Thursday, December 19, 2013

Студентска ликовна изложба

Вчеравечер, во фоајето на Мултимедијалниот центар на УГД-Штип, беше отворена ликовна изложба на студентите од катедрата по класично сликарство од Факултетот за образовни науки.Беа застапени повеќе слики и цртежи на студентите по сликарство во класата на проф.Игор Егоров.

Wednesday, December 18, 2013

Хуманитарна акција

Вчера, Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Цивитас“ од Штип во соработка со Општина Штип, во Мултимедијалниот центар на УГД, организираа хуманитарна акција за помош на лицата со посебни потреби од Центарот за целодневен престој на лица со посебни потреби. Меѓу другите во акцијата се вклучија и членови од Друштвото на ликовните уметници на Штип, кои донираа свои уметнички слики.

Monday, December 16, 2013

Границите на уметноста

„Низ уметноста се провлекува извесна поврзаност,исто потекло.Ако погледаме некој мајстор, сеогаш ке најдеме дека тој се користел со некое дело од своите претходници и дека тому со тоа постанал голем.Луѓето како Рафаел не растат од земја.Тие се потпираат на антиката и на најубавите нешта кои пред нив биле создадени...Во уметноста никој не сака да ужива во тоа што е веќе создадено, туку секој сака и сам да твори, но многу млади сликари никогаш не би зеле кист во рака ако доволно рано сфатиле што создал мајстор каков што бил Рафаел...Поетот не треба да настојува да биде сликар, туку да го репродуцира светот со зборови... Така сликарот треба да ги разликува предметите, бидејќи во неговата струка иде и тоа да знае што треба, а што не треба да слика..Не треба строго и ситничарски да просудуваме за сликаревиот потез на четката.. Уметникот мора веродостојно да ја претставува природата, во детали, тој не смее самоволно и произволно ништо да менува, бидејќи тоа го нарушува вистинскиот карактер на природата. Но во повисоките сфери на уметничка постапка, во која некоја слика станува вистинска слика, тој има поголема слобода и може да помине на фикции... Ликовната уметност има предимство што е чисто од објективна природа и што нас не привлекува кон нејзе и без да ги жестоко побудува нашите чувства.“ Гете /1827/

За детската ликовно-творечка фантазија

Детето интерпретирајки ја реалноста се служи со принципот на задоволство и со тој принцип се раководи во својата ликовно-творечка фантазија. Дури подоцна овој принцип се заменува со принципот на реалноста.Поради овој еллемент на емотивност, во детското самоизразување наидуваме на онаа наивна поетичност во фантастични цртежи и неверојатни ликовни решенија. Кога детето ќе одрасне, ликовно творечката фантазија се канализира во детско ликовно творештво, а за тоа ликовно творење имагинацијата е неопходен предуслов.Учеството на ликовни конкурси, манифестации и изложби е можност да се потврди тоа и да се стекнат нови искуства. Знаеме дека модифицирањето на реалноста е својствено за уметникот и затоа уметникот во длабочината на својата душа секогаш останува дете.

Friday, December 6, 2013

Тематски ликовен конкурс

Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со образовната програма на МТВ распиша ликовен конкурс за ученици на тема „Приватноста е моја, иако сум дете“.Конкурсот е отворен до 31.12.2013 г.Ликовните творби се доставуваат до Дирекцијата.Најуспешните творби ќе бидат наградени.

Saturday, November 23, 2013

Меѓународна детска ликовна изложба

Вчера во организација на Детскиот ликовен центар при ГЗЛП-Скопје, во салонот на библиотеката „Другарче“, беше отворена 39.Меѓународна изложба на детски ликовни творби.Притоа беа селектирани околу 220 творби и беа наградени 120 млади ликовни творци.

Friday, November 8, 2013

46.Традиционална Годишна изложба на ДЛУШ

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип,вчеравечер во УГ„Безистен“, беше отворена Традиционалната Годишна изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Штип.Годинава се претставија единаесет сликари и по еден скулптор и графичар.Изложбата ја отвори штипскиот градоначалник прим.мр.Илчо Захариев.

Friday, November 1, 2013

Изложба на Александар Брашнаров

Вчера во Штип, во У.Г.„Безистен“, беше отворена меморијална изложба на Александар Брашнаров /1934-1988/, сликар од Штип.На оваа ретроспектива застапени се околу четириесет слики, цртежи и пастели со мотиви од старата штипска архитектура и нејзината поетика,кривулестите сокачиња во Ново село, пејзажи од штипското поднебје, мртви пррироди со цвеќе и портрети на роднини и пријатели.Тој е антолог и лирик на едно минато искрено осведочено во неговото сензитивно творештво,со кое тој и понатаму живее, бидејќи уметникот никогаш не умира.

Monday, October 28, 2013

Sunday, October 27, 2013

Раслојување на уметничко дело-портрет

1. Во преден план, единствено реално се дадени, боите на платното во дводимензионална поставка./Посредно овде се вбројува реалната светлина која паѓа врз сликата, како и реалниот простор во кој ние завземаме точно свртување кон неа/. 2. Низ предниот план се појавува првиот слој на позадината-тродимензионална просторност, друга иреална светлост со својот /воглавно невидлив/ извор, како и вистинската форма на ликот со дел од околината. 3. Овде се вбројува слојот на покретот, живата телесност-ограничена во мимиката. 4. Со покретот се појавува душевноста и карактерот на човекот: духовната борба меѓу успехот и неуспехот, нешто од неговата судбина. Овој слој е богат и при набљудување на сликата е највпечатлив. 5. Меѓу најнеобичните способности на уметноста спаѓа тоа што таа може да ги согледува и претставува моралните битности на личноста, истовремено во нејзините особености и идеалности /интлигибилен карактер/. Овде погледот допира до тоа сто е единствено и уникатно и токму тоа ја чини вистинската„сличност“ на портретот. Доловен е еден момент кој е фиксиран во претставата на уметниковата идеја. 6. Во овој последен длабински слој се појавува нешто интимно, што на секого му ја покажува сопствената душа-симболот, кој му дава вистинско значење на индивидуалноста, специфичностите на животот и судбината.

Saturday, October 5, 2013

Еколошки ликовен хепенинг

По повод акцијата Македонија без отпад „Ајде Македонија“, денеска во дворот на ООУ„Гоце Делчев“-Штип, вработените и учениците организираа еколошки ликовен хепенинг со изработка на ликовни и пластични творби од ученичките активи на одделенска и предметна настава.

Friday, September 27, 2013

Конкурси

Конкурсот за откуп на уметнички дела од страна на Министерството за култура на РМ е распишан и ќе трае до 31.01.2014 г., а е објавен во дневниот печат како и на www.kultura.gov.mk Во конкурсот е наведено дека приоритет ќе имаат квалитетни ликовни дела од автори од РМ, кои дале придонес во современата ликовна уметност, како и правни,физички лица и автори кои ќе понудат дела за откуп. За ррезултатите учесницитее на конкурсот ќе бидат известени по 60 дена. Меѓународните детски ликовни конкурси „13 Ноември“, „Мал Битолски Монмартр“ и „Илинденски денови“, веќе се распишани па заинтересираните ученици и ликовни педагози може да се пријават за учество на истите.

Thursday, September 26, 2013

Собрание на ДЛУШ

Вчера, ДЛУШ го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое беа разгледани активностите во изминатиот период,подготовките за Традиционалната годишна изложба, а беше избрано и ново раководство по изминатиот мандат на претходното. ДЛУШ е сталешко ѕдружение на граѓани со цел афирмирање на ликовното творештво,презентирање на современото сликарство,графика и скулптура, како и заштита на професионалните интереси.Тоа досега има организирано голем број групни и самостојни изложби и веќе 46 години ги презентира на јавноста своите ликовни дострели, како во Штип, така и вон него: Пробиштип, Кочани, Куманово, Скопје,Струмица, Битола,Прилеп и др. Во неможност да ги сензибилизира носителите на јавни функции и да лобира кај протективни субјекти, ДЛУШ сега едвај опстојува.Нема своја анализа на ликовно-естетските и културните потреби, кадровската инфилтрација подолго време е во застој, бидејќи нема подмладок, дветретини од членовите се во поодминати години и пензионери, а развојните концепти без подршка од институции и поединци е неможна. Неедуцираноста на членството и раководството за дејствување во согласност со структурите за ротација,кредибилитет,дефинираност и вреднување во новите услови, ќе го доведат друштвото до маргините за опстанок и после половина век активност можно е целосно да згасне ако благовремено не се превземат соодветни чекори.

Sunday, September 22, 2013

Потсетник за квалитетна и неквалитетна ликовна активност

Ликовната активност во наставата или вон неа е квалитетна кога ги содржи следниве компоненти: - Кога има јасна цел и дефинирани задачи; - кога учениците стекнуваат ликовни знаења и способности и напредуваат низ организирани ликовни форми и начини на работа; - кога содржините овозможуваат разновидност и ликовен израз на секој ученик одделно; - Кога ликовната активност добро е испланирана, осмислена и одговара на желбите и можностите на учениците и истата носи задоволство; - кога се добиваат остварливи резултати/самооценување/; - кога постои континуитет и фитбек/повратна информација/; - кога постои корелација, другарство и соработка; - кога постои самодисциплина, помагање,сугерирање и насочување; - кога програмираните ликовни задачи ученикот ги доживува како доверба.Во спротивно ликовната активност е неквалитетна кога нема цел и задачите се нејасни, преценети или потценети; - кога има низок степен на реализација и достигања; - кога планирањето и подготовките се сиромашни и конфузни; - кога ликовната активност не носи предизвик и љубопитност; - кога нема доказен материјал за вреднување; - кога има неусогласеност; - кога активноста е строго наметната и не дава можност за флексибилност; - Кога ликовниот педагог или ментор, реагира нервозно или рамнодушно на неуспехот или успехот на ученикот.

Wednesday, September 11, 2013

,; float: left; margin-bottom: 1em; margin-right: 1em;">

За детското ликовно творештво

„ ...Искреното детско ликовно изразување, престанува со пубертетот, кога завршува детскиот и започнува младешкиот психички живот. Во оваа возраст е карактеристично ликовно изразување со поголемо размислување.Тоа придонесува веќе детскиот цртеж да ја губи својата специфичност.Затоа ликовните педагози што се занимаваат со детското ликовно творештво треба да настојуваат и да најдат можност, децата и во поголема возраст, по 14 години, да можат да ја зачуваат слободата,свежината и леснотијата во ликовниот израз.Затоа се организираат многубројни изложби и ликовни конкурси, на кои се гледаат стремежите,настојувањата и педагошките форми и методи, што се применуваат кај нас и во другите земји, во областа на ликовното образование на децата... Ако правилно го разбираме ликовното творештво и начинот на искажување, тогаш лесно ќе можеме да го развиваме.Ликовниот педагог е еден од битните фактори во училиштето и надвор од него во развивањето на детското ликовно творештво и образование...“. -Од прирачникот „Детскиот свет во линии и бои“-В.Ѓорѓиевски-Н.Този/

Sunday, September 1, 2013

Ликовните секции-“гордост“на училиштата

Во општинските основни и средни училишта, меѓу другите, активно работат и ликовните секции. Со нив секако раководат ликовните педагози од тие училишта.Со години во холовите на училиштата, со помош на своите наставници, членовите на овие секции подготвуваат постојани изложби на ученички ликовни творби и се грижат за естетското уредување на ентериерот. Членовите на ликовните секции вообичаено се одбрани поталентирани ученици кои често учествуваат на разни ученички ликовни конкурси и манифестации од општински, државен и меѓународен карактер.Во минатите години, активностите на секциите ги координираше Здружението на ликовните педагози.Веќе подолг период тоа стагнира, поради пензионирање на голем број ликовни педагози и потребно е ревитализирање на ова струково здружение, за што поголем интерес треба да пројават младите наследници на старите добри ликовни педагози, кои несебично и ентузијастички се вградија во афирмацијата на училиштата, на ликовен план. За тоа нешто зборуваат и бројни признанија добиени на државни и меѓународни конкурси. Практиката треба да продолжи, а не да згасне. Условите за работа на секциите да се подобри во училиштата за да може да се подобрат и очекуваат поголеми успеси.

Monday, August 12, 2013

Современата апстрактна уметност и творечката слобода на уметникот

Модерната уметност е едно постојано експериментирање,истражување и откривање.Како естетички принцип ја има слободата на изразот и спонтаноста на потсвесните импулси. Таа не ги признава класичните ограничувања и појдува од ставот дека се е дозволено, дека слободата на уметничккото творење е неограничена, дека се е оправдано ако се изрази невообичаено и се постигне една нова необична емоција.Според В.Кандински,основен принцип на уметноста е принципот на „внатрешната неопходност“.Тој принцип го оправдува секој формализам во уметноста, дури и самото нарушување на нејзината закономерност.Уметникот треба да е совршено слободен,да го слуша сво јот внатрешен глас и ликовно да го искажува само него.“ Според Херберт Рид „таквото сликарство не е резултат на некаков процес на истражување.Создавањето на објективен и независно од сознанието објект или илузија на внатрешно чувство, за кои уметникот изнаоѓа соодветен симбол, не е неопходно.Симболот веќе се претворил во автоматски регистратор на сопственото, на самосознанието, тој веќе не е организиран за прикажување на формата,тој е слободен..“Само ослободена работа претставува работа од сопствната цел, кога се остварува целосен преглед.Само со таква работа непосредно потребна креативна фантазија, која отвора нови подрачја во сликарската дејност.

Tuesday, August 6, 2013

Симболиката во детскиот цртеж

Секој детски цртеж во себе ја крие интимата на доживеаната инспирација, било таа да е директна или индиректна. Таа инспирација се транспонира и прикажува во симболика која има општо значење.Но, ако таа симболика ја проанализираме повнимателно,можеме да воочиме нешто кое во психолошка смисла е општочовечко.Тогаш цртежот се претвора во симболика и претставува ликовен израз на едно внатрешно доживување на една психолошка состојба.Ако се обидеме да проникнеме во симболиката на цртежот, најнапред ќе ги издвоиме најзначајните симболи и кодови. На Пример: реката асоцира на живот што тече, мостот-поврзување,срцето-љубов,рането срце-отфрлена љубов,куќа-безбедност и заштита, оружје-опасност итн. Има многу слични симболи на кои може да им се даде конкретно и индивидуално значење.„Човекот со својата склоност за создавање симболи несвесно ги преобликува објектите во форми и симболи,а со тоа им придава голема психолошка важност.“истакнува А.Јаffe.Понекогаш симболите во детскиот цртеж ги надминуваат тесните рамки на индивидуалното и во себе носат порака која е хумана и општоживотна, исполнета со љубов и радост.

Monday, August 5, 2013

Sunday, August 4, 2013

Ликовните игри - живот на детето и уметникот

Игрите и децата - тоа е едно исто. Потребата за цртање кај децата е физиолошка, природна. Задоволувањето на таа потреба не е само заради правилно психичко и естетско развивање, туку и физичко.Благодарение на цртањето се развиваат покретите и моториката на рацете, се развива способноста за воочување и мерење со окото и разликување на боите.Детето и кога се игра, ликовно твори и фантазира.Таа имагинација ја збогатува неговата креативна способност. Играта и работата се тесно поврзани со дијалектичка еднаквост,спонтаност и заинтересираност за креативност,согласно своите способности и можности.Поради овие заеднички црти „светот“на работата е во ѕаедничка врска со „светот“ на играта. Така личната креативност на играта се разликува од играта како форма на уживање.Малиот човек во играта треба да владее со самиот себе, со тактиката на играта, со доброволната усилба за активност и продукција, значајна за градење човечност. Играта го опфаќа,всушност, моментот на слободната ликовна активност.Прескокнувањето на тој момент претставува премин од една форма во друга. Уметниците често во својата работа ја практикуваат и ја здружуваат играта и продукцијата. Имено, секој уметник сам ги одредува правилата и формите на работа кои се соединуваат во општите црти на производот, со успешен индивидуален уметнички труд.Разликата меѓу играта и уметноста е во тоа што уметноста е поврзана за некој надворешен продукт, каде се гледаат нови црти и творечки облици кои уметникот ги презентира пред јавноста.Така играта претставува и пат до креативноста но и за комуникација со делото. Познати се многу примери на уметнички дела создадени во момент на игра, опуштеност и комбинирање. Денес преовладува мислењето дека играта е општокултурен феномен. Хузинг во своето дело за играта /Homo ludens/,тврди дека и самата култура постанува како игра и од игра. Тој се осврнува на истражувањата на антрополозите, кои утврдиле еднаквост меѓу работата, играта, религијата итн., Таа посредност им овозможувала да ги пребродат дневните потешкотии па така може да се заклучи дека од играта настанала и уметноста.

Monday, July 15, 2013

За ликовната уметност кај нас

Ликовната уметност денес, кај нас, како да е малку дезориентирана, незабележлива, без ликовна критика, негирана и наместо да оди нагоре, работите стануваат се полоши. Ова не е само моја констатација, туку на повеќемина ликовни творци, а згора на тоа исполитизираноста на општеството во кое живееме не ги придвижува работите во позитивна и конструктивна насока. Повеќето ликовни изложби што се организирани се манифестациски или ревијални. Ретко која од нив е со социјално и општествено ангажиран карактер. Уметниците се повлечени и затворени во своите ликовни ателјеа и не се во состојба да влијаат во насока на менување на работите за побогат културен и духовен живот, но и да влијаат во промената на животот на некого од својата околина. Иако во регионот постојат доволно Центри за култура, музеи и галерии, кои меѓу другото, се занимаваат со презентација на ликовната уметност, тоа сеуште не значи дека имаме богат ликовен живот - организитан и осмислен за разни категории консументи, а не само парцијално и кампањски за некое културно лето и слично.

Friday, June 28, 2013

Откуп на ликовни дела

Денеска ме израдува веста што ја соопшти Министерката за култура,Канчевска-Милевска, дека од наредната година Министерството за култура ќе врши откуп на ликовни дела, Не се израдував за тоа дека можеби ќе откупат и некоја моја слика,туку конечно некој се сети дека после триесеттина години повторно ќе може да се офајди некој од моите ценети колеги, а секако ќе се збогатат и подноват ликовните збирки во музејските и галериските установи.

Thursday, June 27, 2013

За образованието

Иако овој пост нема директна суштинска врска со ликовната педагогија и уметноста, сепак индиректно има свои допирни точки.Повод за истиот се состојбите во образованието видени низ анкета на голем број ученици,професори, родители,директори на училишта и коментари од читателите на весникот „Нова Македонија“. За професорите се споменуваат атрибутите:неафторитетност,корумпираност,нестручност, некомуникативност,немотивираност,некреативност,непринципиелност,необјективност во оценувањето и сл.,а за учениците и родителите: агресивност,недисциплинираност, невоспитаност, непочитување, неучење, незаинтересираност за наставата и воннаставните активности, оптовареност со часови,бегање од настава,санкционирање и ред други негативни и девијантни појави и состојби, во зависност од тоа од кој аспект и ракурс се гледаат. Особено сега ги разбранува учениците,професорите и родителите извршеното екстерно оценување. Ова е компликуван и комплексен општествен проблем и истиот треба компетентно да го решаваат одговорните просветни институции. Сличен проблем во образованието, пред повеќе години имало во Финска, но тие успешно го надминале, можеби не 100%, но во глобала сепак го решиле. За надминување на оваа состојба секако е потребна напорна и несебична работа и посветеност, личен пример и соодветен валоризирачки и вредоносен систем, кој ќе ги сведе на минимум сите детектирани негативности во образованието, почнувајќи од највисоките до најниските инстанци. Само така ќе се поврати благородноста на професијата и вербата во образованието.Во спротивно, тоа ќе „тоне“ се подлабоко.Ова мое мислење се базира на долгогодишно лично позитивно и негативно искуство во работата како ликовен педагог, стручен соработник,културен активист и уметник.Секогаш бев коректен, исполнителен, толерантен и отворен за соработка со секого. Тоа вроди со видни резултати на училишно, општинско, државно и меѓународно ниво, со бројни сертификати, дипломи ,награди и признанија, меѓу кои и признанието просветен работник на годината со солидна оцена и од државниот просветен инспекторат. Меѓутоа кога работите без твоја вина некој ќе ги „избрка„ неизоставно остава последица и црно петно кое со ништо и никој неможе да го избрише засекогаш.

Tuesday, June 25, 2013

Изложби на ШКЛ-2013

Во рамките на Штипското културно лето годинава ќе се одржат само три ликовни изложби и тоа од Меѓународната ликовна колонија Де Ниро од Битола,30 години ликовно творештво на Владимир Темков од Кавадарци и изложба на графики од македонски графичари.Иако имаше можност за побогата ликовна понуда, поради многукратно редуцираниот буџет се намалени и постановките.

Sunday, June 16, 2013

Изложба на Новица Трајковски

Во изложбениот салон на ОУДК„Крсте Мисирков“-Св.Николе, во тек е изложбата на слики од Новица Трајковски.Трајковски досега има изложувано повеќе од триесет самостојни и повеќе групни изложби во земјава и странство.Оваа излложба е мал сегмент од една поголема изложба што треба да се случи наесен во изложбениот салон на МАНУ.

Friday, June 7, 2013

Изложба на скулптури

Во рамките на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински„денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, ќе биде отворена изложба на скулптури од д-р Никола Смилков, академски скулптор и декан на Факултетот за образовни науки од Штип. Смилков пред прилепската културна јавност ке се претстави со 15 скулптури иёработени во мермер со нему својствен перфекционизам и апстрактно геометриски форми кои асоцираат на монументализам.

Thursday, June 6, 2013

Ликовни изложби и колонии во 2012

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 г.бројот на организирани ликовни изложби изнесува 578 и во споредба со 2011г. е намален за 1о,1%.Во истиот период е намален бројот на ликовни уметници учесници на изложбите, за 3,1%, а за 17,7% е намален бројот на посетителите на ликовните изложби. Во 2012 се организирани 25 ликовни колонии, а бројот на ликовни уметници учесници од земјава и странство е зголемен за 47,9%.

Wednesday, June 5, 2013

Изложбени активности во Дом на млади

Меѓу другите програмски активности Домот на младите во Штип,редовно организира и промовира изложби на млади уметници.Досега има оганизирано повеќе вакви изложби,а овде ке ги спомнам последните самостојни изложби на Тоше Ристов и Моника Милева.Тоше се занимава со уметничка фотогафија, а Моника е студент и самоук уметник.Во Штип има многу млади влјубеници во ликовната уметност,но поради немање организирано едукативно студио истите се оставени сами на себе.Порано ликовни клубови и студија егзистиаа во Центарот за детско творештво, Домот на културата и Домот на младите, но денес тие веке не постојат.За поуспешна ликовна и изложбена активност во овие институции секако е потребно ангажирање на стручно лице-ликовен соработник.

Wednesday, May 29, 2013

Авторска изложба на Горанчо Ѓоргиевски

„Кураториал воркшоп“ е авторска изложба на нашиот сограѓанин Горанчо Ѓоргиевски-кустос во Националната галерија на Македонија,која како уметнички проект е претставена во неколку уметнички центри во Р.Словенија, Србија и Црна Гора.Во проектот учествуваат повеќе ликовни уметници, уметнички групи и фотографи, а самата изложба има позитивни критики и е погласна за изложба на годината, бидејки кустосот отишол во простори, кои досега не ги опфатил ниту еден кустос.

Thursday, May 16, 2013

Wednesday, May 15, 2013

Изложба на карикатури

Во НУЦК „Ацо Шопов“-Штип е поместена изложба на карикатури од 14 Меѓународен фестивал на карикатурата од Струмица -„Трим еротикон“.На изложбата се застапени автори од Македонија, Бугарија,Србија, Хрватска,Црна Гора,Босна и Херцеговина,Словенија,Украина, Романија, Полска, Финска,Турција,Русија,Ерменија,Узбекистан,Австрија,Германија,Грција и Куба.

Примери,содржини,ликовни елементи и принципи за градење композиции во ликовната уметност

Компонирањето е ликовен процес на составување, распоредување и поврзување на ликовните елементи во целина. Зависно од концепцијата, идејата, материјалот постојат неколку видови композиции.Формалната структура на композицијата зависи од форматот и ликовните елементи со кои се реализира композицијата.Според тоа може да се прават разни вежби на линеарни композиции,вежби со светло-темни односи/тонска моделација/, вежби за решавање на проблемот на композицијата во маса/разни техники/,релјефно-пластична композиција во разни структури, тродимензионална композиција со комбинирано-контрастни материјали,контраст на ликовно иѕразните форми/сличност,различност,доминација и сл./,решавање на колористичка композиција /моделација-модулација/,геометриска композиција и вежби со три основни форми-квадрат,триаголник и круг,вежби за компонирање со ликовните елементи боја,форма,простор,правец,рамнотежа итн./реализација во повеќе техники/,композиција по мотив или природа/ентериер,екстериер/,трансформација - рекомпозиција,Композиција по златен пресек /фигуративна,апстрактна/Отворена слободна композиција,Затворена /кружна/ композиција,Асиметрична композиција,Симетрична композиција, Хармонична и контрастна композиција,Слободно ритмичко компонирање, Полуотворена или фриз композиција,композиција од комбинирани варијанти,Хоризонтална, вертикална и дијагонална композиција,пирамидална и просторна композиција, ритмичка композиција со фауна и флора, историска и жанр-композиција.Редефинирање и анализа на дела на изложба - естетско проценување.Овие постапки и принципи при компонирањето може да се повторуваат во сите ликовни подрачја.

Wednesday, May 8, 2013

Tuesday, April 30, 2013

10 Години сеќавање

Синоќа во Уметничката галерија во Штип, Фондацијата „Маја Бикова“ ја организираше меморијалната изложба на прерано починатата талентирана уметница Маја Бикова.За творештвото на Бикова говореше директорот на Заводот и Музеј-Штип, кој меѓу другото ја истакна улогата на фондацијата во афирмацијата и подржувањето на талентираните ученици и студенти, овозможување услови за работа и организирање изложби и конкурси.Повеќе за Маја Бикова можете да видите на веб страницата www.majabikova.org.mk

Monday, April 22, 2013

Ликовноста во секојдневниот живот

Каков би бил животот без ликовноста.Дали многу науки како медицината, физиката, хемијата, биологијата итн. би се развивале без постоење на цртежи. Како би комуницирале во сообраќајот, без сообраќајните знаци, како би комуницирале без визуелните кодови,симболи и знаци, кои користат ликовен јазик-боја, форма,линија,цртеж за да би можеле да ја разбереме пораката. Како би реконструирале историски и други настани без слики, графики и скулптури. Како би осознале географски простори без цртање скици,планови,картографски мапи и др.Како би ја знаеле верата и религијата без иконописот, фрескоживописот и калиграфијата. И на крајот, колку е пресуден за секојдневниот живот современиот модерен дизајн на производи од разни области, значајни за успех на пазарот и во животот. Затоа должни сме на идните генерации да им пружиме соодветно ликовно образование адекватно на времето во кое живеат, како би можеле во современиот свет да функционираат слободно, креативно и континуирано. Ликовната неписменост ја прави личноста осиромашена и нецелосна, а тоа секако не е цел на ликовната педагогија.

Monday, April 15, 2013

Основи на едукација и работа во креативна настава по ликовно образование

Теоретската и практичната работа по предметот ликовно образование се одвива во неколку ликовни подрачја и дисциплини: 1. ПЛОШНО ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ - ЦРТАЊЕ, СЛИКАЊЕ а/ вежби за запознавање на својствата и карактеристиките на цртачките материјали, б/ идејни скици со линии,форми и различни средства, в/ цртежи со разни содржини и корелации, г/ цртежи со разни мотиви, техничко-технолошки постапки и ликовни елементи и принципи, д/ цртежи - скици за дизајн, ѓ/ Ликовни творби со сликарски класични и некласични постапки и материјали при употреба на бои во различни сликарски техники, е/ цртежи и ликовни вежби за усогласување на мотивот и начинот на реализација- импресија,експресија,симболика,конвенционалност транскрипција,апстракција итн., со карактеристични уметници-претставници на овие сликарски правци. 2. ГРАФИЧКО ИЗРАЗУВАЊЕ, а/ Ликовна творба како вежба за совладување на основните претпоставки на графичка постапка, б/ Графички техники со битни својства на медиумот, в/ графички задачи-применета графика: илустрација, вињета, насловна страна, плакат и др. г/ познати графичари, домашни и странски. 3. ТРИДИМЕНЗИОНАЛНО СКУЛПТУРАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ а/ ликовни творби со карактеристична едноставност при техничката постапка и материјали од полна маса:глиномол,глина,гипс,кит,пена и сл.како и материјали од жична и лисната маса:картон,фолија,папир пластика,жица, канап и сл. б/ скулптурални творби со разни мотиви и структурална усогласност на ликовната идеја-керамопластика, теракота, в/ старежни скулптури и асамблажи- широк спектар на отпаден и рециклирачки материјал. 4. ЛИКОВЕН ИЗРАЗ КАКО ОДНЕСУВАЊЕ И ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ-АМБИЕНТОТ а/ Движења на телото со кои се означува доживувае на просторна димензија-хепенинг, б/ Интервенции во простор за промена на изразноста, в/ интервеенции во простор за хуманизирање на амбиентот. 5. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОШКИ МЕДИИ -фотографија,филм,видео,компјутер,Лцд и др.виѕуелни комуникации. 6. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ, како барање и откривање креативни, оригинални иницијативи и поттикнувања содржани непосредно во самиот медиј на лликковно мислење и дизајнирање. Вреднувањето и оценувањето се врши по ликовни стандарди и критериуми според возраста и начините на восприемање и транспонирање.

Wednesday, April 10, 2013

Концепт -Амбиентални инсталации

Цел: Дружење,разговори,ракување со природни материјали и човечки производи,максимално редуцирање и уметничко изразување. Фази: Планирање и подготовки за почеток, планирање и следење на материјалните трошоци,оценување и вреднување,претставување, следење на предизвиканите реакции. 1.Обезбедување материјали за работа, 2. група соработници со можност за проширување, 3. заедничко договарање, 4. ослободување на креативниот потенцијал на секој до максимум. 5. флексибилни промени, 6. респектирање на просторот, времето и основната тема, 7. мобилност и трансформација. 8. рамноправност и толерантност во рамките на проектот чиј автор е организатор. 9. проширување напочетната инсталација и редефинирање на визуелното и 10. внесување модерен некласичен начин на работа, вреднувањето и презентирањето на временото уметничко дело.

Sunday, March 31, 2013

Меѓународен ликовен конкурс

Фондацијата“Мал зограф“,во соработка со Општина Банско и Центарот за деца го организираат Светскиот конкурс за детски цртеж “Банско 2013“ Право да конкурираат имаат деца од 4-15 год.Рок на доставување на творбите е од 1.мај до 15.јуни 2013г. Подетални информации на www.malikzograf.com

Tuesday, March 19, 2013

Тематска изложба на ученички творби

По повод меморијалното одбележување на Денот на депортацијата на евреите од Штип во концентраци0ниот логор Треблинка, во Штип беше поместена изложба на ученички ликовни творби на тема за холокаустот.

Monday, March 11, 2013

Некои ликовни техники

Многу сликарски техники во минатото љубоморно биле чувани во тајност од страна на мајстори, тајфи и еснаф. Така венецискиот дужд строго забранил откривање на техниката витраж со која биле украсувани прозорците на катедралите.Меѓутоа во поново време нема техника која не е обелоденета и за која не е пишувано. Во оваа прилика сакам да ве потсетам на иконописот и фреското, како најстари сликарски техники и две современи техники холограм и фото-цртеж: Иконописот е сликање на даска од оревово дрво, на кое претходно е каширано платно со туткал. Потоа се препарира со посна препаратура /гесо/ и се шмиргла за да биде мазна површината на која ќе се слика.Контурите се нанесуваат тенко по шаблон или цртеж. Се слика со јајчана темпера т.е.1 жолчка,малку вода и неколку капки јаболков оцет измешани во пигмент. Бојата се нанесува лазурно со мека четка. За ореолот се користат златни листови или златна боја.На крајот иконата се лакира со безбоен лак за заштита. Фреското е сликарска техника при која бојата се нанесува на влажен малтер /all frescco/ или на сув малтер /all secco/.Била особено омилена во средновековната уметност.Рецептурата за подготвување на бојата се разликува во зависност за каков приод се работи.За сликање на влажен малтер пигментите се нанесуваат ретко со емулзија од исцедена жолчка и варна вода, додека за сликање на сув малтер бојата се нанесува пастозно во казеин техника/варна вода и пресно сирење/ Холограмот е многу посложен процес во кој се користи техника со ласер,светлосен зрак, ултразвук и сл.Преку специјални огледала се одразува сликата на фотоплоча или тридимензионално и виртуелно во реална или апстрактна невообичаена трансформација.Тука секако како помошно средство се компјутер,видео, принтер и сл/. Со туш и перце или водоотпорно мастило цртаме на црно-бела фотографија.Ги извлекуваме оние контури кои се предмет на нашето ликовно изразување.Откако ке се исуши фотографијата целосно ке ја ибледиме во раствор на јод и ја фиксираме. Резултат на тоа е потполно бела позадина со туширани партии што го истакнувааат цртежот/.

Копии на икони