Thursday, December 25, 2014

Новогодишни ученички изработки

Традиционално за Нова Година учениците изработуваат, на часовите по ликовно, новогодишни честитки и декоративни украси и амбиентално ги декорираат просториите во својата животна и работна средина, која ги исполнува со радост. Меѓутоа, некој се сетил детскиот ликовен труд корисно да го употреби и за хуманитарни цели - од децата за деца, организирајки продажни изложби.

Wednesday, December 17, 2014

Акварели на Иван Сулев


Во Центарот за култура во Штип е отворена деветнаесеттата самостојна изложба на акварели од ликовниот уметник Иван Сулев.Колегата Сулев иако е во поодминати години активно твори и годинава се претстави на две самостојни е една групна изложба, честитки и нека го служи добро здравје за плодна работа, како пример за помладите колеги.

Saturday, December 13, 2014

Изложба на Душан Мишевски

керамика - релјеф
Душан Мишевски како ликовен творец е присутен повеќе од четири децении преку презентирање на керамиката, ситната пластика и цртежот. Тој со својот изграден идентитет е препознатлив во светот на керамиката, но уште од раните средношколски денови што ги минавме во уметничкото училиште, Душан се интересира и за конзерваторскиот занает, кој го практикува и до денденес. Член е на ДЛУПУМ и излагал на повеќе самостојни и групни изложби, а бил уметнички раководител на Ресенската керамичка колонија.

Thursday, November 20, 2014

Карикатури на Јозеф Блеха














   По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Р.Македонија и Р.Чешка, во изложбениот салон на Центарот за култура во Штип е отворена изложба на карикатури-портрети на познати личности од политичкиот,филмскиот,музичкиот и научниот свет, на чешкиот уметник Јозеф Блеха/1952/.
   ...Неговата уметност истражува нови уметнички димензии, како и специфичен уметнички облик во комбинирана техника на колаж и елегантна линија  на цртеж со која ја трансформира
сличноста на субјектот...

Sunday, November 16, 2014

Во рамките на Десетото издание на Поетскиот карван „Почувствувај ја Македонија“ што денес се одржа во манастирот св.Горги во Неготино, со свои ликовни творби се претставија членови на Друштвото на ликовни уметници од Неготино, ликовниот уметник Петре Колев,кој е подржувач и пријател на поетскиот карван, како и хуманистот Живко Поповски Цветин, кој подари 4о цветни слики.

Sunday, November 9, 2014

47. Годишна изложба на ДЛУШ

Од 7 до 20.11.2014 г. во Уметничката галерија „Безистен“ отворена е Традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници на Штип.На изложбата со свои дела учествуваат; Никола Бојаџиев,Мирко Дончевски,Марјан Карашов,Петре Колев,Тодор Максимов,Боре Минов,Сања Ангеловска-Митева,Никола Панев,Мите Павловски,Стојмир Веселинов,Билјана Веселинова и Иван Сулев.

Saturday, November 8, 2014

Thursday, October 16, 2014

Impresivnost - maslo na platno 50x70
del od produkcijata vo 2014 god. sliki za godisnata izlozba na DLUS
Vizuelnost na prostor +masllo na pllatno 60x80

Wednesday, October 1, 2014

Црквата Св.Никола и Заводот музеј во Штип - масло на платно 50x70 sm/

Tuesday, September 9, 2014

Предачка-Овчеполка , масло, 60x90

Sunday, August 31, 2014



Поетски карван „Почувствувај ја Македонија“

Во организација на Друштвото на писатели на Македонија. Здруженито на пензионери и иселеници и Младинската организација “Почуствувај ја Македонија’, а со подршка на Локалната Самоуправа на Штип, денес во црквата св.Ѓорги во с.Лесковица, се одржа
традиционалната манифестација“Почувствувај ја Македонија со шестото сетило-срцето’.
На манифестацијата со своја изложба на слики од циклусот “Хармонија„ се претстави ликовниот уметник Петре Колев, додека уметникот Живко Цветин, ги сликаше познатите
свои цвеќиња на мирот кои ги подари на првачињата од  едно штипско училиште.

Tuesday, August 5, 2014

Ликовна колонија “Св.Илија“

Во оганизација на ЗГ“Илинденски марш 1903“, во с.Немањици, од 26.7 до 1.8. о.г. се одржа Прва ликовна колонија со тематски карактер на иконопис.На колонијата учествуваа Новица Трајковски,Јовица Ивановски,Петре Колев, Димитар Лазов и Методи Бурзев.

Monday, July 14, 2014

Заврши изложбата на Колев

Денес заврши ретроспективната изложба на Колев. Истата беше релативно добро посетена. За времетраењето на изложбата во истиот амбиент беа одржани и три солистички целовечерни концерти во рамките на ШКЛ-2014.

Friday, July 4, 2014

Thursday, July 3, 2014

Ретроспектива на П.Колев

Синоќа во Штип, во УГ„Безистен“, во рамките на манифестацијата Штипско културно лето 2014, беше отворена ретроспективна изложба на ликовниот уметник Петре Колев. Пред поголем број присутни љубители на ликовната уметност за сликарството на Колев зборуваа Никола Панев,академски сликар-графичар, претседател на ДЛУШ и градоначалникот на Штип, прим.мр.Илчо Захариев, кој ја отвори изложбата.Застапени се над 45 слики и цртежи изработени во разни техники и тематски целини.Инаку, ова е 18 самостојна изложба на Колев, а досега има учествувано на повеќе од 80 групни изложби и над 15 ликовни колонии.

Tuesday, July 1, 2014

Monday, June 30, 2014

Ликовни изложби и колонии

Минатата година во нашата земја биле организирани 629 ликовни изложби, што претставува зголемување од 8,8%. Истотака зголемен е бројот на ликовни уметници-учесници за 19,4%, но намален е бројот на посетителите за 1,6%. Во 2013 се организирани 24 ликковни колонии.