Saturday, November 23, 2013

Меѓународна детска ликовна изложба

Вчера во организација на Детскиот ликовен центар при ГЗЛП-Скопје, во салонот на библиотеката „Другарче“, беше отворена 39.Меѓународна изложба на детски ликовни творби.Притоа беа селектирани околу 220 творби и беа наградени 120 млади ликовни творци.

Friday, November 8, 2013

46.Традиционална Годишна изложба на ДЛУШ

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип,вчеравечер во УГ„Безистен“, беше отворена Традиционалната Годишна изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Штип.Годинава се претставија единаесет сликари и по еден скулптор и графичар.Изложбата ја отвори штипскиот градоначалник прим.мр.Илчо Захариев.

Friday, November 1, 2013

Изложба на Александар Брашнаров

Вчера во Штип, во У.Г.„Безистен“, беше отворена меморијална изложба на Александар Брашнаров /1934-1988/, сликар од Штип.На оваа ретроспектива застапени се околу четириесет слики, цртежи и пастели со мотиви од старата штипска архитектура и нејзината поетика,кривулестите сокачиња во Ново село, пејзажи од штипското поднебје, мртви пррироди со цвеќе и портрети на роднини и пријатели.Тој е антолог и лирик на едно минато искрено осведочено во неговото сензитивно творештво,со кое тој и понатаму живее, бидејќи уметникот никогаш не умира.