врз боја и без растривање. На крајот сликата се фиксира со фиксатив направен од бел шелак и шпиритус, или готов спреј-лак за пастел.

Tuesday, September 1, 2015

Неколку реченици за акварелот

Акварелот е сликарска техника со водени бои. Водените /акварелни/ бои се најсаканите сликарски материјали за ликовно искажување на децата и учениците во предучилишното и основното образование.Затоа, за правилна примена на акварелот потребни се квалитетни водотопни бои, акварел-хартија со поголема рапавост, две чашки со вода и добра акварел-четка со конусна форма од меки влакна на куна.Потоа потребно е добра ПЕРЦЕПЦИЈА, КОНЦЕНТРАЦИЈА,ВНИМАТЕЛНОСТ И СИГУРНОСТ. Пред сликање мотивот тенко се скицира и хартијата се навлажнува со наводенет сунѓер. Откако малку ке подзасуши, се отпочнува од горе па надолу и од лево на десно.Најнапред лазурно се сликаат широките површини, без детали, под агол од 45 степени. Хармонизирањето на тонските соодноси за поедини детали подобро е да се подготвуваат на посебен лист бела хартија.Техниката на акварелот е разнообразна. Тој не поднесува корекции и чести повторувања на исти потези,  повеќе од три пати. Сепак, илузорно е кај учениците да се настојува примена на чиста “акватехника„/разлеана,ретка,густа или полусува/, која денес не ја употребуваат ниту уметниците, туку да се употребува  според возраста на децата и учениците, како и предвидениот план и програма за работа. Акварелот е една од најтешките сликарски техники и затоа подобро е, на часовите по ликовно да се применува гваж-техниката, како дел на акварелната техника.

Пејзажи

  Мотиви од Брегалница кај  штипско Ново Село

Староградски мотиви



Цвеќе во вазна