Ниедна друга особина, ниту способност кај децата, во семејството или во училиштето, не се цени толку високо колку интелектуалната надареност.Меѓутоа, ништо подолу не е и ликовно-уметничката надареност. Таа не е вродена туку стекната способност за љубопитност и интерес за ликовна креативност, или 10% инспирација и иновативност, 90% транспирација. Иако, многу деца нема да бидат академски сликари, скулптори, графичари, дизајнери, неразбирливо би било да не се обидеме да ја исползуваме нивната ликовна талентираност како средство за производ-
ство на ликовни творби кои се интелигентно размислување за создавањето на визуелните претстави.
Ликовно талентирани деца се сметаат оние деца кои имаат изразени ликовнии способности, креативно-творечки потенцијал при ликловното изразување со цртање, сликање, графичко и тридимензионално обликување или современо мултимедијално претставување.отскокнуваат од другите по тоа што пројавуваат поголем интерес за праксата, теоријата и историјата на ликовната уметност. Подобро и успешно се снаоѓаат во идејно-изведбените ликовни решенија отколку другите. Ликовниот развој им е побрз и подолготраен со зголемена илуминација и имагинација.
Понекогаш, некои родители и воспитувачи, во својата амбициозност, ги преувеличуваат способ-
ностите на своите деца. Еднаш, еден родител го доведе своето дете во Центарот за детско ликовно творештво, велејќи дека е многу талентирано за цртање. Од покажаните цртежи сфатив дека се чисти копии, а некои дури и директно прецртани од сликовници, но детето го ѕачленив со цел да биде „свој и да мисли со своја глава.Честите пофалби и воодушевувања од средината може да ги направи суетни и натценети и негативно да повлијае на ликовниот развој.Во вакви случаи, било да се работи за вистинска или лажна талентираност, родителите и средината треба да бидат внимателни.
Вистинската ликовна талентираност кај децата се забележува уште во раното детство, но таа може да се појави и подоцна, а да се открие дури во пубертетот - по тоа што детето покажува истрајност, упорност без застои и без колебливост. Талентираноста е жива материја. Таа еволуира, пулсира и се менува во зависност од повеќе фактори.Досега , општеството, училиштето и родителите повеќе важност придаваа на натпросечните интелектуални достигнувања, но во иднина ќе треба повеќе отколку досега да се цени и негува ликовно-уметничката надареност кај учениците со нивната визуелно-техничка способност, поклонувајќи повеќе внимание на спонтаниот и рационалниот сензитивитет, интроспекцијата, предводената илуминација, биофитбекот и други постапки на „мислење со своја глава на его идентитетот“, ако се сака да се создаде подмладок за формирање кадри од областа на ликовната и применетата естетика и уметност, потребни на општеството и културата, како хумана универзалност на животот, со демократска, плуралистичка егзистенција.
Ликовната талентираност не треба да се спречува и „кочи“ како во семејството така и во училиштето, туку во корелација и интеграција на наставните и воннаставните содржини да се развива најдрагоцената димензија на ликовниот талент - креативноста,т,е. најсложената човечка активност - уметничкото самоизразување. Притоа, секогаш да се има предвид закономерноста на постепениот психофизички и естетски развој, бидејќи и талентираноста се повинува на оваа закономерност. Секоја забрзаност е штетна. Уште Коменски правилно истакнал:„Форсирањето на природноста, т.е. претераното забрзување на способноста кај детето од страна на родителите и воспитувачот е насилие врз природата“ Севкупната ликовна едукација треба да се заснива на свеста дека детското визуелно-ликовно осознавање расне во склад со неговите природни начела и дека „прескокнувањето скалила“ значи повторно враќање,бидејќи пропуштеното ќе мора да се надокнади.
Tuesday, April 24, 2012
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment