Thursday, December 20, 2012
Меѓународен ликовен конкурс за млади
Деновиве е распишан Меѓународниот ликовен конкурс за 41. Интернационална детска изложба на уметност Лидс 2013, на тема „Традицијата и наследството на луѓето во мојата земја“. Право на учество имаат сите млади од 4 -16 год. по ктегории, а рокот на доставување на ликовните творби е до 15. март 2013 г. За подетални информации на www.mdvv-lidice.cz
Wednesday, December 19, 2012
Изложба од колонијата „Славјански-2012“
Во изложбениот салон на Приватната високообразовна установа -
Меѓународен славјански институт „Г.Державин„ во Свети Николе, денеска, во чест на големиот христијнски празник свети Никола, кој воедно веке 127 години е патрон на градот Свети Николе, беше свечено отворена ликовна изложба на слики од годинешнава сликарска колонија „Славјански-2012“ на која учествуваа сликари од Р.Македонија, Србија и Бугарија.

Monday, November 26, 2012
Изложба и ликовен карван
Во рамките на проектот интегрирано образование, денеска во ООУ „Гоце Делчев“-Штип, се отвори изложба на ученички творби со наслов „Јас и ти сме исти“што е дел од ликовниот проект за мултиетничко образование кој е оидржан од МОН и Амбасадата на кралството Норвешка. Активноста е наменета за ученици од 3-8 одд. на основните училишта во Македонија, со цел за подобро меѓуетничко запознавање на различните култури.
Monday, November 12, 2012
Неизграден однос кон ликовната уметност
Иако Друштвото на ликовните уметници во Штип постои 45 години, третманот на ова здружение и на неговите членови не е на она ниво кое го заслужува, можеби дел од вината сносат и самите членови но најповеќе културните и општествените институции.Како и минатата така и годинава уметниците се пожалија дека се оставени сами на себе, кога треба да се организира Традиционалната годишна изложба, на која годинава освен претставникот на ЛС, кој ја отвори изложбата другите претставници на јавниот, културниот и политичкиот живот во градот ги немаше. Министерството за култура порано го финансираше каталогот за изложбата на ДЛУШ, но веќе неколку години не доделува средства ни за тоа, правдајќи се дека финансира проекти, а замижува на нетранспарентното финансирање на некои излоорниотжби, во институциите преку кои конкурираат уметниците. За реализација на Годишната изложба,ДЛУШ е приморано со барање да се обрати до Комисијата за култура при ЛС, а за други активности нема свои средства.Институциите во градот не покажуваат поголем општествен интерес и ангажман околу активностите и потребите на ДЛУШ. Според некои уметници сето тоа се должи на неодговорниот и несериозен пристап и однос кон современото ликовно творештво особено од сопствена домашна продукција. Несериозноста кон презентацијата на нечие творештво оди дотаму што освен на свеченото отворање со малкумина заинтересирани, галеријата во работниот термин, за времетраење на изложбата, најчесто е затворена, поради немање стручно лице-кустос.
Клучните установи што треба да ја третираат домашната ликовна уметност, како да се замрени. Односот, полн со респект, кон штипските ликовни творци заслужува поголема почит, грижливост и подршка, не само декларативно туку и практично.
Штип, кој беше првиот град на културата и се декларира за регионален културно-образовен центар, иако има голем број ликовни уметници, нема своја ликовна колонија и сопствена ликовна продукација, како што имаат некои соседни градови: Велес-ДЛУВ и „Папрадишки мајстори“, Св.Николе, „Ѓуриште„ и „Славјански“, Пробиштип- „Лесново“, Радовиш, Струмица итн, па кога има потреба од ликовна изложба, Заводот-Музеј, Уметничката галерија и Центарот за култура, ги позајмуваат овие изложби од национален карактер, наместо да оформат свои сопствени ликовни збирки.

Thursday, November 8, 2012
Историскиот пат на ДЛУШ
... Историскиот пат на ДЛУШ временски се совпаѓа со вртоглаво брзиот и интригантно
конфузниот период на уметноста во втората половина на 20 век, пропратен со променливи културолошки модели, период на мноштво нови проблеми како во уметноста, така и во општеството, кои со влегувањето во новиот милениум го достигнаа својот максимум на концентрација. Во овој период видлив е стремежот на уметниците во Штип да се освои духовата суштина на времето, а тоа значело и модернизирање, следење на уметничките практики во светот,нивно превземање и примена на ова тло. Како последица на едни такви згуснати промени во уметноста, создадена е атмосфера на плурализам и рамноправност на сите форми на современи уметнички практики, каде продолжува борбата помеѓу новиот и традиционалниот /класичниот/ ликовен израз.
Во тој контекст следејки го развојот на ДЛУШ, а воедно и следејки ја генезата на македонската современа уметност, се наметнува фактот дека овие процеси на хетерогенизација се прифатени во составот и организацијата на ликовниот живот во самото друштво, манифестирана преку презентација на индивидуалните размислувања и проекти на ликовните творци. Всушност и мисијата на секој колектив би била да се обезбеди што поголем простор за потврда на уметничкиот индивидуален естетски продукт...
Горанчо Ѓорѓиевски - во каталогот на 45. Годишна изложба на ДЛУШ

45. Годишна изложба на ДЛУШ
По повод празникот на градот Штип, Друштвото на ликовните уметници од Штип, синоќа во уметничката галерија ја отвори својата 45 традиционална ликовна изложба на која се застапени 16 уметници со околу педесеттина слики, графики,цртежи и скулптури.
Monday, October 8, 2012
За сликарството и поезијата
На еден бел каменит зид, вчера никна букет narcis poetikus. Прекрасно цвеќе со меланхолична митологија, но и поетски истовремено и сликарски симбол. Бидејќи, сликарството е поезија без зборови, а поезијата е сликарство без боја. Се надевам дека поетите во тој амбиент секогаш ке се потсетуваат на овие зборови.
Tuesday, October 2, 2012
За сликарот, сликарството и сликата
Сликарот и кога е апсолутно осамен не е изолирана единка, туку природно е поврзан со заедницата и средината во која твори.Тој и не би можел да ја доживее својата посебност кога во него не би била потребата на она „ние“, како позадина врз која тој се одразува и го осветлува своето „јас“.Така тој се определува колку колективно толку и индивидуално, па во таа смисла се појавува како двојно битие и на таа двебитност тој и е подвргнат во сите свои пројавувања во сликарството. Сликарството не е некое подрачје одделено од секојдневниот живот. Тоа е сериозна и одговорна работа и му припаѓа на културата на еден народ.И колку неговиот специфичен естетички елемент е посовршен и поподложен на единството на целината, толку и делувањето и визуелните ефекти се поимпресивни, социјално попроодни и продорни, како и обратно сликарство кое е херметички зарворено, достапно само на тесен круг луѓе, не може да служи како посредник и не може да воспостави вистинска и потполна комуникација со својата средина.
Сликата и сликарството се саморазбирливо претставување на моќта да се совлада животот и антропоцентричноста на универзумот со степен на уверливост и вистинитост. Феноменот на сликата се изградува во единството на способностите семантичката содржина да отповика извесен предизвик, ослободувајќи ја функцијата на репродуктивност, човекот повеќе или помалку соодветно да реагира на суштината на душевноста или ликовноста што ни овозможува да ја согледаме,т.е. на извесноста на претставеното, на она што избива од неа - меморијалноста. Сликата „еикон“, не му се обраќа само на поединецот туку и на средината и затоа претставува фактор кој влијае во изградбата на колективната свест.

Monday, September 17, 2012
Изложба на слики од 12.Ликовна колонија „Ѓуриште-2012“
Во изложбениот салон на Домот на културата „Крсте Мисирков“-Св.Николе, е отворена изложба од годинашнава ликовна колонија „Ѓуриште“. Изложбата ке биде поместена и во неколку други градови во Републикава.
Tuesday, September 11, 2012
Ликовна работилница
Во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“- Радовиш, во манастирот Св.Пантелејмон во с.Брест се одржа седмата ликовна работилница, со учество на петнаесеттина сликари и љубители на уметноста од Штип и Радовиш.
Sunday, August 26, 2012
II.Ликовна колонија „Славјански“
Од 20 до 25.Август о.г. во Свети Николе се одржа Втората ликовна колонија што ја организира Приватната високообразовна институција Державин, На колонијата учествуваа сликари од Србија, Бугарија и Македонија.
Thursday, July 26, 2012
Изложба на Хилјадникова и Накова
Во рамките на ШКЛ-12, во уметничката галерија беше поместена ликовна изложба на Нада Накова и Голуба Хилјадникова. Накова се претстави со повеќе портрети, додека Хилјадникова покрај портрети прикажува мотиви и пејзажи. масло на платно. Овие две пасионирани сликарки пензионерските денови ги исполнуваат посветувајки и се на ликовната уметност.
Saturday, July 7, 2012
Цитати за уметноста
„Природата секогаш е иста, но ништо нам не ни останува од она што ни го покажува. Задача е на уметноста, да и даде привид на трајност.“ - Сезан
„Уметноста е хармонија паралелна со прородата„ -Сезан
„Не може да се изразува само тоа што се гледа, туку и тоа што се чувствува“-футуристите
„Значението на сликата мора да се наметне пред да се успее во сфаќањето на нејзината суета.“ - Матис
„Сликата е хармонија, која е аналогна на музичка композиција„ - Матис
„Својот уметнички напредок си го благодариме себе си и на природата“ - Русо.
„Немојте да сликате премногу по природа. Земете го од природата тоа што сакате, но така за неа да сонувате“ - Гоген
„Сликарството не содржи во себе ништо случајно, тоа е чисто по себе. Тоа е чисто извршување на сликарски чин.“ - Морис Дени
„Уметноста е согласност на бои, кои се делат и спојуваат во единствена акција. Синкроничната акција е единствениот вистински пат на сликарството.“ - Роберт Деланеј
„Уметноста мора да биде непосреден израз на универзалното во нас. А универзалното е вечно, непознато, неподвижно, за разлика од поединечното,свесното и подвижното.“-Пит Мондријан

Tuesday, July 3, 2012
Monday, July 2, 2012
Tuesday, June 26, 2012
12 ликовна колонија Гуриште
Денеска свечено беше отворено овогодинашното издание на ликовната колонија Гуриште во Свети Николе.Десет учесници од Македонија, Србија и Бугарија ќе творат на слободна тема.
Иако условите за работа од година во година се се потешки колонијата успешно ги пребродува како од просторен така и од финансиски карактер. Колонијата ја отворија директорите на домовите на културата од Свети Николе и Пробиштип.

Wednesday, June 13, 2012
Престанок на работен однос по сила на Закон
Работодавецот може да одлучи просветниот работник кој наполнил 64 г.возраст, да му престане работниот однос, бидејќи стекнал право на пензија. Ако со огласување на упразнетото работно место не се јави соодветен кандидат, а наставникот кој во текот на учебната година го исполнил наведениот услов, но изразил желба да работи до крајот на тековната учебна година, има правен и педагошки основ да му се продолжи работата, за што одлучува училишниот одбор т.е.работодавецот. Во интерес на учениците, јас и мојот колега, ликовен педагог, усно од работодавецот побаравме тој основ да го искористиме со продолжение од месец дена,т.е. до крајот на учебната година, но директорите одговорија дека нема шанса. Така во две ООУ на замена времено беа назначени две одделенски наставнички, кои не го исполнуваат критериумот за предметен наставник по ликовно образование. Згора на тоа, кога проверивме во ПЕ на ПИОМ имавме неплатени придонеси од плата - јас за десет месеци,а колегата за неколку години. Само еден наш колега од соседна општина го искористи ова и продолжи да работи од мај до 31 август о.г., т.е. до крајот на учебната 2011/12 г. И што да се чудиш за едни важи за други неважи.Се е можно.Само пред неколку години се тужев и го добив спорот, но кренав раце и си реков: Ако ликовниот педагог се пензионира, творецот-сликар не е, па и понатаму активно ќе се пројавуваме редовно или повремено.
Thursday, May 24, 2012
Изложба на Благоја Николовски
Вчера, во Уметничката галерија во Штип, беше отворена ретроспективна изложба на сликарот Благоја Николовски од Скопје.Изложбата ја отвори проф. Владимир Величковски.Застапени се
педесеттина слики и цртежи, пастели и олеати со разни мотиви кои духовно го инспирирале уметникот - портрети, актови,пејзажи и сл.Сликарството на Николовски е препознатливо по својата мекост, чистота и светлина за што во два наврати ја има добиено наградата за сликарство на ДЛУМ „Нерешки мајстори“, „Моша Пијаде“ и др.

Wednesday, May 9, 2012
Неколку мисли на Дали
„Цртањето е искрениот дел од уметноста. Не постои можност за измама. Или е добро или е лошо.“
„Јас не сликам портрет за тој да личи на субјектот, туку настојувам личноста да почне да личи на портретот“.
„Оддалеченоста помеѓу сликањето и мојата личност изнесува една бесконечна минута“.
„Наместо да настојувате да го искористите надреализмот за целите за субверзија, неопходно е да се обидете да го направите надреализмот онолку солиден, комплетен и класичен како делата во музеите“.
„Оние кои не сакаат да имитираат, тие воопшто и не создаваат“.
„Сите ние сме гладни и жедни за конкреетни слики. Апстрактната уметност е добра само за една работа: да ја складира вистинската невиност на фигуративната уметност“. Салвадор Дали, шпански сликар-надреалист.

Friday, May 4, 2012
Ликовно вреднување на учениците
Стекнувањето искуство за правилно вреднување на можностите за ликовната работа, како лична така и на учениците, е значаен елемент за админување на медиокритетството и фаворизирање на талентираноста во наставата по предметот ликовно образование.
Сегашното користење на мерните инструменти /Сл.весник на РМ бр.165-2008/,стандардите,тестовите, чек-листите и др. ми се чини дека повеќе водат кон фаворизирање на теоретските ликовни знаења кај учениците кои треба да ги применуваат, а до запоставување на многу други практични форми и воспитни ликовни елементи кои недоволно се вреднуваат. Се математизираат и се бодираат по процент научени факти по нивоа и подрачја, врз основа на кои, по скала се извлекува оценката и тоа по еден бод за секој стандард, што донекаде ја доловува објективноста, но во секојдневната пракса не е се така, особено не во мултиетничко училиште. Субјективното нумеричко и описно оценување и понатаму ќе се провлекува, а културно-воспитната страна и ангажираноста како на ликовните педагози така и на учениците недоволно се стимулира.
Воннаставните активности /посета на уметнички галерии, музеи, настава во пленер и сл./, додатната, изборната настава, културната и јавна дејност во уметничкото подрачје /учество на натпревари, изложби, конкурси, манифестации и ликовни колонии/, имаат голема ликовно-воспитна вредност, меѓутоа воспитните можности на овие активности не се доволно искористуваат. бидејќи учениците премногу се оптоварени со дневен и неделен фонд на часови по распоред, со домашни задачи, ограничени се со просторни, временски, економско-социјални и други услови , а недоволно се вреднувани со само плус една оцена повисоко.
Според некои истражувања учениците покрај 30 т.е. 35 часа, седмично или 7-8 часа дневно на училиште дома на истите задачи проведуваат уште 20-26 часа, што навистина е напорно.Оваа воспитно-образовна структура -културно уметничката и јавна дејност на ликовните педагози и нивните ученици, ликовно-естетското уредување во училиштата и слободните ликовни активности треба поадекватно да се вреднуваат стимулираат и наградуваат
Дискутабилен е и системот на оценување на поведението на ученикот, каде се применуваат разновидни критериуми, но за нив нека водат сметка одделенските класни раководители, а истотака и водењето портфолио-ученичко досие не функционира глатко.

Thursday, May 3, 2012
За ликовната писменост
Ако се има предвид дека над 80% од стручните занимања и професии се служат со ликовност, тоа значи дека ликовната писменост се проткајува во сите подрачја на човековата дејност и претставува универзално средство за визуелна комуникација во современиот свет. Во современите мултиетнички и мултикултурни општества декодирањето декодирањето на знаците и сликите претставува препознавање и разбирање на содржаната порака и нејзино заначење, што е дел на образовниот стандард.. Психолозите утврдиле дека памтиме 90% од она што сами сме го сработиле и затос индивидуалното ангажирање дава најдобри резултати. Меѓутоа, тоа тешко се постигнува во редуциран број чассови. Ликовниот час има четири дела: мотивација, творечка работа, насоченост кон секо0ј ученик и естетско оценување и проценување. Сето тоа во 40 м. еднаш седмично е тешко да се поврзе во осмислена целина, а притоа да се води и двојна -тројна администативна евиденција-во дневник и на компјутер.
Ликовното обраѕование и воспитание не е само за мал круг тсалентирани и посебно заинтересирани ученици, туку без исклучок за сите, бидејќи меѓу другото, им ја збогатува материјалната и духовната култура на живееење, истражување и автономно творење, што треба да се репектира, зашто дава индивидуален идентитет на личноста, интегрира и има нагласен креативен процес и виѕуелизација.
Ликовното образование во општото образование , кај нас и во светот, си го има најдено своето место и веќе три века ја оправдува својата сестрана улога. Затоа во некои земји котира високо во редовната и задолжителна настава и е застапено со 2-3 часа седмично, а не како кај на со 1 час седмично.

Friday, April 27, 2012
Thursday, April 26, 2012
За талентираноста - од мојата пракса
Во мојата четиридеценијска пракса со разни деца и учениици од претшколска, специјална и школска возраст, работев со разни форми, методи и начини на ликовно изразување. Покрај редовните во наставата, најчесто беа застапени додатните, изборните организирани програмски активности и проекти и слободните ликовни училишни и вонучилишни активности и манифестации. Низ практичен работен карактер во областа на уметноста, самоостварувањето и хуманизацијата,низ грижливо и слободно избрани содржини и теми за работа со зголемен обем и степен на ликовно-естетско реализирање талентираните ученици беа вклучени во култуно-општествениот живот на својата средина и пошироко, заради валоризација и афирмација на својот вложен труд.
Во ликовната практика се сретнуваат неколку типови на талентирани ученици но најчесто се издвојуваат два типа и тоа едниот од нив се приклонува кон ликовната креативност и најчесто се посветува на уметничките ликовни професии, а другиот тип е оној кој има способност да ги поврзува ликовните вредности со другите подрачја. Утврдувањето на видот и степенот на ликовната талентираност, го обврзува ликовниот педагог истата да ја подржува, негува и насочува, но не по секоја цена, бидејќи што ќе се случи ако еднострано насочувано дете кон сликарството еден ден доживее неуспех во својата „специјалност“. Овде се присетувам на двајца мои ученици од кои едниот се одликуваше со особена смисла за оригиналност, пропорција и композиција - заврши студии на ФЛУ, но сеуште се бара во својата специјалност. Другиот се одликуваше со изразито чувство за боја, плошно и тридимензионално обликување, повеќе успеси на домашни и меѓународни ликовни конкурси,изложби и колонии. Во текот на школувањето беше континуирано одличен и поседуваше позитивни карактерни црти.Се определи за неуметничка професија во која е ценет стручњак, но во неа и во својот живот, верувам, ќе ги внесе сите свои ликовно-естетски вредности и познавања.
Ликовната талентираност кај учениците треба да се цени како ретка вредност. Правилно треба да се развива и негува.Но дали е така во нашето секојдневие.Сеуште нема стандардизирани услови. На една година пред заминување во пензија ликовниот кабинет беше растурен.Грижата за талентираните деца, мораме да констатираме, организациски и прфагошко-методски сеуште не е разработена, а ликовните педагози мотивирани,стимулирани и едуцирани за таква педагошка работа која бара посветеност, самоодрекување,сериозност и квалитет, инвентивност, иновативност и креативност. Во оваа смисла заостануваме во споредба со други земји од нашето опкружување и пошироко за што меѓу другото може да посведочат и пристигнатите ликовни творби на талентирани мали уметници на нашата престижна ликовна манифестација „Мал Битолски Монмартр“.

Wednesday, April 25, 2012
Tuesday, April 24, 2012
За ликовната талентираност
Ниедна друга особина, ниту способност кај децата, во семејството или во училиштето, не се цени толку високо колку интелектуалната надареност.Меѓутоа, ништо подолу не е и ликовно-уметничката надареност. Таа не е вродена туку стекната способност за љубопитност и интерес за ликовна креативност, или 10% инспирација и иновативност, 90% транспирација. Иако, многу деца нема да бидат академски сликари, скулптори, графичари, дизајнери, неразбирливо би било да не се обидеме да ја исползуваме нивната ликовна талентираност како средство за производ-
ство на ликовни творби кои се интелигентно размислување за создавањето на визуелните претстави.
Ликовно талентирани деца се сметаат оние деца кои имаат изразени ликовнии способности, креативно-творечки потенцијал при ликловното изразување со цртање, сликање, графичко и тридимензионално обликување или современо мултимедијално претставување.отскокнуваат од другите по тоа што пројавуваат поголем интерес за праксата, теоријата и историјата на ликовната уметност. Подобро и успешно се снаоѓаат во идејно-изведбените ликовни решенија отколку другите. Ликовниот развој им е побрз и подолготраен со зголемена илуминација и имагинација.
Понекогаш, некои родители и воспитувачи, во својата амбициозност, ги преувеличуваат способ-
ностите на своите деца. Еднаш, еден родител го доведе своето дете во Центарот за детско ликовно творештво, велејќи дека е многу талентирано за цртање. Од покажаните цртежи сфатив дека се чисти копии, а некои дури и директно прецртани од сликовници, но детето го ѕачленив со цел да биде „свој и да мисли со своја глава.Честите пофалби и воодушевувања од средината може да ги направи суетни и натценети и негативно да повлијае на ликовниот развој.Во вакви случаи, било да се работи за вистинска или лажна талентираност, родителите и средината треба да бидат внимателни.
Вистинската ликовна талентираност кај децата се забележува уште во раното детство, но таа може да се појави и подоцна, а да се открие дури во пубертетот - по тоа што детето покажува истрајност, упорност без застои и без колебливост. Талентираноста е жива материја. Таа еволуира, пулсира и се менува во зависност од повеќе фактори.Досега , општеството, училиштето и родителите повеќе важност придаваа на натпросечните интелектуални достигнувања, но во иднина ќе треба повеќе отколку досега да се цени и негува ликовно-уметничката надареност кај учениците со нивната визуелно-техничка способност, поклонувајќи повеќе внимание на спонтаниот и рационалниот сензитивитет, интроспекцијата, предводената илуминација, биофитбекот и други постапки на „мислење со своја глава на его идентитетот“, ако се сака да се создаде подмладок за формирање кадри од областа на ликовната и применетата естетика и уметност, потребни на општеството и културата, како хумана универзалност на животот, со демократска, плуралистичка егзистенција.
Ликовната талентираност не треба да се спречува и „кочи“ како во семејството така и во училиштето, туку во корелација и интеграција на наставните и воннаставните содржини да се развива најдрагоцената димензија на ликовниот талент - креативноста,т,е. најсложената човечка активност - уметничкото самоизразување. Притоа, секогаш да се има предвид закономерноста на постепениот психофизички и естетски развој, бидејќи и талентираноста се повинува на оваа закономерност. Секоја забрзаност е штетна. Уште Коменски правилно истакнал:„Форсирањето на природноста, т.е. претераното забрзување на способноста кај детето од страна на родителите и воспитувачот е насилие врз природата“ Севкупната ликовна едукација треба да се заснива на свеста дека детското визуелно-ликовно осознавање расне во склад со неговите природни начела и дека „прескокнувањето скалила“ значи повторно враќање,бидејќи пропуштеното ќе мора да се надокнади.

Tuesday, April 10, 2012
Ликовно изразување на учениците
Ликовното изразување на учениците, меѓу другото, е условено од степенот на психофизичкиот развој, степенот на познавање и владеење со одредени ликовни средства и техники, но истовремено и од правилното ликовно педагошко водење и насочување од страна на наставникот- ликовен педагог.
Преку својата ликовна творба ученикот сака да ја соопшти својата емоционална доживеаност, импресија, но и успешната интерпретација на совладаната тема, техника и ликовен јазик кои се предуслов за подобро вреднување и естетско проценување. Кога ученикот ќе ги совлада ликовните елементи,принципи и техники од сите ликовни подрачја, се јавува потребата од поголемо ликовно естетско влијание и изразување во одредено подрачје за кое постои поголем интерес и предиспозиција. Во таа смисла се врши насочување и стимулирање кон изработка на поуспешни ликовни решенија.
Без стимулирање за поуспешно ликовно изразување, ученикот би останал посиромашен во својот духовен и психофизички развој. Затоа,почестото интенционално набљудување на природните и секојдневните појави,пристапните уметнички слики, репродукции и фотографии од домашни и странски ликовни уметници го збогатуваат разбирањето за уметноста и нејзиниот волшебен свет на интерпретирање и креирање. Затоа ликовното образование со својата важност не трпи импровизации и замени со недоволен број часови, несоодветни,недоквалификувани ментори или немање основни ликовни училишта.

Thursday, April 5, 2012
Од мојата пракса
Во Законот за основно и средно образование постои член со кој се дава можност ученик,т.е. неговите родители, во рок од три дена по заклучување на оценката на советот на предметните наставници, да вложи приговор на наставничкиот совет. На овој приговор наставничкиот совет е должен по разгледувањето да донесе одлука и да формира неутрална стручна комисија која ќе го провери знаењето на ученикот и исправноста на оценката. Иако оваа мерка е релативно нова и ретки се реакциите, сепак повремено се појавува.
Пред две години, претерано амбициозни родители - колеги, чиј ученик континуирано одличен, само по ликовно со годишна оценка мн.добар, вложија приговор до наставничкиот совет, сметајки дека нивното дете неправедно и тенденциозно е оценето по овој предмет. На советот предметниот наставник постапувајки по стандардите за оценување аргументирано ја образложи оценката. Советот без да ги земе предвид образложенијата и без да донесе одлука за формирање независна стручна комисија, на предлог на одделенскиот раководител со гласање оценката на ученикот ја коригира од мн.добар на одличен, со што ја задоволи желбата на родителите, но флагрантно ја прекрши постапката и го потцени долгогодишното педагошко искуство на наставникот и неговата стручност за ликовно-естетко вреднување и оценување.
Заради објективноста при оценувањето за што се донесени и стандардите од БРО, сфаќањето на праведноста и другите видувања на протекционизмот, истиснување на необјективното и неправедно оценување, добро е што постојат овие мерки и постапки, но не и да се злоупотребуваат на било чија штета. Наместо тоа добро би било советите повеќе да се залагаат за спроведување на студиозни анализи, анкети, чек листи и сл., за да го пронајде секој свој член во доменот на своите обврски, а не бегло и нестручно да донесува решенија и одлуки кои би нарушиле нечиј углед и авторитет.

Wednesday, April 4, 2012
Цртање стрипови
Цртањето стрипови е интересно и занимливо, но бара многу знаење и спретност. Тоа знаење колку и да се настојува тешко некој може да го има во своја глава.Тоа знаење во форма на снимки, фотографии,скици,списанија, книги и дигитални форми, секој цртач треба да го стекнува, собира и сортира во своја сопствена документација- печатена или електронска. Видеот на документацијата и материјалите за истата, секој цртач ги избира според своите афинитети и интереси и според областите од кои ќе бира теми и мотиви за своите стрипови.Така на пример ако црта стрип за животни, тогаш ќе собира разни материјали за се што се однесува за животните и нивниот животински свет, доколку се интересира за историски случки, мора да собере конкретен материјал за соодветен историски настан, кој е предмет на ликовна обработка, и слично.
Стриповите се цртаат на стрип табли, за кои претходно е подготвено стрип-сценарио, текст,скици, а во последно време и во некоја дигитална форма со компјутерска цртачка техника.Кај нас има малку цртачи-творци на стрипови, бидејќи малку се посветува внимание на ова подрачје на визуелна комуникација.

Tuesday, April 3, 2012
Ликовно самообразование и надградување
Успехот на учениците во училиштето зависи од повеќе меѓусебно поврзани фактори. Тие обично се поделени во следните групи,- Социо-економски услови во општеатвената и семејната средина на учениците,
- психолошки фактори,
- здравствено-соматски фактори и фактори на училишната средина.
Ако овие фактори се во меѓусебна позитивна корелација, успешноста во учењето на учениците по ликовно образование ќе биде на повисоко ниво.Притоа неопходно е да се има предвид способноста и индивидуалните особености за поедини ликовни подрачја, како и развивање на мисловната активност и творечкиот пристап преку перманентно ликовно образување по пат на самостојност и самообразование, користејќи разни извори и банки на податоци, пребарувачи, методи и техники. Секако, сето ова претпочита претходно оспособување и стручно усовршување и на наставниците-ликовни педагози, за воведување на учениците и надарените и просечните во начинот на ликовно самообразование. Иако се преферира современа настава и примена на ИТ во наставата по ликовно сеуште нема изграден дигитален концепт, а има и технички проблеми како работата во смени,слаба интернет конекција и чести прекини,немање софтвер за дигиталните содржини, па секој наставник ги изработува како знае и умее.Веќе неколку години се скенира состојбата и се подготвуваат посебни насоки и стратегија за работа со надарени ученици и училиште на иднината но конкретно нема сеуште ништо.

Monday, March 12, 2012
Меѓународен ликовен конкурс
Младинскиот дом на културата од Ченстохова Република Полска, го организира 14. Меѓународен ликовен конкурс за деца и младинци на тема „Дете и куче“. Рокот на доставување на творбите е 15.јуни 2012.Повеќе за конкурсот на www.mdk.czest.pl
Детски ликовен конкурс
По повод 20 години од постоењето Првата детска амбасада во светот-Меѓаши, меѓу другите активности за одбележување на јубилејот, распиша ликовен конкурс за детски уметнички творби на тема Детските права, Мирот и јас и Детската радост и детската тага. Творбите на адреса на амбасадата треба да се испратат до 15.март.о.г.,а изложбата од селектираните творби ќе се одржи на 28.4.2012. Поблоски информации на тел.071/399-079.
Monday, February 20, 2012
Слободните ликовни активности
Слободните ликовни активности овозможуваат учениците да ги дополнуваат своите знаења и умеења за ликовната уметност, да ги остваруваат своите желби, идеи, интереси и способности. Заради тоа тие имаат можност да ги користат дополните форми за едукација, покрај редовните и проектните активности. Меѓутоа, при изборот се јавуваат и нереални амбиции, претерани побарувања, како од учениците и родителите, така и од менторите,училиштето и општествената средина.Да се учествува во повеке групи,да се немаат потребните услови, да се учествува на повеке конкурси и натпревари од локален до меѓународен карактер, без да се води сметка за преддиспозиционите можности, евентуалниот неуспех се доживува драматично.
За надминување на ваквите појави, потребно е на почетокот на учебната година да се создадат услови за планска и организирана активност, да се тестираат заинтересираните особено од предметна настава, бидејки учениците од таа возраст најповеќе се определуваат за некоја група или секција. Што се однесува до родителите, неопходно е воспитно делување да се задоволат со тоа секој ученик, во рамките на своите временски и други можности да работи, така што неговата работа да дојде до израз, без присила, притисок за истакнување и слично, туку да ги развие своите ликовни склоности и способности.
Учениците треба да се стимулираат за постигнување добри резултати. Добро организирана и плански водена активност во училиштето, почести контакти со родителите, навременото откривање на талентот и неговото негување и насочување сигурно ќе вроди со плод и ке ги даде очекуваните резултати. Но, за такви резултати МОН и ЕЛС треба да партиципираат средства за стимулирање на талентираноста и способноста во областа на ликовната уметност, кај учениците од основните и средните училишѓта. Да изградат конкретни критериуми за рамномерен развој на едукативната работа во овие активности.

Friday, January 27, 2012
Ликовен конкурс за деца и млади
Детскиот креативен уметнички центар и Галерија од Торун - Полска го распиша конкурсот за учество на 18.меѓународно биенале за графичка уметност за деца и млади од 5-19 годишна возраст. Темата е слободна со слободен избор на традиционални графички техники и компјутерска графика. Рокот за доставување на творбите е 30 Април 2012 .
Subscribe to:
Posts (Atom)