Thursday, April 15, 2010

Проекти од ликовната уметност

Покрај задолжителниот предмет ликовно образование и ликовна култура во основното и средното задолжително образование, учениците имаат можност да го изберат наставниот предмет проекти од ликовната уметност и тој станува задолжителен во нивниот распоред. Наставата по изборниот предмет може да се изведува со најмалку 20 ученици кои не мора да бидат од иста паралелка.
Наставниот предмет со своите специфики овозможува задоволување на интересот на учениците за ликовно творештво и за развивање на нивната индивидуалност,сензибилитет и ликовно-творечки способности. Проектите од ликовната уметност се реализираа во две подрачја:
Ликовна теорија / воведување во историјата на уметноста, ликовниот јазик,елементи и принципи, ликовната критика-естетско проценување на ликовните творби/,
Ликовна практика /творечка работа, реализација на ликовните творби во материјал - цртање,сликање,скулптура, графика,дизајн и визуелни комуникации/применета уметност.

No comments: