Tuesday, January 23, 2007

КРЕАТИВНО-ТВОРЕЧКИ ДУХ

Во изработката на секоја ликовна творба сврзано е посебно задоволство, кое одговара на длабоките внатрешни струења во душата на поединецот. Убавината на мајсторството се
стопува со лирска опојност и како обликот, оцртувајки се од час во час се појасно, го граб-
нува духот од ништожноста,така расте и опојноста. Скулпторот, моделирајки со палецот
возбудено ја чувствува глината, а сликарот со префинето чувство ги меша чистите тонови
постигнувајки невидливи нијанси кои ги откриваат творечките страсти..Поемата за материјата што е предмет на творечкиот порив ги открива најсуптилните спознајни меха-
низми на имагинацијата и духот, ги транспонира и развива во уметничко дело, кое во сите
свои димензии е конкретно одредено и материјализирано.Симболите во сликарството им служат на нашите сетила за да се допри духот на творецот, бидејки симболот е само ше-
матизиран одраз на чувствата преку кои ги доживуваме, имагинацијата, радоста,патети-
ката или естетската порака за ставот и односот на творецот кон соодветен миг на матери-
јалниот или духовниот живот.Креативно-творечкиот дух има пријатен близок спој на
складност на сите ликовни елементи, бидејки во него е остварена хармоничноста на тие
елементи, во срцето на творецот и неговиот индивидуален ликовен израз /со помош на
безброј комбинации - контраст, комплементарност,светло-сенка, валери,отсјаи,премини/
кој е кадарен да ја одрази сложеноста на човековата душа, вечната или моментална
компонента, што ни ја открива творечкиот дух.
Петре Колев.лик.педагог,сликар

No comments: