Wednesday, January 10, 2007

МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ И ДЕТСКОТО ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО

Корените на модерната уметност започнуваат од половината на 19 в./Гоген,Матис,Сезан,Сера и др./.Од тогаш репродукцијата и сликањето на природните форми,бои и содржини престанале да бидат нејзина цел, туку станале експресија на вна-
трешниот живот на човекот и неговиот сензибилитет. Во таа смисла и современите уметници се служат со содржини и ликовен јазик како средство за пренесување на умет-
никовото душевно расположение, неговиот став кон се она што го опкружува, неговото
доживување на радост, болка,страв или раѕочарување,оптимизам или песимизам. Значи
во модерната уметност,уметниците го пренесуваат центарот на своето творење од надво-
решниот на внатрешниот свет - од сликовно претставување на формите во експресија.
Уметничкото дело не е веке отслик на природата, туку карактеристична композиција
која црпи елементи од речникот на ликовниот јазик и не настојува да репродуцира,туку да реформира или деформира и да репрезентира еден специфичен визуелен код. Таа не настојува да достигне совршенство, туку да означи одреден став кон нешто, да упати
естетска порака. Специфичниот феномен на модерната уметност не се базира на интелектот и разумот, туку е во емоционалната медитација, во сензибилитетот и спонтано-
ста, а тоа е клучното нешто каде треба да се делува за да се надминат потешкотиите во
сфакањето на современата уметност. „Што претставува оваа слика?„е прашање кое веке
ја надминува својата конвенционална конотација, барајки го одговорот на реалната повр-
шина на сликата. Во сликарството, бојата е корпусот на сликата,евокативен знак, понеко-
гаш независен, понекогаш додаток на цртежот, кодирана шифра со друга димензија.
Во вајарството - скулптурата има максимален духовен израз со субјективен став. Графич-
ките ликовни творби се дела на современи ликовни решенија и медии со универзален ја-
зик,структура на ликовни елементи и принципи. Овие дела од гледачот бараат тој да
„влезе„во нив и да ја открие уметниковата визија,простор,движење,боја и тонови „полни со
живот„.Со тоа гледачот ја открива уметничката интуиција,страста,душевноста,индивиду-
алноста и оригиналноста на фабулата. Тука не е одлучувачка метафората туку емоционал-
ното возбудување кое ја предизвикува привлечноста или одбојноста-судар на спротивста-
вени доживувања. Од ова се наметнува прашањето дали детето воопшто е способно за
естетска перцепција и комуникација со современото уметничко дело, а ако е, тогаш од
која возраст и кој вид уметност е погодна за него.
Херберт Рид смета дека детските цртежи и слики имаат „специфични естетски квалитети
кои би можеле да се карактеризираат како особен тип на „примитивна визија„својствена на
децата, но ретко зачувана до возраста. Во таа смисла детското ликовно творештво, повеке или помалку е несвесен израз на сопственото „јас„, чие потекло во уметничкото творење
на возрасните се припишува на поетската инвенција. Сигурно, сите детски цртежи не се
резултат на наивната детска визија, голем дел од нив е „паметен„и„учен„.
Францускиот автор Ј.Бутони пишува:„Детето во своите цртежи го слика она што е предмет на неговите желби или страв,т.е.тоа станува автор,творец на тој предмет со помош на формите кои ги владее. Цртежот, според тоа е израѕ на детската креативност каде тоа
не ја претставува природата туку својата импресија за неа, реакција која му дозволува да ѕагосподари со нова ситуација„.Тоа зборува дека специфичностља на овој феномен не се наога во рационализмот или дедуктивното размислување, туку во емоционалната реакција
интуиција.Проучувањето9 на творечкиот процес во современата ликовна уметност е корисен за подучување на заинтерењсираните мали уметници. Особено е важно емоционал-
ното и визуелното забележување што може да одигра важна улога во создавање на творечка индивидуалност. Скренувањето внимание на архаичното,спонтаното,неумешното
и кристално чисто од аспект на детската психологија и современото поимање на уметноста
стана воочливо и признато како вистинска креативна вредност кај ликовното творештво
на децата. Од детските потези се создава слика-симбол на детските сознанија. Децата настојуваат своите сознанија и доживувања да ги транспонираат и ликовно да ги обликуваат. Интензитетот и ликовната имагинација со ликовно воспитание образование и
практична активност се насочува кон рационално сфакање и апстрактно размислување.
Детското ликовно творење е преодно дело, бидејки детската ликовна уметност исчезнува
со развојот на детето, а многу мал дел од нив, како возрасни, се вклопуваат во општиот развој на званичната ликовна уметност.

1 comment:

Anonymous said...

Абсолютно с Вами согласен. Мне кажется это очень хорошая идея. Полностью с Вами соглашусь.
[url=http://mastervoda.ru/]метод трудового права[/url]