Saturday, November 29, 2008

Карпестата уметност во светот и кај нас

Карпестата уметност го опфаќа сликарството и идолоформите
на првобитниот човек и датира уште од старото камено време
/палеолит,30000 г.п.н.е./,а се провлекува се до појавата на рано-
христијанството. Палеолитското сликарство,уметноста на
пештерскиот човек, пиктографи и петроглифи/примитивна
фигуративна уметност/ е вгравирана воплиток релјеф на камени
плочи и стени.
Почнуввајки од 17в., кога еден норвешки учител открил
трагови на карпеста уметност во Шведска, интересот за оваа
уметност, како посебна дисциплина во проучувањето во
историјата на ликовната уметност,почнал да сезголемува.
Во 19 в. се откриваат податоци за карпестата уметност во
Англија, Ј.Африка,Сахара и Австралија, како и за карпестото
сликарство на американските индијанци, Во 1890 г.откриено
е едно многузначајно карпесто сликарство во Алтамира -
пештера на Пиринеите, во Шпанија, а пет децении подоцна
и во пештерата Ласко во Ј.Франција.Неколку години подоцна
повеќе истражувачи пишувале за оваа уметност, но само
двајца од нив, Абе Хенри Броил и Хуго Обермаер, опишу-
вајки ја, ја овековечиле и создале „школа“за културен пристап
кон истражувањето и проучувањето. Сликарството на кар-
пестата уметност е реалистично. Тоае живо, со жив покрет
на луѓе, животни/бизони,диви коњи,диви свињи,дивокози,
елени антилопи,жирафи и др./,потоа јавачи, ловци со кучиња
птици,орнаменти,знаци и други сцени и пораки сликани
со необично постојани бои и природна патина. За ова
сликарство се грижат специјализирани институции и орга-
низации,музеи и центри за проучување, заштита и реста-
врирање,меѓу кои Федерацијата за карпеста уметност,
УНЕСКО, центрите за карпеста уметност во Европа,Азија
Африка итн.
Во 1964 г.во Италија е формирана меѓународната асоцијација
за студии на праисториската уметност. Во неа членуваат голем
број истражувачи од над 9о земји, кои превземаат истражувања
на разни страни од целиот свет. Тие во своите истражувања
користат современи радиокарбонски /Ц-12 и Ц-14/ и други
археолошки методи,анализи и компарации.Досега се иденти-
фикувани над 1000 локалитети со над 100.000 артефакти.
Каква е оваа уметност и колку наназад допира говорат голем
број студии за повеќе наоѓалишта,проучувани од еминентни
стручни лица. Нејзините културни дострели се видливи и
се рефлектираат во современото ликовно творештво,преку
инспирација,идеја,синтеза,апстракција и сл., а допирни
точки има и со традиционалните уметности на Абориџините,
Бушманите, Бедуините,Ескимите,Аинуите, Јомоните, Инди-
ланцитеи др.групи народи.Најпознати пронаоѓалишта на оваа
уметност се во: Шпанија, Франција, Австрија, Италија,Маке-
донија, Бугарија,Грција, Турција,Југославија,во Африка-
Зимбабве, Танзанија и др.во Азија-Урал и Сибир, Кина,
Авганистан, Индија, Индонезија, Јапонија и др. Постојано
расте бројот на новооткриени локалитети во светот и кај нас.
Палеолитско-неолитски трагови и трагови на карпеста
уметност се откриени и во Р.Македонија.Зонитево кои се
сретнува се долините на реките Вардар, Брегалница,Црни
Дрим, Овче Поле, Пелагонија и подрачјето околу Охридско
езеро, Куманово, Крива Паланка и Кратово.
Карпестата уметност побудува голем интерес и нејзините
локалитети масовно сепосетувани од голем број стручни лица
професори,етнографи,уметнички фотографи,ликовни уметници
и критичари, археолози,антрополози, историчари и истори-
чари на уметноста,но истотака и од голем број обични луѓе и
туристи. Сите тие во неа бараат историска реконструкција
на настаните, во социолошки и духовен поглед, но и за
естетско и културно запознавање и задоволување на интересот
запосестрано видување наоваа уметност и потребата за иден-
титет какочленови на човековиот род.
На Првиот светски конгрес на карпестата уметност што се
одржа 2002 г.во Скопје, формирана е светска академија за
карпеста уметност, како највисока институција за проучување,
а од 2007 г.во рамките на Универзитетот „Г.Делчев“-Штип,
работиИнститут, регионален центар за карпеста уметност за
Источна Европа, со кој раководи д-р.Душко Алексовски.

Thursday, November 20, 2008

Малиот Битолски Монмартр во Штип

Денес во изложбениот салон на Центарот за култура
„Ацо Шопов“ во Штип беше отворена постановка од
бисерите на МалиотБитолски Монмартр, меѓународна
детска ликовна колонија која веќе 28 години се одржу-
ва во Битола, во организација на Детското ликовно
студио „св.Кирил и Методиј“,чиј основоположник е
ликовниот педагог Коста Хаџи Антоновски. Изложба-
та ќе ја посетат ученицитеод основните и средните
училишта во Штип.

Saturday, November 8, 2008

Ликовните уметници за градот

По повод 8 Ноември - Денот на ослободувањето на Штип,
Националната установа Библиотека Гоце Делчев организи-
раше самостојна ликовна излозба на Боре Минов, во нацио-
налната установа Центар за култура Ацо Шопов се помест-
ени сликите од годинашнава ликовна колонија Ѓуриште, а
во уметничката галерија Безистен излозуваат членовите на
Друштвото на ликовните уметници на Штип со својата 41
традиционална годишна ликовна постановка.

Wednesday, October 8, 2008

Основни изведувачки стандарди за воспитно-образовна работа по ликовно образование

За успешно спроведување на програмските содржини
во наставата по ликовно образование од подрачјата на
цртање,сликање,графика,скулптура,дизајн и визуелни
комуникации, потребно е исполнување на извесни
предуслови, кои би требало да ги имаат училиштата,
ако се сака современа настава по овој предмет. Еве
еден стручен пример на норматив за опремување на
универзален ликовен кабинет за просечно одделение
со потребниот мебел,алатки,ликовен материјал,наста-
вни средства и помагала.
1.КАБИНЕТ-сала за ликовно ателје-простор кој учи,
кој отсликува идеи и ликовни вредности /да се наоѓа
на северна страна со индиректно светло/.
2.КАНЦЕЛАРИЈА-биро на ликовниот педагог/во
состав на кабинетот/служи за подготовка,набљуду-
вање,снимање,програмска администрација и чува-
ње на средствата и материјалите за настава.
3. МЕБЕЛ:
- Работно место, цртачки масички со подесување,
ученички столчиња,сликарски штафелаи и табли,
ногари/штафелаи/за моделирање,статив за модели
шкафови,изложбени панои,релјефни табли,ЗГ-гарде-
роби,умивалник,кофи,кошница за отпадоци и ХТЗ-
средства.
4. СРЕДСТВА И ПОМОШЕН ПРИБОР.
- Прирачна библиотека со стручна литература,
прибор запластично обликување,линир 100 см.,
палети за боја, чашки,четки,ножици,мини-преса,
гумена ракла,ваљаци за нанесување графичјка боја,
графички ваљаци заотисок /ф-32х247/,тиф резачи,
глета,скулпторски прибор/колекции од ножови за
моделирање.
5.НАСТАВНИ ПОМАГАЛА И СРЕДСТВА:
- Репродукции од класични и современи уметници,
ученички творби,слајдови,видео,ленти,цд,двд,тв,
цд-плеер,компјутер,скенер,печатач,лцд-проектор,
слајдер,графолукс,дигитален фото-апарат,камера,
екранско платно.
6.НАСТАВНО НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА;
- Ликовни збирки/цртачки,сликарски,графички,
вајарски,дизајнерски и сл./дводимензионални и
тридимензионални предмети,мотивациони модели,
предмети со разна текстура и структура,ликовно-
визуелна документација.
7.МАТЕРИЈАЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА:
- Цртачки материјали и прибор за разни постапки,
сликарски прибор и материјал за разни техники,
материјали замоделирање и пластично обликување,
графички материјали,материјали за дизајн и приме-
нета уметност.

Friday, September 26, 2008

Учебници по ликовно обрaзование

Учебници по ликовно образование кои досега
се објавени и одобрени од МОН во Македонија се:
1.Цртање од НикоТози, 2 Светот во бои 1и2 од
Ванчо Ѓоргиевски, 3.Ликовно образование за 5-8
од ДанчоОрдев, 4.Ликовно образование за 5-8 одд.
од Богомил Карлаварис и Гоце Наневски со сорабо-
тници и Ликовна култура 1 од Борка Лазески
и Ликовна култура 2 од Лазески , какои еден од
Владимир Величковски за средно образование.

Thursday, September 18, 2008

Визуелна комуникација со уметничко дело

По интенција на нејзиниот творец модерната ликовна
творба не настојува да репродуцира,туку да репрезентира,
не да претставува, туку да зборува со специфичен визуе-
лен код. Таа не настојува да достигне совршенство,туку
да означи одреден став кон нешто, да упати естетска
порака до реципиентот, со нови сфакања на визуелното
доживување.
Модерната ликовна творба како естетски принцип ја
имаслободата на ликовниот израз и спонтаноста на емо-
тивен, експресивен,потсвесен,психолошки, реалистички,
натуралистички, рационален или ирационален однос
кон се она што не опкружува.
Во уметничкото дело бојата е корпусот на сликата,
евокативен знак, понекогаш независен,понекогаш до-
даток на цртежот,кодирана шифра со друга димензија.
Скулптурата има максимален духовен израз со суб-
јективен став, додека графичките уметнички творби
имаат современи ликовни решенија и медии.

Monday, September 1, 2008

Инсталација

Почесто во современаталиковна уметност го сретнуваме
терминот инсталација.Што е тоа? Инсталацијата како
уметност е создадена за одредено карактеристично место,
искористувајки ги предностите на тоа место. Таа може да
биде привремена и постојана. Преку користење на
скулптурни материјали и други медиуми, инсталацијата
настојува да го измени начинот на вообичаеното воспри-
емање или доживување на просторот.Инсталацијата
игра со тонови и бои,издвојувајки ги според нијанса,
облик,квалитет. Тоа може да бидат природни и рецикли-
рани собрани материјали на начин преку кој уметникот
почувствувал дека ке ги истакне нивните уникатни
квалитети и ликовни вредности.

Sunday, August 31, 2008

Семинар на ликовните педагози за примена на стандардите за оценување

На 27 август во Оу Гоце Делчев-Штип, во
организација на МОН и Бирото за развој на
образованието се одржа семинар за новите
наставни програми во шесто одделение на
основните училишта, како и за принципите
методите и критериумите за оценување на
учениците во наставниот процес.

Thursday, July 3, 2008

Ликовна колонија ЃУРИШТЕ-2008

Од 29.6. до 7.7.2оо8 год. по осми пат се одржува
ликовната колонија Ѓуриште, која е во организа-
ција на општинската установа Домот на културата
Крсте Мисирков-Свети Николе, а покровител е
Локалната самоуправа.
На колонијата учествуваат дванаесеттина сли-
кари од Свети Николе, Скопје, Штип,Ловеч,Плевен.
Промотивната изложба од колонијата ке се одржи
на 14.9.2008 г.

Wednesday, June 11, 2008

Monday, June 9, 2008

Раслојување во сликарството

1.Преден план - го сочинува реалната површина на
видливите бои.
2. после ова сепојавува тридимензионална простор-
ност, предмети и светлост на сликата,
3. Во таа предметна сфера се појавува движењето,
направено во одредена фаза или поза,
4. Во движењето се појавува живот на ликовите,
снажно помогнат од боја полна со живот,
5. Во гестот на движењето се појавува она што е
човечки душевно,внатрешно, се појавуваат делови од
ситуацијата, страста и чувствувањето,
6.Се гледа и индивидуалната идеја /посебна дла-
бочина/,
7. И конечно се појавува нешто идејно општо,
тематски присутно - фабулата.

Thursday, June 5, 2008

КИЧ - ДА ? или НЕ?

Повод за овој есеј е ликовната изложба на Мазневски
и Шумковски во уметниката галерија Безистен,вклучена
во истоимениот проект на Дирекцијата за култура,кој
треба да појасни што е кич и каков треба да биде приодот
кон него.
Поимот кич потекнува од сликарството и значи пре-
чекорување на границата на убавото; пренагласувајки
поединечни елементи во уметничкото дело, кои пре-
дизвикуваат сладуњавост,сентименталност,патетика исл.
особено при чувствителен ефект со снажно влијание.
Кичот е опасен за уметноста, затоа што останува
непрозирен за оној кој самиот нема сигурно чувство за
форма и мерка; затоа тој можеда заслепи и естетски да
расипе целкруг на луѓе.
Кичот го загрозува само тоа што е убаво и може да
се сретне и во другите ликовни подрачја и уметности
како во: поезијата, музиката, вајарството, дизајнот итн.

Wednesday, June 4, 2008

мртва природа/масло/

Tuesday, May 27, 2008

Правци во сликарството

Реакцијата против претходната состојба ја покренувала
уметноста на сите времиња и да ла нови инспирации за
творење и уметничко делување. Така настанале и големи-
те епохи како романика, готика, ренесанса и тн.По импре-
сионизмот се јавуваат нови уметности таканаречени прав-
ци во сликарствотои тоа - неоимпресионизам, натурали-
зам,кроазонизам,синтетизам,симболизам,експресонизам,
набизам,фовизам,аналитички и синтетички кубизам,орфи-
зам,футуризам,дадаизам,неодадаизам,надреализам,музика-
лизам,конструктивизам,супрематизам,елементаризам,ма-
гичен реализам,дестијл,неопластицизам,вортицизам,лучи-
зам,рејонизам,вибризам,неоверизам,продуктивизам,преци-
зионизам,автоматизам,пуризам,синхронизам, баухаус,сим-
ултанизам,летризам,спацијализам,тонализам,ташизам,нео-
примитивизам,херојски и соц-реализам,мост,син јавач,
метафизичко сликарство,нова стварност,дезилузионарна
уметност,нова уметност,акционо сликарство,апстракција,
лирска апстракција,креативизам, нови сили,конкретна
уметност,енформел,апстрактен експресионизам, поп-арт,
оп-арт,нов реализам,нуклеарна уметност,поетска реалност,
нова фигурација,ангажирана уметност,психичка нефигура-
ција,концептуализам,хиперреализам,посмодерна уметност,
конструктивна уметност,неоконструктивизам,хемиско сли-
карство,кинетичка уметност, геометриска апстракција,
мултипл,кибернетска уметност,технолошка уметност,
минимализам,дематеријализирана уметност, ланд-арт,
боди-арт,компјутерска уметност,електрографска и
електронска уметност, холографија,имагинарна уметност,
интер-медиа,миксед- медиа,мулти-медиа,ласер-арт,лумиа
природна скулптура,програмска уметност,пулса,робот-арт,
софтвер-арт,прохес,ерот-арт,океан-арт,симбиотска умет-
ност и др. Постоењето и влијанието на овие уметнички
правци не е чисто национално и апсолутно и претставува
експериментирање на вкусот.

Sunday, May 25, 2008

Ликовна изложба на Нанче

По повод Денот на просветните работници-24 Мај,
80 години живот и 61 година од матурирањето, во
Центарот за култура Ацо Шопов со своја самостојна
ликовна изложба се претстави Стојан Трниниќ-Нанче.
Нанче има реализирано повеќе самостојни и групни
изложби а на оваа се претставува со триесеттина
слики во акварел со мотиви од Штип и Скопје.

Friday, May 23, 2008

Периодизација на уметничките стилови

РЕНЕСАНСА од околу 1420 - 1520 год.,
Маниризам од 1520 - 1600
Барок од 1600 - 1750
Рококо од 1730 - 1780
Класицизам од 1770 - 1830
Романтизам од 1820 - 1855
Реализам од 1855 - 1875
Импресионизам од 1870 - 1890 год.
Од неоимпресионизмот и фовизмот не може да
се зборува за периодизација на стилови, бидејки
тие се менуваат со вртоломна брзина и се кратко-
трајни. Тоа веќе не се уметнички стилови, туку се
само правци во уметноста.

За ликовната педагогија и уметноста

Ликовното образование и воспитание има за цел да
го развива творештвото, уметничкиот вкус и моќта за
сфаќање, како и да ги развива способностите за мерење
со око, создавање претстави за форми, бои, големини
простор и слични ликовни прашања од ликовниот јазик.

Уметноста всушност е заклучена во природата.
Кој умее да ја извади нејзе тој и ја владее.
А.Дирер
Уметникот треба да се наслонува и подржува
до природата, но да не ја репродуцира во сликата.
Сликарот слика за да се ослободи од чувства и
визии. Пикасо

Да се биде сликар треба да се има мисија во
животот, која бара особен начин на живеење, а
не само посебен начин на сликање.
Ништо не е недостојно за вниманието на сликарот.
Сите нешта можатда бидат предмет на сликарството-
столицата, цокулите,книгата,кутијата од сардини,
лулето, лукот, итн.Тоа што е битно е чувството кое
сликарот им го вдахнува.
Ван Гог.

Thursday, May 22, 2008

Рекле за уметноста

Всушност,сета уметност во животот е еден вид
симболична слика на љубовна драма, која го пре-
обликува и потресува животот на поединецот.

Колку и да е стравичен животот, постоењето на
творечката активност, која е сама за себе цел, довол-
но е да го оправда живеењето.
Во уметноста е вистината

Monday, May 19, 2008

Стандарди и критериуми за оценување

Во организација на БРО при МНО, а со
подршка на УСАИД деновиве се отпочна со
реализацијата на проектот за успешно оце-
нување во предметната настава на основни-
те училишта во Републиката. Целта на овие
семинари е да се оспособат сите наставници,
меѓу кои и ликовните педагози за применување
на новите стандарди за оценување кои законски
ке стапат на сила со почетокот на новата учебна
година.

Tuesday, May 6, 2008













изложба на ликовни
ученички творби во
оу Г.Делчев

Friday, May 2, 2008

Изложба на ученички ликовни творби

Во рамките на одбележувањето на патрониот
празник, меѓу другите активности во холот на
О.У.Г.Делчев, беше поместена изложба на ликов-
ни творби од учениците изработени во оваа учеб-
на година. На творбите покрај наставно-дидактич-
киот процес се забележуваат и креативно-ликовни-
те можности на учениците.

Tuesday, April 29, 2008

Величковски - омаж

Во уметничката галерија во Штип, Заводот-музеј,
организираше промоција на кусометражен филм за
творештвото на проф.др.Владимир Величковски од
Бранко Гапо. Истовремено беше промовирана прва
монографска едиција на музејот за Величковски и
самостојна изложба на која за сликарскиот опус на
Величковски, зборуваше сликарот Милош Коџоман.

Thursday, April 24, 2008

Сликање со прсти

Агресивно дете со сликање може да го изрази својот
гнев во себе. Хиперактивно дете и детето со тешкотии
во моторичната координација, кога слика со прсти чес-
то постанува смирено и концентрирано, иако најчесто
докрај не ја завршуваат ликовната творба. Тие преку
неа зборуваат за својот живот, за чувствата, стравот,
гневот кон другарите, родителите, наставниците и сл,
при што можат на својот наставник да му индиректно
покажат каде се нивните проблеми.
Сликањето со прсти душевно смирува.
Дете кое слика со прсти може да го менува колоритот,
формите и брзо да ги брише без да има многу умешност
за скикање. Сликајки со тактилноста на прстите тоа
всушност потсвесно ни ја раскажува својатаприказна
или порака.

Wednesday, April 16, 2008

Програмираната активност - поттик на креативните ликовни склоности

Програмираната активност во ликовната дејност се
одликува со перманентна целогодишна работа, тема-
тски пристап,самопотврдување,организационо,моти-
вационо,продуктивно,експозиционо и натпреварува-
чко,со еден збор корелациско обединето искуство.
Теоријата е прилагодена на праксата,зошто ако нема
можности за нејзино реализирање и најдобрата педа-
гошко-теоретска практика постанува слаба.Во тој про-
цес доаѓа до свесни промени во ликовниот творечки
приод. Со помош на правилното ликовно-педагошко
насочување се менува психосоматскиот статус на вос-
питаникот, а како последица на тоаседобива резултат
којшто зависи од познавањето и совладувањето на што
поголем број фактори од ликовно-визуелното изразу-
вање и ликовниот јазик.
Когнитивната димензија е одговорна за прием, де-
кодирање,задржување,повторно кодирање и трансфор-
мирање на визуелната информација. Мотивацијата е
дефинирана од целите и задачите.Таа е интерна и екс-
терна. Објективните фактори се сплет на услови во
кои се остваруваат резултатите.Хомогеноста на група-
та има своја важност во постигнувањето солидни ре-
зултати.Иако ликовната способност е индивидуална
вредност,меѓусебната доверба и почитување имаат
влијание на сигурноста. Влијанието на социјалната
средина има нагласена улога за успешна работа.
Благовременото насочување е единствен научно
утврден пат кон врвен успех и развивање на талентот.
Само талентот и работата взаемно водат кон успех.
Трудот без талентот е исто што и талентот без труд.

Friday, April 11, 2008


Содржини за ликовно подрачје -цртање

Видови цртежи: скици,креации,уметнички одрезоци,
илустрации,дизајн исл. Т е м и:
-Куси податоци за историјатот на цртежот,
-цртањето - пат за обучување на вниманието,
-начини,постапки и техники при цртањето,
-цртачки поими вопарови /потврдувачко-негирачко/,
-вниманието, како цел,низ интенционално набљуду-
вање за воочувањедетали и целини,
-цртањето како средство за фирмирање свест
а/ перцепција и опсервација
б/ инкубација и работна постапка
в/ однос на набљудувачот, предводена свест,мотив,
-обиди и грешки за остварување на целта-добар цртеж
-Вежби и задачи:-СЛИЧНО-РАЗЛИЧНО, полно-празно,
напред-назад, битно-небитно,
-истражување форма,контура и структура,
-основа на композицијата,
-тематски цртежи:човек тело,жанр,животни,пејзаж,
мртва природа и слични мотиви по видено,доживеано,
измислено итн. со примена на различни цртачки техники.
-златен пресек при компонирање,
-раслојување и распределување на мотивот во цртежот,
-перспективно цртање, стилизирање и скицирање,
-пропорции на човек,тело,лице,портрет - студија,
-компонирање разни ликовни елементи по ликовните
принципи, ритам, хармонија,контраст,единство итн.-
Постапки и материјали, чување и одбележување на цртеж.

Tuesday, April 8, 2008


Уметничка слика и нејзината комуникација

Создавањето уметничка слика, со бои и линии,донесува
претстави и појави на визијата на сликарот и ставајки се
меѓу јас и ние служи како некој посредувач помеѓу доживе-
аното на творецот и на консументот. Таа е како средство за
социјална и визуелна комуникација во времето иживотот
што се открива, изразува и гледа.

Уметничката слика доживеана на одреден начин,
влијае со помош на афективната појава на непосредниот
душевен тек и занесува, пришто душевноста ја разбранува
во некоја насока и дава можност за стекнување живот низ
слика.Феноменот на сликата сегради во единството на
семантичката содржина, која отповикува предизвик, чо-
векот соодветно да реагира на душевноста или ликовноста.

Wednesday, April 2, 2008

Априли-ли-лиска маскарада

Во организација на Локалната самоуправа на Штип,
а во главна реализација на ОУ-Г.Делчев ,на Денот на
шегата се одржа масовна првоаприлска маскарада со
учество на над 5оо маскирани ученици од основните
училишта и детските градинки во градот.Четиричлено
стручно жири за најуспешни прогласи пет маски и
истите добија дипломи и награди а установите приз-
нанија за учеството во априлијадата.

Wednesday, March 19, 2008

Креативни игри и ликовни вежби за ученици со посебни потреби

1.Игра со линии, 2. Игра со боја и прсти,
3.Игра Ден и ноќ 4. Прави како мене,
5.Игра со хартија и боење
6.Игра ритам со основни бои,
7.Кинење,виткање,сечење,лепење,
8.Сензорна вежба Држење и набљуду-
вање предмето,
9.Вежба за всредоточување на очите на
средно растојание,
10.Сензорна вежба Создавање претстава
за цел предмет преку дел од него,
11. Креативна игра Ритамсо различни тонови,
звуци и гласови,
12.сензорна вежбасоиграчки
13. сензорна вежба Одраз во огледало,
14.сензорна вежба ставање предмет еден во друг
15.Моделирање звук и ритам
16.Лавиринт во боја
17.Томбола-геометриски предмети,
18.интензитет-композиција со сино-црвена боја
19.Доминација-големо-мало,
20. Контраст светло-темно
21. Театар на сенки,
22. црно-бели соодноси /асиметрија/
23. Форма и простор, текстура
24. Степенување на бпи,
25Разлагање-редефиниција
26.игра со флеки -слалом
27.колаж - апликации

Thursday, March 13, 2008



Старата архитектура отсекогаш

ги инспирирала сликарите да ја

овековечат на своите платна.

овој мотив повеке не постои, но

во меморијата на сликарот е и

ке остане да постои.

Monday, March 3, 2008

Активности на ликовната секција при ОУ-Г.Делчев

Ликовната секција при ОУ-Гоце Делчев-Штип, годинава
има околу 2о членови и досега учествуваше на повеќе
општински и државни ликовни натпревари. Деновиве
испрати своја колекција на ликовни творби за учество
на меѓународниот конкурс Битола 2008 а се подготвува
за учество на општински натпревар на тема противпо-
жарна заштита.

Wednesday, January 30, 2008

Ликовна работа со талентирани ученици

Детскиот потенцијал се бара при спонтан сензитивитет
интроспекција,поврзување,вклучувајки ја медитацијата,
биофидбек,предводеното фантазирање и други постапки
по пат на - мислење со своја глава -на его идентитетот.
Талентирани ученици се сметаат: - Лица чиј IQ изне-
сува преку 12О. Постигнуваат натпросечни резултати.
Имаат изразени вербални и моторички способности.
Подобро се снаоѓаат и се поинвентивни. Интелектот им
е брз и побрзо напредуваат од своите просечно развиени
врсници.
Форми на работа: додатни програми, додатна настава,
изборна настава и факултативни и слободни ликовни актив-
ности. Мотивација со примена на посебни методи, поголем
опфат и обем на работа. Менторот се грижи само за органи-
зационите постапки.
Начин на работа: Со работен карактер-практично,
самостојни технички и едукативни содржини, развивање
чувство на самостојност, посебност на ликовниот израз и
јазик. Знаење за светот на уметноста, вештина,навика и
искуство во творечката работа/преку набљудување,воспри-
емање,паметење, изразување,споредување/, со цел да се
развива љубопитност и интерес за креативност. 10% инс-
пирација,90% транспирација, соработкасо родители, учи-
лиште и пошироката општествена средина.