Wednesday, September 11, 2013
За детското ликовно творештво
„ ...Искреното детско ликовно изразување, престанува со пубертетот, кога завршува детскиот и започнува младешкиот психички живот. Во оваа возраст е карактеристично ликовно изразување со поголемо размислување.Тоа придонесува веќе детскиот цртеж да ја губи својата специфичност.Затоа ликовните педагози што се занимаваат со детското ликовно творештво треба да настојуваат и да најдат можност, децата и во поголема возраст, по 14 години, да можат да ја зачуваат слободата,свежината и леснотијата во ликовниот израз.Затоа се организираат многубројни изложби и ликовни конкурси, на кои се гледаат стремежите,настојувањата и педагошките форми и методи, што се применуваат кај нас и во другите земји, во областа на ликовното образование на децата...
Ако правилно го разбираме ликовното творештво и начинот на искажување, тогаш лесно ќе можеме да го развиваме.Ликовниот педагог е еден од битните фактори во училиштето и надвор од него во развивањето на детското ликовно творештво и образование...“.
-Од прирачникот „Детскиот свет во линии и бои“-В.Ѓорѓиевски-Н.Този/
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment