Tuesday, December 21, 2010

Изложба на Иво Пецов

Во НУЦК„Ацо Шопов`=Штип, е отворена изложба на слики под наслов„Цивилизацијата во урнатини и успокоителната слика“ На своите платна во масло и акрилик Пецов укажува на цивилизациските предизвици и нивните последици.
Инаку Иво Пецов е роден 1980 во кочани.Дипломирал 2003,магистрирал 2005, а докторирал 2010 на Националната ликовна академија во Софија.

Friday, December 17, 2010

Наградени ученици на ликовен конкурс

ОБСЕ и МВР-СВР, Штип за учениците од основните училишта, а во рамките на своите активности за превенција и заштита од трговија со луѓе и деца, распиша конкурс за ликовни творби како дел од овој проект. На конкурсот пристигнаа повеќе ликовни творби а најуспешните беа наградени со дипломи и пригодни подароци.

Monday, December 13, 2010



Изложба на Боре Минов

Во изложбениот салон на НУБ„Г.Делчев’-Штип, беше отворена осмата самостојна изложба на слики на Боре Минов насловена како предели насликани со чај.Во еден специфичен свој манир Минов се претставува со триесеттина платна работени во акрилна техника.

Tuesday, November 9, 2010

43 Годишна изложба на ДЛУШ

Во уметничката галерија„Безистен“ од 8 до 24.11.2010 г. ке биде отворена традиционалната годишна изложба на ДЛУШ. Годинава изложуваат:Методи Андонов,Стојмир Веселинов,Љубица Донска, Мирко Дончевски,Кирил Ка-
занџиски,Петре Колев,Димче Крстевски,Димитар Лазов,Тодор Максимов,Дејан Марков, Боре Минов,Мите Павловски,Никола Панев,Никола Смилков,Иван Сулев, Мики Трајчев и Стојан Трниниќ. Како гости учествуваат и уметниците од Велес: Тања Медарова,Илчо Стојановски и Јулијана Стумбова.На изложбата се застапени слики, графики , скулптури и резба.

Thursday, October 28, 2010

За ликовната критика

Ликовната критика е посебен вид интелектуална активност која го прати развојот на современата ликовна уметност. Постојат повече видови ликовна критика како што се: академска критика, критика на чиста визуелна, социолошка,импресионистичка,модерна и друг вид ликовна критика во зависност од одредени општествени, просторни и временски фактори, кои придонесуваат за потполно разбирање на ликовните дела и донесување позитивен или негативен суд за истите. Прифаќњето или отфрлањето на ликовната критика е постојана борба меѓу теоретичарот и активниот творец и се смета дека историчар на уметноста кој активно не се занимава со уметничко творење не може да донесува оценка за уметничко дело, бидејки тоа што се создава за иднината во себе содржи елементи на уметничка имагинација и креативни постапки од перцептивни,мисловни,ликовно-естетски, емотивни,техничко-технолошки и други соодноси кои најдобро ги открива теоретичарот- творец и практичар,кој во себе носи бравурозен ликовен јазик и стил на искажување и пишување.Ова укажува дека постои и поинакво мислење па се што ќе се објави и не значи дека е критика, бидејки има разни ликовни есеи, манипулации и клановски игри, за кои се одговорни оние кои ги создаваат и оние што ги прифаќаат. Наспроти нив постои конструктивна и творечка критика која визуелните и ликовните форми ги подразбира во функција на содржината ,како што е и содржината во функција на формата, но во интегрална проценка го издвојува лошото од доброто, ја истражува идејно-уметничката свест на творецот, преку неговото дело. Во овој момент ваквата ликовна критика кај нас ни недостасува, како реалност, која со своите конструктивни елементи на мислење ќе ги утврди сегашните ликовно-естетски вредности,како повеќеслојна метафора која ќе го поттикнува,обновува и продлабочува ликовното творештво.

Wednesday, October 6, 2010

Како дел од неделава започнатиот Саем на електронски уметности „Сифер“, што се одржува на тема „Апаратот на животот и смртта“, денеска и утре во Музејот на современата уметност во 17 часот ќе се одржува конференција посветена на биополитичкиот спектрум денес и на биотехнолошката уметност и култура.

Со свои трудови денеска учествуваат уметниците и кураторите: Зоран Тодоровиќ (Србија), Пјер Луиџи Капучи (Италија), Станимир Панајотов (Бугарија, Михалис Пишлер (Австрија), Славчо Димитров, (Македонија), Дениза Кера (Skype предавање) (Чешка), а е предвидена и видео проекција на филмот на Оливер Реслер „Конструкција на комуна“

Утре е најавено учество на: Полона Тратник и Ајда Мариќ (Словенија), Рој Аскот (Skype предавање) (Велика Британија), проф. др. Сашо Панов (Македонија), Ники Сперу (Австралија), Борјана Роса (Бугарија), Петко Доурмана (Бугарија) и на Мелентие Пандиловски (Македонија).

Организатор на ова, седмо по ред обновено издание на „Сифер“ е Центарот за визуелни и културни истражувања при Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а во негови рамки е и отворената интернационална изложба во Музејот на современа уметност и работилницата за биотехнологија која се одржува на Природно-математичкиот факултет. (К.Б.)

превземено од утрински весник http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AA16A44FC5DB8B41968C2E24BB4E91FF

Wednesday, September 22, 2010

Десетта јубилејна изложба„Ѓуриште“

Во ОУ Дом на културата „Крсте П.Мисирков“-Св.Николе, во тек е изложба на слики од годинашново јубилејно издание на ликовната колонија „Ѓуриште-2010“, Досега на колонијата имаат
учествувано над сто ликовни уметници од Македонија,Бугарија и Србија, кои имаат оставено фонд
од над 25о слики за изминатите десет години.Изложбата ке биде организирана и во неколку други
градови во Републикава.

Monday, September 6, 2010

„ЕДУБУНТУ“ во наставата

Деновиве во основните училишта интензивно се одржаа семинари за наставниците, меѓу кои и наставниците по ликовно образование, за примена на оперативниот систем Едубунту во наставата по ликовновно во основното образование. Тоа има свои предности и позитивности но и слаби страни кои ке се покажат во текот на наставата како кај учениците така и кај наставниците

Wednesday, August 25, 2010

Семинар за ликовните педагози

На 25.8.2010 во ОУ Т.Арсов - Штип, се одржа семинар за наставниците по ликовно образование од основните општински училишта од Штип, Карбинци,Струмица,Радовиш,Конче,Св.Николе,Лозово и др. на кој беше разработено подготвувањето на новата наставна програма по ликовно за 8 одд,
Веднаш по завршувањето на семинарот присутните наставници потпишаа претставка до БРО и МОН за селективниот пристап и одземње на часови по ликовно, отежнувачките просторни работни места за учениците со поставените компјутери, неразвиениот систем за валоризација на ликовно-педагошкиот труд вон наставата и естетското уредување и др. слични прашања кои во догледно време ке бидат доставени од регионалните здрузенија на ликовните педагози.

Sunday, August 15, 2010

Ликовна колонија Ѓуриште-2010

Од 9.-16/8/2010. се одржа десетото јубилејно издание на Ѓуришката ликовна колонија на која учествуваа десетина уметници и тоа: Вера Муњас од Р.Србија, Бисер Лапев од Р.Бугарија,а од Македонија учесници беа: Влатко Здравковски, Владимир Миланов, Стојче Тоциновски, Петре Колев, Димитар Лазов, Александра Петрова, Моника Додева и Мики Трендафилов. На колонијата како гостин учествуваше Стефан Ѓорчев, талентиран ученик.

Monday, July 26, 2010

Развивање на творечките способности кај учениците

Творечките обиди од уметнички аспект се неможни без набљудување и доживување на природното и уметнички убавото како во прородата така и во секојдневниот живот. Севкупната креативна работа се базира на воочување и на силно естетско возбудување. овие компоненти во почетокот немаат речиси никакви естетско-емоционални особености, но постепено извесни неестетски доживувања добиваат виѕуелно-естетска и уметничка ликовност, која се транспонира во квалитет на нов сензибилитет. Естетските доживувања предизвикани од природно убавото при воочување и осознавање, произведуваат естетска радост, која инспирира и насочува кон уметносно, оригинално и невообичаено обликување на тие доживувања, што значи дека чувствата за доживеаната природна убавина, нивниот интензитет и продлабоченост ја условуваат уметничката убавина и изразот. Иако, во основа на творечките обиди кај младите на прво место е естетското доживување, покрај него значајно место завземаат и: естетската имагинација, способноста, интересот, желбата и мислата, креативната структура да се вообличи и истакне во уметничка форма, карактеристична на особеностите на творецот, да се транспонира, повеќе или помалку во естетска слика или сензибилна реалност.
Творечкиот процес не претставува само изразување на ликовност, на наследена или стекната уметничка битност, туку воедно придонесува за збогатување на творечката структура. Според тоа, уметничките и креативни обиди кај младите се резултат на бујните естетски и творечки чувства на нескротлива имагинација и желба за развивање и постигнување солидни резултати со повисоки и продлабочени естетски компоненти. Тие се постигнуваат со упорност, доследност, вежби, творечка опфатеност и силна уметничка преокупираност пред, во текот и посче творечката активност. Ваквата творечка активност треба да се негува, поддржува и афирмира.
Постојаниот интерес за природното, доживеаното и уметнички создаденото, доведува до постепено таложење на богат опус што се искажува со материјализирање и транспонирање со разни ликовни средства.Чувството на секој млад творец, дека неговите творби имаат некаква вредност достојна за почит, позитивно влијае кон свесно вложување креативен напор, кој сам по себе претставува максимална свесна и потсвесна ангажираност на творечки активитет: идеја, инспирација, интемција, инкубација и друга предиспозоциона структура, како и диспозициона структура на создавање нешто ново, Притоа се создава внатрешно превривање и метаморфоза на ВРОДЕНАТА основна и емпириска материја. Внатрешното искристализирање и формирање на естетските слики и процесот на нивното вообличување, менување и доградување оставаат силна трага кај младите и го изградуваат нивниот естетско-уметнички вкус.
Креативното уметничко творештво со своите подготвително доживувачки пратечки елементи, овозможува потполно ликовно, визуелно-естетско образованиое и воспитание, за разлика од едностраното и еднофазно доживување на убавите содржини.

Tuesday, June 29, 2010

Ликовни изложби на ШКЛ-2010

Во рамки на ШКЛ-2010, меѓу програмските содржини се вметнати три ликовни изложби и тоа:
Во НУБ „Гоце Делчев„ е поместена изложба на цртежи од Ана Илиева, а во Домот на културата
„Ацо Шопов„е изложбата на Стевче Митев, во уметничката галерија наЗаводот Музеј ке бидат изложбата на Зоран Малиновски и француската колекција од Музејот на современа уметност од Скопје.

Monday, June 28, 2010

Ретроспективна изложба на Дончевски

Од 22 до30.6.2010. во уметничката галерија „Безистен„-Штип, е отворена изложба на Мирко Дончевски - сликар и ликовен педагог во пензија.На изложбата се застапени дела од повеќе сликарски циклуси на авторот.

Thursday, June 24, 2010

Од ликовната колонија „Славјански„









Од детската ликовна колонија
во Општина Чашка

Учесниците со организаторот на Третата детска
Ликовна колонија „Чашка-2010„

Tuesday, June 22, 2010

Prva likovna koilonija SLAVJANSKI

Megunarodniot slavjanski institut"G.R.Dezavin"-Sv,Nikole od 19.do28.6.2010 g; ja organizira Prvata likovna kolonija na koja ucestvuvaat slikari od R.Srbija,R.Bugarija i R.Makedonija i toa:Zlatan Krkic,Biser Lapev,Evelina ,Metodi Burzevski,Novica Trajkovski, Miki Trajkovski,Dimitar Lazov, Monika, Dejan,Trajan Markov i Petre Kolev. Kolonijata e vo plener i od istata ke bide organizirana likovna izlozba.

Saturday, June 19, 2010

Трета детска ликовна колонија „Чашка-2010„

Од 19.до 26.6.2010 г. во Чашка се одржува детската ликовна колонија од државен карактер на која учествуваат талентирани ученици од ООУ„Тодор Јанев„-Чашка, ООУ „Благој Кирков„ Блаже Коневски„ и „Јордан Константинов-Џинот„ од Велес , ООУ„Страшо Пинџур„-Кавадарци, ООУ„Гоце Делчев„-Штип и членови на Ликовното студио при Детскиот ликовен центар на Скопје со своите ментори ликовните педагози; Анкица Марковиќ, Танја Медарова,
Петре Колев и Розе. Учесниците ке творат на локалитети со атрактивна старомакедонска автентична архитектура во Богомила, Теоово, Папрадиште и Нежилово. На крајот ке биде организирана завршна изложба а сите учесници ке добијат дипломи за учество на колонијата.

Thursday, June 17, 2010

Ликовна манифестација Виниче

Веќе петта година по ред во манастирот св.Илија во с. Виниче, скопската општина Гази Баба ја организира оваа детска ликовна манифестација на која учествуваат членовите на ликовните секциина сите општински основни училишта од Гази Баба.

Friday, June 4, 2010

Изложба на Биљана Кајевиќ

Во Уметничката галерија „Безистен „-Штип е отворена изложбата на слики од авторката Биљана Кајевиќ од Скопје. Ова е прва самостојна изложба на Кајевиќ која завршила ФЛУ во Скопје во класата на Рубенс Корубин. Изложбата носи наслов „Тишини„ и го третира фигуративниот лик на жената и портретот со изразит цртачко-сликарски еротизам.

Thursday, June 3, 2010

Изложба на Петар Хаџи-Бошков

Во иаложбените простории на Мала Станица во Скопје е поместена ретроспективно монографска изложба на скулпторот Петар Хаџи-Бошков со 600 дела изработени во метал,бетон,брестол и керамика, а по повод неговиот 82 роденден и 50 годишен ликовен труд.
На изложбата е промовирана и монографијата „Петар Хаџи-Бошков, Скулптури 1950-2004„ од Конча Пиркоска.За Хаџи-Бошковсе истакнува дека е еден од основоположниците на современата македонска скулптура и дека ги спојува скулптурата со архитектурата, сликарството, амбиентот и звукот, но треба да се истакне дека тој е истотака и голем ликовен педагог со долгогодишен работен стаж во УПУ„Лазар Личеноски„ каде ми беше класен раководител, а истотака е еден од иницијаторите и основоположниците на Факултетот за ликовна уметност воСкопје, каде беше професор и декан.

Tuesday, May 25, 2010

Конкурс „Против оруженото нсилство„

ОБСЕ и МВР организираат ликовен натпревар за учениците од 5-8 одд.низ целата држава кој трае до крајот на учебната година.Темите во ликовни техники по слободен избор се поврзани со превенцијата од оружено насилство.Изборот на најдобрите творби ке го изврши мешовита комисија.Истите парично ке бидат наградени со 200, 150 и 100 евра а ке бидат искористени за постери,флаери,беџови и календари.

Tuesday, May 18, 2010

Pazarot so umetnini

Vo studijata na E.Hodgins i P.Lesli za sostojbite na megunarodniot pazar na umetnini, megu drugoto se istaknuva deka cenata na umetnickite dela od den na den vrtolomno rasne, taka na primer ako 1952 g. vo Pariz e prodadena slikata Jabolko i biskviti od Sezan za 33 milioni fr.franci, denes taa cini mnogu mnogu poveke. Ako pred 80 g. edna slika mozela da se kupi za 100 dolari, taa denes cini mnogu i dostignuva milionski sumi.
Stariot mlin vo Kan od Sutin 1945 g. vo Njujork e prodadena za 2.5oo dolari, a 1954 g. slikata e preprodadena za 20.000 dolari.
1987 - Soncogledite na Van Gog e kupena na aukcija od japonsko osiguritelno drustvo za 500 milioni silinzi, a 1990 g.Portretot na Gase /Van Gog/ za 532 milioni silinzi. Sega, vo poslednive godini cenite se frapantni. Taka 2001 g, za 38 milioni dolari vo Njujork e prodadena slikata sv.Viktorija od Sezan, a se prodadeni vo paket uste dve sliki na Sezan i Van Gog, vo vkupna vrednost od 80 milioni dolari.
Vo 2010 g. e postignat rekord za dve umetnicki dela 106,5 milioni dolari za slikata Akt,zeleni lisja i bista na Pikaso od 1932 g. se prodade vo Njujork vo aukciskata kuka Kristi, a prethodno vo aukciskata kuka Sotbi za 104,3 milioni dolari bila prodadena skulpturata Setacot na Alberto Dzakometi. vo Sotbi bila prodadena slikata Momceto so lule na Pikaso za 104,2 milioni dolari.

Friday, May 14, 2010

Пејзажот на Кирил Гегоски

Во организација на Министерството за култура, Музејот на современата уметност и Дирекцијата за култура и уметност -Скопје во Уметничката галерија „Безистен„-Штип е поместена изложба на слики од прилепскиот уметник Кирил Гегоски на тема пејзаж. Изложбата се реализира во рамките на проектот„Кич,да-/сте или не„/2010/ и ке биде поставена низ повеке градови во Македонија.
Идејата е убава и има едукативен карактер, мегутоа со по еден претставник на современата ликовна уметност кај нас на поголем временски интервал тоа е речиси без ефект.

Thursday, May 6, 2010

Детски ликовен конкурс

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, по повод одржувањето на европското првенство за сообраќај, кое во септември ќе се одржи во Скопје, организира ликовен натпревар на тема сообраќај.Изборот на мотивите и техниките е по слободен избор, а творбите да се достават на адреса на Сојузот најдоцнадо 10.9.2010 г.

Monday, May 3, 2010

Za likovniot pedagog

...Oddamna e sogledano deka likovniot pedagog mora strucno da se zanimava so likovno tvorestvo, pokraj teoretskoto informiranje za likovnata pedagogija, psihologijata, estetikata i dr., za da moze sistematski da vospituva i obrazuva ucenici. Voveduvanjeto na ucenicite vo svetot na likovnoto tvorestvo gi razviva kaj niv sposobnostite za estetsko dozivuvanje, za pravilno nabljuduvanje i kreativnite sposobnosti koi preku razvienata imaginativnost i steknatite strucni poznavanja mozat da dojdat do izraz vo razni profesionalni interesi.
Za da se pottiknuva interesot na likovnite pedagozi a istovremeno tie da se afirmiraat kako slikari, skulptori, graficari i drugo, Sojuzot na likovnite pedagozi organizira TRADICIONALNA GODISNA LIKOVNA IZLOZBA..
Sekoja izlozena tvorba ni raskazuva za avtorot, koj e istovremeno i likoven pedagog, nastavnik, koj se razlikuva od drugite svoi kolegi vo ucilisteto, po toa sto toj poedinecno kaj ucenicite gi razviva, teoretskite i prakticnite sposobnosti vo zavisnost od vozrasta, od emotivniot i intelektualniot razvoj i od predispoziciite za likovno izrazuvanje. Likovnite pedagozi odrzuvaat kontinuitet pomegu likovnoto tvorestvo i nastavata po likovno obrazovanie, nesebicno zalagajki se za ednoto i drugoto kako profesionalen i duhoven interes.
Likovniot pedagog zasluzuva svoevidna pocit, zatoa sto toj go prati razvojot na likovnata pedagogija, odrzuva nastava, organizira izlozbi vo ucilisteto, ucestvuva vo organizacijata na mnogubrojni ucenicki izlozbi vo gradot,opstinata, Republikata i svetot i toa volonterski...

prof. Vanco Gorgievski, akadem.slikar, doajen
na likovnata pedagogija vo R.Makedonija

Sunday, May 2, 2010

Zivotna vistina vo slikarstvoto

- Eden ist motiv naslikan od razni slikari - divergencija na sfakanja /covecki, karakterni i sl./,
- Divergencija na slikarski sredstva,materijal i tehnika, kako i izbrani detali /Izvlekuvanje ili ispustanje na konturi i sl./,
- Sustinski moment koj se naoga vo samiot pretstaven motiv i slozuvanjeto /istovetnosta/ na istiot - vo eden ili poveke sloevi - mora da ima karakter na sustinska vistina.
Koga e izbran eden od mnogute sustinski momenti, mora da se ostane na toj izbor i od aspekt na toj moment se vrsi selekcija na zivotnata vistina, estetskite vrednosti na se ona sto e ubavo i soznajnite vrednosti.
Vakvoto raslojuvanje vo slikarstvoto e slicno i kaj ucenickite slikarski tvorbi - na preden plan e realnata povrsina, bojata, potoa se pojavuva prostor,predmeti t.e.formi, svetlost. Vo predmetnata sfera se pojavuva dvizenje,ritam i nasoka. Toa ja pravi likovnata tvorba dinamicna,zivotna,intuitivna i i dava senzibilitet. Na krajot se otkriva opstata semanticka poraka - fabulata.

Friday, April 30, 2010

Kade se konzumentite na likovnata umetnost

Spored podatocite na drzavniot zavod za statistika minatata godina vo nasata zemja bile organizirani okolu 6oo izlozbi so zgolemen broj na umetnici-ucesnici za 8,2%, no brojot na posetiteli bil za 10,2% pomal od prethodnata godina. Istotaka spored DZS minatata godina bile organizirani 24 likovni kolonii na koi ucestvuvale 6,3% pomalku likovni umetnici.

Tuesday, April 27, 2010



Rodnokrajni motivi od staro Sveti Nikole.



Monday, April 26, 2010

Изложби

Во националната установа Центар за култура „Ацо Шопов„-Штип, е поместена изложба на слики од сликарската колонија Јоаким Осоговски - Крива Паланка.
Во Уметничката галерија „Безистен„ од 28.4. до 11.5. 2010 г. ќе биде поместена изложбата на еден од роданачелниците на македонското профано сликарство Димитрие Папрадишки.

Saturday, April 17, 2010

Citati i aforizmi

....Ona za sto se interesiram e estetikata.Me interesira samo posmatranjeto.Sakam da go kultiviram pogledot. Poveketo luge se viyuelno nekultivirani. Celata kultura ni e fiksirana na tekstot, toa zapocnuva uste od ucilisteto.Site ja ucime azbukata no za slikite ne naucuvame nisto. Toa sto imame oci ne znaci deka gledame.Toa treba da se uci. Spored mene najdobro moze da se nauci od umetnosta...Apsurdno e da posalas precizno da ja imitiras stvarnosta.Neli najneverovatnoto nesto vo vselenata e covekoviot mozok. Ostavete da go iskoristime.Ke izmislime nesto, a ne da se potpirame samo na ocite...Ako sakam da go poglednam svetot ke poglednam niz prozorecot, za toa ne mi e potrebna umetnosta, Vo pravo e Pikaso koga veli-Ne go slikam toa sto go gledam, go slikam ona sto go mislam...
Denes mnogu luge go smetaat slikarstvoto za nesto ostareno i neznacitelno. Toa e golema greska,Slikarstvoto sekogas e pocetok, koga ke stane zbor za opstestveniot ili za filozofskiot razvoj. Poglednete go samo dvaesettiot vek, site filozofski tekovi pocnuvaat od slikarstvoto. Kubizmot, nadrealizmot, minimalizmot, strukturalizmot itn. Togas kontinuirano se formulira nov nacin na mislenje za svetot, Za mene slikarstvoto ima vodecka pozicija vo umetnosta...
Piter Grinavej

Sakajte ja i izucuvajte ja golemata umetnost.Taa ke vi go otkrie svetot na vozvisenite cuvstva, strastite i mislite. Taa ke ve napravi duhovno pobogati. Blagodarenie na nea otkrivate vo sebe novi, neiskoristeni sili/

Tvorecot, bilo toj da e pisatel, slikar, kompozitor, ne moze da sozdava, ako se oddaleci od zaednicata, od zivotot. Bez vpecatoci, vozbuda, bez zivotno iskustvo-nema tvorestvo.
SUM 52

Thursday, April 15, 2010

Проекти од ликовната уметност

Покрај задолжителниот предмет ликовно образование и ликовна култура во основното и средното задолжително образование, учениците имаат можност да го изберат наставниот предмет проекти од ликовната уметност и тој станува задолжителен во нивниот распоред. Наставата по изборниот предмет може да се изведува со најмалку 20 ученици кои не мора да бидат од иста паралелка.
Наставниот предмет со своите специфики овозможува задоволување на интересот на учениците за ликовно творештво и за развивање на нивната индивидуалност,сензибилитет и ликовно-творечки способности. Проектите од ликовната уметност се реализираа во две подрачја:
Ликовна теорија / воведување во историјата на уметноста, ликовниот јазик,елементи и принципи, ликовната критика-естетско проценување на ликовните творби/,
Ликовна практика /творечка работа, реализација на ликовните творби во материјал - цртање,сликање,скулптура, графика,дизајн и визуелни комуникации/применета уметност.

Friday, April 9, 2010

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Штип

Од 8-28.4.2010 во Уметничката галерија во Штип е поместена самостојна изложба на слики од ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов, роден 1955 во Скопје. Завршил Педагошка Академија, група ликовно воспитување во Скопје.Член е на ДЛУМ од 1984 г.Ова е негова44 самостојна изложба,
а учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјатаи надвор.
На оваа постановка Стефан се претставува со нови идеи и перцепции на убавината на женското тело со околу четириесеттина слики во специфичниот свој манир на хипер фото реализам.

Thursday, April 8, 2010

Изложба за млади луѓе

Центарот за деца и младинци/Хивинка, Финска/, ја организира 14-та Меѓународна уметничка изложба. Центарот за уметност ги промовира уметничката едукација и визуелната уметност, локално и глобално, соработувајки со експерти од културата и уметноста. Центарот за уметност организира изложби, заеднички ликовни творби, едукација и ги охрабрува младите за искуство во светот на уметноста. Отворањето на 14.меѓународна иаложба ке биде во септември о.г., а темата е „Мојот дом„Творбите,меѓународно жири ке ги вреднува во пет категории според возраста а дозволени техники се цртање,сликање,графика и фотографија. Училиштата и групите можат да учествуваат најмногу по 10 творби.

Литература, есеи и статии за ликовно

На сите колеги ликовни педагози кои немале можност да ги прочитаат топло им ги препорачувам следниве текстови за ликовна култура - уметност и педагогија:
- Борис Петковски - „За естетскиот влог на првата македонска ликовна генерација„ сајт на Дневник,
- Весна Ивановска - „Критичарите и уметниците едногласни за актуелната состојба„-сајт:Дневник,
- Весна Ивановска - „Македонската ликовна уметност во изолација„ сајт: Дневник,
- В.И. „Импозантна збирка уметнички дела„ /сајт:Дневник/,
- Добрила Беламариќ - „Дијете и облик„ /Школска књига -Загреб/,
- Добрила Беламариќ - Развој ликовних сензибилности ученика„
- ИНСЕА -„Креативност и ликовно васпитање„ /Стручни трудови одобласта на ликовното/,
- Богомил Карлаварис - Рад на ликовном васпитању деце„
- Коста Богдановиќ - Визуелна култура „Свест о облику„ /Београд 1988/,
- Коста Богдановиќ - „Облици,појаве, стања као могуќности визуелних значења„,
- Рудолф Арнхајм - „Уметност и визуелно мишљење„ /Београд, 1982/,
-Лионело Вентури - „Критика на сликарството„
- Вељко Бодулиќ „Умјетнички и дечји цртеж„
- Иван Хоровиц - „Слободне активности и уметничко васпитање у основној школи2
- Педагошки зборник о ваншколским активностима ликовног одгоја /Педагошки факултет-Ријека/,
- МаткоПеиќ - „Приступ ликовном делу„,
- Карлаварис, Келбли, Кастори - „Детето и ликовното воспитување„ 1 и 2 /Скопје,Детска радост/

Wednesday, April 7, 2010

Thursday, April 1, 2010

Za detskite slikovnici i boenki

Deteto za da bide mirno ili go stavaat pred televizorot ili mu davaat v race slikovnica-boenka, da se zanimava. Izborot e napraven ne po voljata na deteto tuku na vozrasnite cij vkus i estetsko cuvstvo se razlikuvaat od detskoto.So toj cin vozrasnite na izvesen nacin ja povredile vospotuvackata dolznost i mu ja uskratile imaginativnata kreativnost na deteto.Neretko pedagozite so pomos na didakticki sredstva ili kompjuter go zamenuvaat slobodniot likoven izraz i likovnosta so znacenjeto ili intelektualnata sodrzina.Sovremenite likovni pedagozi preporacuvaat namesto losa slikovnica, podobro na deteto da mu se pruzi golem prazen list hartija, moliv, cetka i boi i drugarski da se motivira da izraboti svoja likovna tvorba, otkolku da se sprecuva vo likovniot razvoj nametnuvajki mu tugi likovni zamisli. Zaradi zelbata da mu se pomogne na deteto kako polesno nesto da nacrta ili oboi, nesakajki se postignuva obraten efekt so sematska imitacija.
Nacrtanite slikovnici-boenki so ednostavni sematski prikazi, volumeni i formi, deteto avtomatski mehanicki gi ispolnuva.Zaradi ednostavnosta lesno gi zapametuva i cesto se navraka kon niv koga ke mu zatreba slicna forma.Taka so toa se zatvoraat natamoznite detski imaginacii i voocuvanja.
Slikovmicite-boenki od slozen naturalen karakter so prividna realisticnost se predizvik za deteto i toa misli deka moze da gi kopira. No, posle obiduvanjeto se uveruva deka tie se premnogu slozeni i neostvarliivi za nego, pa se razocaruva vo svojata sposobnost za likovna rabota.Od edna strana e emocionalniot svet na deteto, a od druga strana detskiot svet nacrtan vo slikovnicata.Znacajnosta na ova vtoroto, vo posledno vreme osobeno se zgilemi so razvienata reproduktivna tehnika, video komunikaciite i nekoi softverski likovni resenija niz video igri, kako i opstiot porast i razvoj na slikovniot jazik.Razgleduvajki go toj detski vizuelen svet, mozeme da konstatirame mnostvo raznovidni sliki, ilustracii, animacii na razni nacini. Moze li da se zboruva za odnosot pomegu emocionalniot svet na deteto i slikovnicite boenki vo vreme koga slikovno vizuelniot jazik stana recisi stika za siroka potrosuvacka.
Sekojdnevna vistina e deka decata gi sakaat slikovnicite-boenki i preku ilustraciite gi prifakaat tugite baranja za sorabotka so sto ja dokazuvaat korisnosta ,magicnatata mok i plemenitoto vlijanie na slikovnicite.Poradi toa tie i opstojuvaat vo svetot. Na niv treba da se smeta kako na nuznost. Megu taa nuznost ili t,n,estetska i vospitna vrednost na slikovnicata-boenka, se prostira dolg pat na koj se naoga pobudenata svest na deteto.
Veruvam deka sodrzinata vo slikovnicata sto umetnikot ke ja ilustrira seuste moze da go pleni detskoto srce,
no za toa e potrebna golema umetnicka iskrenost, uveruvanje i poznavanje na detskite zelbi i potrebi za da se dopre do nivnoto srce.Poveke od sigurno e deka slikovnosta kaj decata denes e mnogu poprisutna otkolku nekogas i od toj aspekt ja sfativ inicijativata na edno strucno sovetuvanje da se izrabotuvaat slikovnici-boenki, cii pocetni nedovrseni ilustracii da gi izrabotuvaat nasi poznati sovremeni likovni umetnici.Sepak ova ne se ostvari, bidejki se istakna deka korisna moze da bide samo onaa slikovnica-boenka, koja pokraj voodusevuvanje ke ovozmozi i pobuda za samostono likovno izrazuvanje bez kopiranje i precrtuvanje.Pritoa taa treba da bide likovno i tehnicki prisposobena za odredena detska vozrast so soodvetna golemina i hartija za soodvetna crtacka ili slikarska tehnika. Toa bi bila polezna rabota vo vistinsko vremeza neguvanje na likovnite vrednosti, no kaj nas kako nikoj da ne e zadolzen za opstojna analiza na seto ona sto se nudi od mnostvo sareno bleskavi uvozni primeroci.Nie denes ednostavno go profakame ogromniot porast na slikovnici,ilustracii,boenki,crtani i animirani filmovi,stripovi,crtani video igri i sl. i ne se prasuvame dali toa ima vlijanie na detskite emocii cii slikovni impresii ostavaat traga za cel zivot.Toa e pricinata za predostroznost koja ako se prenebregne vo podocnezniot pristap na decata kon vistinskite likovni vrednosti da ostavi posledici.

Tuesday, March 16, 2010

kus osvrt za istoriskiot razvoj na likovnoto obrazovanie

Prvite pocetoci na likovno vospitanie i obrazovanie se vo anticko vreme, Platon i Aristotel vo svoite tekstovi mu pridavaat golemo znacenje na estetskoto vospitanie na mladite.
Profesionalnoto likovno obrazovanie vo Renesansata se odvivalo kaj poznati majstori-slikari, kako Verokio, Leonardo, Giberti i dr.,a kako ucebnici im sluzele tekstovite Traktat za slikarstvoto na Leonardo da Vinci, na Celino Celini, Leonbatista, Alberti i dr.
Klasicite na pedagogijata barale taa da se vovede vo ucilistata - nastava po crtanje, kako opstoobrazoven predmet. Jan Amos Komenski go preporacuva predmetot za da mozat mladite da naucat pravilno da nabljuduvaat, simetrija i vezbanje na rakata. Dzon Lok istaknuva deka so crtanjeto poveke se pamti.Zan Zak Ruso preporacuval crtanje po priroda i nejzinite formi i osobenosti. Pestaloci baral decata da crtaat pred da naucat da pisuvaat.
Vo vtorata polovina na 19 v. vo nastavata po crtanje se barala spretnosta, discipliniranosta, vestinata na kopiranje i imitativnosta, pri sto se upotrebuvale-stigmografskata metoda, metodata na kopiranje i crtanje po diktat. Pri krajot na 19 v, se pojavila reakcija na vakviot sistem na nastava i se pojavuva edno dvizenje so moto - Umetnost vo se-umetnost za se, sto vsusnost pretstavuvalo rehabilitacija na umetnickoto zanaetcistvo. Ova dvizenje se prosirilo vo Anglija, a potoa e preneseno vo Germanija pod mototo -Vospitanie so pomos na umetnosta i za umetnosta.
Vo pocetokot na 20 v. nastavata po crtanje navleguva vo psiholoska faza / vek na deteto - pedocentrizam - pretstavnici se Georg Kerenstajner, vo Germanija, koj formiral t.n. rabotna skola, Montesori vo Italija, Dekroni vo Belgija Negativnost na ova dvizenje e sto ne se ostvaruvala vospitno obrazovnata cel i razvivanjeto na kulturni naviki, tuku se baralo na brz nacin da se oformi profesionalno obrazovanie za vklucucvanje vo proizvodniot proces.
Posle Vtorata svetska vojna likovnoto obrazovanie navleguva vo pedagoska faza i go dozivuva svoeto vistinsko znacenie i vaznost vo obrazovanieto na mladite.
Kaj nas nastavata po crtanje e vovedena vo 20 v/ za osobeno postapno da se razviva posle osloboduvanjeto vo pedesettite godini na minatiot vek, a del od zalozbite sekako pripagaat i na osnovopoloznicite na makedonskata likovna pedagogija i umetnost-Niko Tozi, Vanco Gorgievski, Borka Lazeski, Dimce Protuger, Todorovski,Martinovski,Licenoski i dr/

Reminiscencii za umetnosta

Pobunuvanjeto protiv grdoto i zloto gi pokrenuvalo umetnostite na site vreminja, a ne kako sto nekoi mislat deka toa e blagosostojbata. delata sozdadeni kako reakcija na zloto se kako cveke na zloto. Losoto gi inspirira umetnicite a dobroto gi zaspiva. Filosofot ke remizira> Zloto i cvrstiot karakter, kako i kultot na ubavinata se uslov za sozdavanje na umetnici-tvorci.
Politickite granici ne gi sledat granicite na racionalnoto i internacionalnoto vlijanie na umetnosta.
Kako sto nema cisti nacii vo bioloska smisla taka nema i apsolutno cista nacionalna umetnost koja vo mala ili pogolema merka ne e i internacionalna. Cestite vlijanija od edna na druga umetnost ne mozat da ja zatvotat istata vo nacionalni ramki i nemoze vo sovinisticka nadmenost da slizi kako argument za kulturna superiornost i nadmenost na edna nacija nad druga.
Umetnikot e naucnik koj nesvesno smeta. Niza umetnicki pravci se vodeni od edna naucna misla /kubistite/.Bez umetnosta mnogu znaenja za svetot i zivotot bi bile osiromaseni.
Umetnosta bara golemi materijalni sredstva. Goleminata t.e. monumentalnosta ne go pravi edno umetnicko delo umetnost. Umetnosta e zavisna od parite, mecenite, sponzorite,ktitorite, kolekcionerite, trgovcite so sliki, galeristite,drzavnicite i dr, koi investiraat vo umetnosta no ne sekogas za potrebata na umetnosta i umetnikot . Umetnickoto delo e ramnoteza na dovrsenoto i nedovrsenoto.Kreativnosta e samo eden nepotpoln i apstrakten moment za sozdavanje na edno delo koe treba da se umee koga da se zavrsi.
Tezneejki kon slobodata kako estetski princip, osloboduvajki se od klasicnite ogranicuvanja i afirmirajki spontanost sovremenata moderna umetnost se potpira na potsvesnite, nagonski impulsi sto znaci taa poaga od gledisteto deka se e dozvoleno, deka slobodata na umetnickoto sozdavanje e neogranicena, deka se e opravdano ako se izrazuva neizrazlivo i se postignuva edna nova neobicna emocija i senzibilnost. Nikoj ne moze da uziva vo bilo koja umetnost, pa ni da ja razbere, ako ne go sfaka nejziniot jazik.

Monday, March 15, 2010

Урбан арт-графити

Во денешно време графитите ги има на секаде и секакви: смешни и грди, вешти и невешти,необични,љубовни ,политички итн.Ги забележуваме и различно реагираме на истите.Тие се одраз на времето во кое живееме и се еден вид урбана уметност, со која се изразува револт или реакција на некоја негативна појава , или коментар на некое збиднување, или пак се дава јавност на она што се чувствува кон некого или нешто. Авторите најчесто се млади луге кои на овој начин го изразуваат својот став кон општеството и околината. Овие записи воглавно се грда слика по зидовите,фасадите и кукните влезови. Инаку значењето на зборот графити потекнува од grapho, грчки збор што значи пишувам или италијански grafitto - украсува зидови /во уметноста зграфито е зидна декоративна сликарска техника /.Доколку се сака графитите да имаат извесна естетска димензија и да послужат како визуелна комуникација пожелно би било да се на одредено препознатливо и карактеристично место кое ке биде одредено од локалните власти.

Saturday, March 13, 2010

Retrospektivna izlozba na Mite Pavlovski

Vo umetnickata galerija Bezisten e pomestena izlozba na sliki od likovniot umetnik i dizajner Mite Pavlovski /1945/.Pavlovski diplomiral na Akademijata za primeneta umetnost vo Belgrad. Clen e na DLUS.Raboti kako tekstilen dizajner-slikar i avtor e na poveke idejni graficki i tekstilni resenija za dizajn i vizuelni komunikacii.Realiziral poveke grupni i samostojni izlozbi.
Vo katalogot Zoran P.Citkusev istaknuva deka znacaen del od negovoto tvorestvo se delata plein air, kade sto ja istaknuva negovata impresionisticka vizija, cuvstvo i nacin na rabota vo edna negova faza. No bez razlika na stilskata opredelenost, na tehnikite vo koi gi raboti delata, Pavlovski e prepoznatliv po svojata slikarska sintaksa, upotreba na koloritna paleta, kusi potezi na cetkata i
recisi divizionisticki pristap vo koj gi modelira svoite estetski razmisli...
Mite Pavlovski e siguren, ponekogas,ponekogas premnogu sabloniziran vo priodot koj,pred se se dolzi na apsolviranite tehnicko-tehnoloski elementi, edinstveniot bagaz od rabotenjeto vo TK makedonka, no i akademskite pouki i rutinata steknata pri dolgogodisnata rabota kako slikar.

Monday, March 8, 2010

Детски ликовен конкурс

Образовната програма на МТВ -емисија Звон, со подршка на Бирото за развој на образованието распиша ликовен конкурс за учениците од основните училишта на тема БОРБА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО. Дозволени се сите цртачки и сликарски техники во неограничен број примероци.
Конкурсот ќе трае до 15 мај 2010 г.а творбите индивидуално или колективно да се доставуваат до Македонската телевизија.

Saturday, March 6, 2010

Cveketo nema grb

Pod ovoj naslov Ivan Sulev, slikar od Stip se pretstavi so tematska postanovka od akvareli i masla vo izlozbeniot salon na NUB-Goce Delcev-Stip.
Vo osvrtot na katalogot promotorot Zoran P.Citkusev ke zabelezi" Interesot na Sulev pri gradenjeto na slikata se dvizi vo dve paralelni linii edna vo pravecot na motivot, negovoto verno pretstavuvanje, a drugata kako obid da se realizira edna plasticna struktura. Dve linii koi se doblizuvaat i se oddalecuvaat za da zavrsat tamu od kade sto trgnale, vizuelnoto i predmetnoto.
Akvarelite slikani vo tenki transparentni sloevi i belina koja dava prozracnost, svetlost i iskriv efekt gi raboti brzo i spontano bez popravki na ona sto e naneseno...:
Inaku Sulev dosega ima realizirano nad 15 samostojni i nad 8o grupni izlozbi.

Thursday, February 4, 2010

Кодекс и оценување кај предметот ликовно образование

Кодексот треба да помогне во етичкото оценување на постигањата на учениците, а со тоа и довербата за подржување на личните и професионалните вредности како кај учениците така и кај ликовните педагози.

Кај секоја ликовна задача ликовниот педагог јасно ги определува целите на ликовната творба, кои ке бидат основа за оценување на ученичкиот ликовен производ. При оценувањето важен е креативниот начин на барање на решенија на ликовниот проблем, самата основа на ликовната творба и употребата на ликовното знаење. Ликовното оценување претставува информација за ученикот и за неговиот напредок. При оценувањето ликовниот педагог го советува и го поучува како да го подобри резултатот, укажувајки му на пропустите и недостатоците во ликовната творба и можните варијанти за подобрување на ликовниот израз. Оценувањето на ликовната творба е повратна информација и е дел од ликовното образование и воспитание. при самото оценување се применуваат соодветните критериуми и стандарди, но постојат и субјективни проценки,според ликовните способности, индивидуалниот пристап на визуелните и креативните мисли на ученикот.

Tuesday, February 2, 2010

...Raznite umetnosti im nudat na mladite edinstveni moznosti za razbiranje i oformuvanje na sopstvenite kulturni i licni identiteti. Tie go pottiknuvaat interdisciplinarnoto deluvanje i kolektivno odlucuvanje i gi motiviraat mladite luge za aktivno ucenje i kreativno istrazuvanje.


/od Deklaracijata za umetnicko vospituvanje-ICEA,InSEA,2006/

megunaroden likoven konkurs

2010 godina OON ja proglasija za godina za zastita na biodiverzitetot. Megu drugite aktivnosti e raspisan i megunaroden likoven konkurs za poveke vozrasni grupi ucenici i studenti koi mozat da tvorat na ovaa tema.Tvorbite moze da bidat po sloboden izbor vo razni likovni tehniki i da se dostavat po posta ili vo elektronska forma preku e-mail.
Za podetalni informacii kaj likovnite pedagozi vo ucilisteto,sojuzot na likovnite pedagozi ili sojuzot na detskite organizacii.

Friday, January 29, 2010

Thursday, January 21, 2010

Карактеристики на современото сликарство

Изреката која често се употребува за уметноста: „Треба да се биде со своето време„иако е стара два века, актуелна е и денденес.Таа порачува дека уметникот мора да се интересира за луѓето, настаните, за политичката и моралната атмосфера на својата епоха,па значењето и забележувањето во тој случај ќе бидат од прва рака. Тоа е една од карактеристиките на најновото современо сликарство:-будна свест на секојдневни настани, внесување модерна техника во творечкиот процес, интермедијалност и интердисциплинарност, непризнавање граници и ограничување, туку апсолутна слобода на ликовно изразување на доживеаното, размислуваното,почувствуваното или планираното. Со еден збор надминување на елитизмот и елитните уметнички дела.

Wednesday, January 20, 2010

Изреки на познати сликари

Цел ми беше секогаш да ги сликам човечките суштества како убаво овошје.
„Кога насликам задница и почувствувам како дека ќе ја потапкам, тогаш знам дека сликата сум ја завршил„.
„За мене сликата мора да биде пријатно нешто - весело и убаво, да убава„.
Огист Реноар
„Човекот најдобро го објаснува неговото дело„ - Пол Гоген
„Цртајте и отворено сликајте го она што го гледате... Се што е затворено умира. Слободата ја купив со цртање„ Тулуз Лотрек
„Природата треба да се набљудува како во сон„ - Алберт Орије
„Долго време се служам со судбоносниот молив. Дали нацртал нешто од трајна вредност? Тоа е грижа, тоа е прашање кое ме мачи,а уште не го знам одговорот„. - Одилон Редон
„Луѓето кои се обидуваат да ги објаснат сликите, обично лаат на погрешно дрво„.
„Секогаш кога имав нешто да кажам, го велев тоа на оној начин на кој чувствував дека тоа треба да биде речено„ Пикасо
„Ние двајца сме најголеми уметници на сите времиња-Вие во египетски стил-а јас во модерен„
Анри Русо на Пикасо.
„Не не збогатува светскиот
еклектизам, туку истрајноста на избраната работа и полн со љубов мирниот труд во текот на целиот живот.„ -Жорж Руо
„Сликата е секогаш доживување. Кога ќе започнам работа на бело платно, никогаш незнам како тоа ќе се заврши. Тоа е ризик кој мора да се превземе. Никогаш не ја замислувам сликата пред да почнам да ја сликам.- Тоа е творечка халуцинација.„
„Сетилата разобличуваат, а духот обликува. Усовршувајте го духот. Извесно е само она што го создал духот.„ - Жорж Брак
„ Сликите се наменети да пружат уживање.Она за што сонувам е уметност на рамнотежа,чистота и ведрина,лишена од предмети кои збунуваат.„ - Анри Матис

Monday, January 18, 2010

Thursday, January 14, 2010

Citati za slikarstvoto

Vo slikarot prvo i osnovno ne e sozdavanjeto, tuku zabelezuvanjeto. Toj e vo prv red pronaogac,
Okoto e tatko, a rakata e majka na crtanjeto.

Slikarstvoto e nauka - Leonardo
Slikarstvoto ima poveke moznost da gi pretstavi elementite na ubavinata, otkolku poezijata.
Lesing
Dobrata slika, verodostojna i ramna na sonot sto ja rodi, mora da se sozdava kako svet...
Koga edna etapa se premine, taa e preminata, a koga se pomine celiot pat, umetnikot ja rodil svojata slika. Sarl Bodler

Da se kreira znaci da se dade edna forma na svojata sudbina - A.Kami

Treba da se ide vo cekor so vremeto .- Onore Domije.

Tuesday, January 12, 2010

Citati od pismata na Van Gog do brat mu Teo

Da se bide slikar treba da se ima misija vo zivotot, koja bara osoben nacin na ziveenje i apsolutno zrtvovanje, a ne samo poseben nacin na slikanje.

Nisto ne e nedostojno za vnimanieto na slikarot. Site nesta mozat da bidat predmet na slikarstvoto-stolicata,cokulite,knigata,kutijata od sardini,luleto,lukot itn. Toa sto e bitno e custvoto koe slikarot im go vdahnuva.

Ubavinata i grdosta ne se poveke zadolzitelni kategorii.Fragmentarnoto,disonantnoto i fantasticnoto se fenomeni od vreme i prostor vo koi umetnosta se bara sebe si.

Ova e boja, nevistinita od aspekt na realistite, obmanuvaci na ocite, no sugestivna boja koja izrazuva dvizenje na silno cuvstvo.

Za likovniot amaterizam

Likovniot amaterizam kaj nas e pod vlijanie na sovremenata likovna umetnost i negovite granici bi mozele da se definiraat pomegu narodnata umetnost, laickoto i naivnoto slikarstvo.
So izvesni isaklucoci na osobito daroviti umetnici - amateri i avtodidakti, koi se vklopuvaat vo opstiot razvoj na zvanicnata umetnost,likovniot amaterizam ne e osobeno razvien kaj nas. Se praveni napori likovniot amaterizam organizirano da zazivee preku slobodnite aktivnosti i Likovnite klubovi pri Centrite za kultura i nekogasnite Centri za detsko tvorestvo kako i nekoi privatni inicijativi za slikarski skoli za mladi, megutoa, so cesni isklucoci toa ne dade golemi rezultati, bidejki edna ptica ne pravi prolet.
Denesnite umetnici-likovni amateri ja sledat vo cekor sovremenata profesionalna likovna umetnost, no cesto nesovrseno i nedoslednoetno gi sozdavaat svoite dela, davajki im vkus na neorealizam ili apstrakcionizam. So neposrednosta na svojot likoven izraz davaat svoj pridones kon opstoto viduvanje na nestata, vo svojata zivotna sredina. Granicite megu amaterskata, naivnata i zvanicnata likovna umetnost se mnogu mali i se isprepletuvaat vo najrazlicni preodni formi. Samo kako primer bi ja navel tradicionalnata izlozba na slikari-amateri od Makedonija, sto sekoja godina ja organizira Kulturno-informativniot centar na grad Skopje.i koja pretstavuvase presek na dostignuvanjata vo likovniot amaterizam kaj nas.

Saturday, January 9, 2010

Osvrt za rabotata na Zdruzenieto na likovnite pedagozi - Stip

Osnovna zadaca na sekoe zdruzenie e da se bori za interesite i avtonomijata na profesijata, za zgolemuvanje na
strucnosta na svoite clenovi, sto e osobeno vazno denes koga profesijata ne se steknuva samo so diploma, tuku
bara i permanentno obrazovanie. Vo toj kontekst e formirano Regionalnoto zdruzenie na likovnite pedagozi Stip.
kako organizirana strucna grupa gragani koi deluvaat von politickiot sistem, a vo ramkite na Sojuzot na likovnite
pedagozi na\Makedonija -SLPM,kako strukovo zdruzenie na site likovni pedagozi vo Makedonija so promotivni i protektivni celi i interesi.
Zdruzenieto ima 30 clenovi-likovni pedagozi i tvorci od osnovnite i srednite ucilista od Stip, SvetiNikole,Radovis,
Lozovo.Karbinci i Probistip, kako i od Pedagoskiot fakultet pri Univerzitetot Goce Delcev.Svojata aktivnost
Zdruzenieto ja bazira na megusebnata sorabotka vo ucilistata i lokalnata sredina.So elan da ja prodolzi tradicijata
na esnafsko organiziranje, promovira poveke izlozbi na ucenicki likovni tvorbi i likovni izlozbi od likovni pedagozi,
avtori na umetnicki dela, kako vo lokalnite sredini taka i vo metropolata. Iako, seto toa ima pozitivni strani ni od
daleku nemoze da se pretstavi kako golem uspeh, bidejki nedostasuvaat dobri proekti,korelati,inicijativi i podrska od institucii i poedinci.Za izleguvanje od letargicnata sostojba neophodno e redefiniranje i reorganiziranje
na Zdruzenieto, idejno-celno i racionalno koncipiranje i dejstvuvanje so ostanatite NVO,vklucuvajki se vo likovno-edukativniot menadzment. sorabotka so kulturni institucii i centri.galerii,umetnici i slicni formi na organiziranje osobeno vo sferata na multimedijalnata likovno-edukativna i umetnicka dejnost.