Калиграфија - значи убаво пишување со стилски букви/шрифт/ за потреби на книга, весник,списание,плакат,соопштение, етикета,визитка,шпица,реклама,диплома,повелба,признание и многу други примери на примена во општествено-политичкиот и културниот живот.Најчесто се среќава со печатен шрифт, но не помалку е значаен и ракописниот шрифт,напишан со слободна рака/ Со него се среќаваме на разни излложби, во музеи,на улица,на разни цртежи,пароли,табели итн.
Пишување на шрифт е задача на искусен уметник-графичар/За оллеснение при пишувањето се користат и разни шаблони, нормографи,летрасет и компјутерски фонтови,специјални редис и ромб пера,рапидографи и фломастери, како и разни четки за пишување. Во последно време на калиграфијата не и се посветува внимание во образовниот процес, како во минатото кога се изучуваше краснопис и декоративно писмо. Има 21 основна класификација на калиграфски писма и елементи на разни источни и западни калиграфски школи, а најупотребувани размери во височина се 7х5 и 3х5. Дебелината на шрифтот изнесува 1/8 од висината на буквите.Растојанието меѓу редовите треба да е помалку од 2/3 од големината на буквите.
Sunday, February 1, 2015
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment