Monday, October 29, 2007

Две квалитетни ликовни изложби

Деновиве во Уметничката галерија -Безистен
беше отворена првата самостојна изложба на сликарот
Владимир Георгиевски во Штип, која беше во рамките на
одбележувањето на Месецот на Мисирков, а во органи-
зација на Фондацијата Рамковски.
Истовремено во Центарот за култура Ацо Шопов
истотака своја прва самостојна изложба во Штип отвори
сликарот Павле Кузмановски од Тетово.

Wednesday, October 10, 2007

Штипска рапсодија

Штипска рапсодија е насловот на втората самостојна изложба
на ликовниот педагог и сликар Трајче Радојевски, која денес во
12 часот беше отворена во изложбениот салон на ЦЕНТАРОТ ЗА
КУЛТУРА-АЦО ШОПОВ-ШТИП.
На изложбата се застапени дваесеттина слики масло на платно
тематски обработени со роднокрајни мотиви од Штип, апостро-
фирајки атмосфера и временско раздобје низ лазурен премаз со
сликарски нож. Изложбата е во чест на претстојните празнични
денови и е во организација на фестивалот Макфест.