Thursday, December 25, 2014

Новогодишни ученички изработки

Традиционално за Нова Година учениците изработуваат, на часовите по ликовно, новогодишни честитки и декоративни украси и амбиентално ги декорираат просториите во својата животна и работна средина, која ги исполнува со радост. Меѓутоа, некој се сетил детскиот ликовен труд корисно да го употреби и за хуманитарни цели - од децата за деца, организирајки продажни изложби.

Wednesday, December 17, 2014

Акварели на Иван Сулев


Во Центарот за култура во Штип е отворена деветнаесеттата самостојна изложба на акварели од ликовниот уметник Иван Сулев.Колегата Сулев иако е во поодминати години активно твори и годинава се претстави на две самостојни е една групна изложба, честитки и нека го служи добро здравје за плодна работа, како пример за помладите колеги.

Saturday, December 13, 2014

Изложба на Душан Мишевски

керамика - релјеф
Душан Мишевски како ликовен творец е присутен повеќе од четири децении преку презентирање на керамиката, ситната пластика и цртежот. Тој со својот изграден идентитет е препознатлив во светот на керамиката, но уште од раните средношколски денови што ги минавме во уметничкото училиште, Душан се интересира и за конзерваторскиот занает, кој го практикува и до денденес. Член е на ДЛУПУМ и излагал на повеќе самостојни и групни изложби, а бил уметнички раководител на Ресенската керамичка колонија.