Friday, September 27, 2013

Конкурси

Конкурсот за откуп на уметнички дела од страна на Министерството за култура на РМ е распишан и ќе трае до 31.01.2014 г., а е објавен во дневниот печат како и на www.kultura.gov.mk Во конкурсот е наведено дека приоритет ќе имаат квалитетни ликовни дела од автори од РМ, кои дале придонес во современата ликовна уметност, како и правни,физички лица и автори кои ќе понудат дела за откуп. За ррезултатите учесницитее на конкурсот ќе бидат известени по 60 дена. Меѓународните детски ликовни конкурси „13 Ноември“, „Мал Битолски Монмартр“ и „Илинденски денови“, веќе се распишани па заинтересираните ученици и ликовни педагози може да се пријават за учество на истите.

Thursday, September 26, 2013

Собрание на ДЛУШ

Вчера, ДЛУШ го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое беа разгледани активностите во изминатиот период,подготовките за Традиционалната годишна изложба, а беше избрано и ново раководство по изминатиот мандат на претходното. ДЛУШ е сталешко ѕдружение на граѓани со цел афирмирање на ликовното творештво,презентирање на современото сликарство,графика и скулптура, како и заштита на професионалните интереси.Тоа досега има организирано голем број групни и самостојни изложби и веќе 46 години ги презентира на јавноста своите ликовни дострели, како во Штип, така и вон него: Пробиштип, Кочани, Куманово, Скопје,Струмица, Битола,Прилеп и др. Во неможност да ги сензибилизира носителите на јавни функции и да лобира кај протективни субјекти, ДЛУШ сега едвај опстојува.Нема своја анализа на ликовно-естетските и културните потреби, кадровската инфилтрација подолго време е во застој, бидејќи нема подмладок, дветретини од членовите се во поодминати години и пензионери, а развојните концепти без подршка од институции и поединци е неможна. Неедуцираноста на членството и раководството за дејствување во согласност со структурите за ротација,кредибилитет,дефинираност и вреднување во новите услови, ќе го доведат друштвото до маргините за опстанок и после половина век активност можно е целосно да згасне ако благовремено не се превземат соодветни чекори.

Sunday, September 22, 2013

Потсетник за квалитетна и неквалитетна ликовна активност

Ликовната активност во наставата или вон неа е квалитетна кога ги содржи следниве компоненти: - Кога има јасна цел и дефинирани задачи; - кога учениците стекнуваат ликовни знаења и способности и напредуваат низ организирани ликовни форми и начини на работа; - кога содржините овозможуваат разновидност и ликовен израз на секој ученик одделно; - Кога ликовната активност добро е испланирана, осмислена и одговара на желбите и можностите на учениците и истата носи задоволство; - кога се добиваат остварливи резултати/самооценување/; - кога постои континуитет и фитбек/повратна информација/; - кога постои корелација, другарство и соработка; - кога постои самодисциплина, помагање,сугерирање и насочување; - кога програмираните ликовни задачи ученикот ги доживува како доверба.Во спротивно ликовната активност е неквалитетна кога нема цел и задачите се нејасни, преценети или потценети; - кога има низок степен на реализација и достигања; - кога планирањето и подготовките се сиромашни и конфузни; - кога ликовната активност не носи предизвик и љубопитност; - кога нема доказен материјал за вреднување; - кога има неусогласеност; - кога активноста е строго наметната и не дава можност за флексибилност; - Кога ликовниот педагог или ментор, реагира нервозно или рамнодушно на неуспехот или успехот на ученикот.

Wednesday, September 11, 2013

,; float: left; margin-bottom: 1em; margin-right: 1em;">

За детското ликовно творештво

„ ...Искреното детско ликовно изразување, престанува со пубертетот, кога завршува детскиот и започнува младешкиот психички живот. Во оваа возраст е карактеристично ликовно изразување со поголемо размислување.Тоа придонесува веќе детскиот цртеж да ја губи својата специфичност.Затоа ликовните педагози што се занимаваат со детското ликовно творештво треба да настојуваат и да најдат можност, децата и во поголема возраст, по 14 години, да можат да ја зачуваат слободата,свежината и леснотијата во ликовниот израз.Затоа се организираат многубројни изложби и ликовни конкурси, на кои се гледаат стремежите,настојувањата и педагошките форми и методи, што се применуваат кај нас и во другите земји, во областа на ликовното образование на децата... Ако правилно го разбираме ликовното творештво и начинот на искажување, тогаш лесно ќе можеме да го развиваме.Ликовниот педагог е еден од битните фактори во училиштето и надвор од него во развивањето на детското ликовно творештво и образование...“. -Од прирачникот „Детскиот свет во линии и бои“-В.Ѓорѓиевски-Н.Този/

Sunday, September 1, 2013

Ликовните секции-“гордост“на училиштата

Во општинските основни и средни училишта, меѓу другите, активно работат и ликовните секции. Со нив секако раководат ликовните педагози од тие училишта.Со години во холовите на училиштата, со помош на своите наставници, членовите на овие секции подготвуваат постојани изложби на ученички ликовни творби и се грижат за естетското уредување на ентериерот. Членовите на ликовните секции вообичаено се одбрани поталентирани ученици кои често учествуваат на разни ученички ликовни конкурси и манифестации од општински, државен и меѓународен карактер.Во минатите години, активностите на секциите ги координираше Здружението на ликовните педагози.Веќе подолг период тоа стагнира, поради пензионирање на голем број ликовни педагози и потребно е ревитализирање на ова струково здружение, за што поголем интерес треба да пројават младите наследници на старите добри ликовни педагози, кои несебично и ентузијастички се вградија во афирмацијата на училиштата, на ликовен план. За тоа нешто зборуваат и бројни признанија добиени на државни и меѓународни конкурси. Практиката треба да продолжи, а не да згасне. Условите за работа на секциите да се подобри во училиштата за да може да се подобрат и очекуваат поголеми успеси.