Monday, February 16, 2015

Thursday, February 12, 2015

Минливост на популарноста на уметникот

Ликовниот уметник може да го достигне својот зенит, но тој не може да биде постојан,бидејки во животот се тече и се се менува. Данте во својата Божествена комедија ќе забележи:                         „О суетна славо на земското знаење, како со кус  век е зеленилото на твојот врв...
          Го видовме Чимабуе, како сјае како сликар, а сега гледаме како над него се издига Ѓото,
          и како сјајот на оној првиот се гаси во темна ноќ.„   Популарноста и творечкиот подем имаат и свој пад, но тоа не треба да не обесхрабрува да не сликаме, само заради тоа што ќе
мислат другите. „Голема обмана  е што критичарот поставува прашање: Што да прави уметникот ?  Повеќе значајно би било прашањето Што сака уметникот? Секој нов уметнички гениј мора да се оценува по неговата лична естетика, која сам ја донел„ Ова се зборовите на  Хајнрих Хајне, забележани во далечната 1831 г.

Sunday, February 1, 2015

Калиграфија

Калиграфија - значи убаво пишување со стилски букви/шрифт/ за потреби на книга, весник,списание,плакат,соопштение, етикета,визитка,шпица,реклама,диплома,повелба,признание и многу други примери на  примена во општествено-политичкиот и културниот живот.Најчесто се среќава со печатен шрифт, но не помалку е значаен и ракописниот шрифт,напишан со слободна рака/ Со него се среќаваме на разни излложби, во музеи,на улица,на разни цртежи,пароли,табели итн.
  Пишување на шрифт е задача на искусен уметник-графичар/За оллеснение при пишувањето се користат и разни шаблони, нормографи,летрасет и компјутерски фонтови,специјални редис и ромб пера,рапидографи и фломастери, како и разни четки за пишување. Во последно време на калиграфијата не и се посветува внимание во образовниот процес, како во минатото кога се изучуваше краснопис и декоративно писмо. Има 21 основна класификација на калиграфски писма и елементи на разни источни и западни калиграфски школи, а најупотребувани размери во височина се 7х5 и 3х5. Дебелината на шрифтот изнесува 1/8 од висината на буквите.Растојанието меѓу редовите треба да е помалку од 2/3 од големината на буквите.