Sunday, September 1, 2013
Ликовните секции-“гордост“на училиштата
Во општинските основни и средни училишта, меѓу другите, активно работат и ликовните секции. Со нив секако раководат ликовните педагози од тие училишта.Со години во холовите на училиштата, со помош на своите наставници, членовите на овие секции подготвуваат постојани изложби на ученички ликовни творби и се грижат за естетското уредување на ентериерот. Членовите на ликовните секции вообичаено се одбрани поталентирани ученици кои често учествуваат на разни ученички ликовни конкурси и манифестации од општински, државен и меѓународен карактер.Во минатите години, активностите на секциите ги координираше Здружението на ликовните педагози.Веќе подолг период тоа стагнира, поради пензионирање на голем број ликовни педагози и потребно е ревитализирање на ова струково здружение, за што поголем интерес треба да пројават младите наследници на старите добри ликовни педагози, кои несебично и ентузијастички се вградија во афирмацијата на училиштата, на ликовен план. За тоа нешто зборуваат и бројни признанија добиени на државни и меѓународни конкурси. Практиката треба да продолжи, а не да згасне. Условите за работа на секциите да се подобри во училиштата за да може да се подобрат и очекуваат поголеми успеси.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment