Зборот маска означува образина со која може да се покрие лице во целост или делумно, со цел да се промени физиономијата или да се сокрие сопственото лице. Сите средства со кои може да се изврши трансформацијата на едно лице (мустаки,брада, перика, лажен нос,шминка и сл.), се употребуваат од дамнешни времиња за различни потреби: свечености, верски обреди,забави,карневали и др. заради прикривање на вистинскиот идентитет.
Уште примитивниот човек употребувал маски и се облекувал во комплетни костими. Старите Грци и Римјаните во театрите од своето време ги употребувале маските изработени од дрво или кожа, а слично употребувале маски и Ескимите, Индијанците,племињата во Африка и многу други народи кои низ тр5адиционално церемонијални претстави и до денденес ја употребуваат маската, бидејки таа носи ликовни елементи, возбуда, таинственост,богатство на форми,шареноликосњт од материјали и разновидност во функцијата и примената.
Меѓу маските се сретнуваат човечки и животински ликови, комбинирани, имитативни,мистично-религиозни итн. Маската на нашите простори се употребувала како реликт на паганството во обредни свечености со елементи на спектакуларност,драматичност и игра при коледарски,суроварски и покладни ритуали и други игри за истерување на лошите духови, за плодност и берикет но и за забава априлијада и карневал.
Така деновиве бевме сведоци на масовно организирани маскаради и карневали ширум републикава во кои учесниците со сопствената креативност успешно визуелно-естетски се трансформирале во разни персонификации кои предизвикуваат ликовно-естетска и духовна реакција кај гледачите,
Monday, April 4, 2011
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment