Thursday, March 6, 2014

Изложба и промоција

По повод Меѓународниот ден на жената во НУ-У библиотека „Гоце Делчев“-Штип се одржа перформанс со ликовна изложба на тема „Цвеќето во мене„ на Љуба Живановиќ и промоција на книга „Песна во гнездото“на Цвета Спасикова.За творештвото на Живановиќ говореше ликовниот педагог Наталија Џамѓозова,а за Спасикова - Јованка Кокошкарова и Розе Костеска. Нацртот на корицата е на Петре Колев.

Saturday, March 1, 2014

За уметноста

„...Дали ова е крај на уметноста? Претопување во епоха на науката и техниката, пробив во зона на обездуховена цивилизација? Секако, таа умеетноста е рефлексија на една голема општествена и душевна криза...Не каде оди уметноста, туку каде се движи човештвото - тоа е прашањето. Ако неговиот пат е човечки, тогаш и еманациите на современата уметност, слични на таинствена и непозната шифра,ќе се покажат како азбука на една нова, многузвучна и мисловна уметност.Бидејќи, човекот не може без уметноста, ниту уметноста без човекот...“