Sunday, September 22, 2013
Потсетник за квалитетна и неквалитетна ликовна активност
Ликовната активност во наставата или вон неа е квалитетна кога ги содржи следниве компоненти:
- Кога има јасна цел и дефинирани задачи;
- кога учениците стекнуваат ликовни знаења и способности и напредуваат низ организирани ликовни форми и начини на работа;
- кога содржините овозможуваат разновидност и ликовен израз на секој ученик одделно;
- Кога ликовната активност добро е испланирана, осмислена и одговара на желбите и можностите на учениците и истата носи задоволство;
- кога се добиваат остварливи резултати/самооценување/;
- кога постои континуитет и фитбек/повратна информација/;
- кога постои корелација, другарство и соработка;
- кога постои самодисциплина, помагање,сугерирање и насочување;
- кога програмираните ликовни задачи ученикот ги доживува како доверба.Во спротивно ликовната активност е неквалитетна кога нема цел и задачите се нејасни, преценети или потценети;
- кога има низок степен на реализација и достигања;
- кога планирањето и подготовките се сиромашни и конфузни;
- кога ликовната активност не носи предизвик и љубопитност;
- кога нема доказен материјал за вреднување;
- кога има неусогласеност;
- кога активноста е строго наметната и не дава можност за флексибилност;
- Кога ликовниот педагог или ментор, реагира нервозно или рамнодушно на неуспехот или успехот на ученикот.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment