Tuesday, January 16, 2007

ИНТЕНЦИОНАЛНОТО НАБЛУДУВАЊЕ ВО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ

Под поимот интенционално набљудување се подразбира барање предметот на нашето
интересирање да се исцрпи од сите свои гледни точки, така што да се добие целосна
претстава,истовременост и севкупност, кои се суштината на човековото уживање и задоволство.
Овде повеке ке се задржиме на набљудувањето како еден сегмент на творењето. Ако
мокта на интенционалното набљудување се вклопува со потсвесните намери и ако тоа
се опредмети, ке резултира со задоволство. единството на набљудувањето и имагинацијата што се случуваат на визуелен план доведуваат до идентификација, како мисловна форма.
Интенционалното набљудување оди со свесноста на целосно и истовремено доживување од аспект на ликовно-естетско чувствување на просторот и волуменот,фигурата и позадината,сеопфатноста на предметот во сите можни аспекти, планови и ракурси, нивно
совпагање со подсвесниот облик,негово приближување и осознавање, анализирање и
синтетизирање. Тоа значи поврзување на деловите во компонирана целина. Структурата
на таа целина дава уметничко дело. Дело кое не е структурирано не е и уметничко дело.
Интенционалното набљудување од ликовен аспект е намерно гледање со настојување
обликот на предметот свесно да се осознае во своите битни карактеристики, просторниот
облик во својата тридимензионалност, плошниот облик во својата дводимензионалност,
плохалност,линеарност,колоритност и сл.
Интенционалното набљудување како метода за опсервација има неколку фази: прво,
вниманието се фокусира на поедини аспекти на опсервираниот предмет, слика,претстава
кои поединечно се осознаваат. Другата фаза е акумулирање на што повеке податоци во
еден континуиран временски интервал, при што се иацрпува формата до максимум.
Целосно осознаениот облик се совпага со безвременоста на потсвесната ликовна форма.
Тоа се постигнува со негување и перцептивно учење на структурираната материја, бидејки
човек кој гледа, а не види,т.е.визуелно не забележува, не може слободно да избира. Предметот или формата не постојат во својата ликовност, туку се дел, отсечок од околината
и светот, надразба на која човекот реагира свесно или рефлексно.
Секој поединечен предмет од природата, најпрво се гледа во целина, потоа во детаљи.
Формата на предметот и неговата светло-сенка треба да се видат и претстават како целина
Ликовната работа со ученици по методата на интенционално набљудување е пожелна во
погорните одделенија каде се работи по модел.
Слободата на ликовниот израз низ цртеж,слика.графика или скулптура е императив за
творечкиот порив и постојана желба за експериментирање и истражување. Истражувањето
во ликовната уметност преку интенционалчното набљудување и откривање на ликовноста
има за цел да го дофати безвременското траење врѕ онтолошки принцип. Основните елементи на безвременската димензија ја сочинуваат сложеноста на творечката личност,
неговата интроспекција и селективноста на битното и небитното. Интенционалното
набљудување е еден вид критичко размислување, кое компаративно ги следи и анализира
ликовно-естетските вредности и тоаёёё. степенот на пластичноста во сооднос мегу волуменот и површината, волуменот и просторот, светлото и сенката, контурата и волуменот, структурата/градбата/ и континуитетот на плохата, потоа просторната
форма како исполнето или шупливо,празно, или како раздалеченост; линијата како
немирна или мирна површина,еднаква,нееднаква и слична;внатре-надвор;напред-назад
итн. Овие елементи се чинители на визуелна логика со која воочениот лик,претстава,
реалност идр.се препознаваат ,прифакаат,користат,означуваат и создаваат.
Интенционалното набљудување е креативна константа, бидејки истовремено претставува
духовна насоченост на сетилата кон нешто, кон кое намерно се стремиме целосно да го
доживееме ин свесно осознаеме, а се со цел што поуспешно да го транспонираме во уметничка вистина. Таа вистина е суштинскиот момент во самиот претставен предмет,
форма,композиција и слично.
Овој есеј би го завршил со еден цитат: „Погледот на сликарот го открива пределот,
ако не во цртежот или во сликата, тогаш секако во гледањето„
Петре Колев, ликовен педагог во
О.У.„Гоце Делчев„-Штип

2 comments:

Anonymous said...

за ликовната педагогија кај нас многу малку се пишува.овие обиди можеби ке ги поттикнат лугето со искуство од овааобласт да пишуваат повеке ѕа неа.

Anonymous said...

eee bate pere breeee so ubavi sliki si stavil.....