Thursday, November 17, 2011


Членови на
Друштвото на
ликовните
уметници од
Штип-2011 г.

Thursday, November 10, 2011


Izlozba na portreti

Vo izlozbeniot salon na NU Centar za kultura - Stip e otvorena izlozba na portreti na poznati stip ski l icnosti i biznismeni. Izlozbata e vo organizacija na Pinokio-galerija Stip i NUCK Aco Sopov-Stip. Avtori na portretite se slikarite Zvonko Angelovski i Mitko Tosev od Strumica.
Vo predgovorot na katalogot Trajce Kacarov megu drugoto ke zabelezi - Ako umetnicite se privilegirani da sozdavaat repliki na sozdadenoto od Gospod togas tie samite se vo niv. Taka e i so likovnite umetnici. Zatoa seriozna i odgovorna e rabotata na sekoj tvorec, zasto sozdava nesto koe vecno ke govori za nego.

Tuesday, November 8, 2011

44,Годишна изложба на ДЛУШ

Во Уметничката галерија „Безистен“-Штип.синоќа беше отворена Традиционалната Годишна ликовна изложба на Друштвото на ликовните уметници од Штип. На изложбата се застапени цртежи, графики, слики /акварел и масла/ и скулптури.Учествуваат; Никола Бојаџиев, Љубица Донска, Мирко Дончевски, Петре Колев,Дејан Марков, Тодор Максимов, Боре Минов, Никола Смилков, Иван Сулев, Мики Трајчев и Стојан Трниниќ-Нанче. Изложбата, по 44 пат традиционално се организира во чест на Денот на ослободувањето на градоти истата свечено јаотвори председателот на советот на општината Штип, Сузана Николова.

Tuesday, October 18, 2011

Предметни наставници по ликовно образование



Во разговор со повеке колеги-ликовни педагози, во врска со проблемите во наставата по ликовно образование, многу од нив на зборови се храбри, а неспремни за акција, додека некои од разни причини изгубиле волја. Ситуацијата не е на завидно ниво, а ќе биде највероватно уште понезавидна, Асоцијацијата на ликовните педагози- Републичкото здружение на ликовните педагози-Скопје, како да не постои и не реагира за своите членови, туку се преокупира со сопствени проблеми и локални активности, изложби, колонии и сл. Регионалните активи, се неорганизирани, неефикасни и некоординирани, а самите наставници неединствени иако своерачно потпишаа некаква си петиција, за која немам повратнаинформација дека е упатена на соодветното место. Па се прашувам зарем не е време ако ние загрозените ликовњаци„ не се бориме за достоинство , унапредување и обезбедување со полн фонд на часови по својот предмет, тоа сигурно нема да го стори никој друг во наше име. Од нас само се бара - наставникот треба ова, наставникот мора она, а многу малку му се удоволува и излегува во пресрет.
Претпоставувам дека овој пост ќе го прочитаат повеќе колеги-наставници по ликовно образвание и активно ќе се вклучат во сите можни трибини, блогови, дебати каде би ги евидентирале проблемите и своите размисли за нивно надминување.
P.S. Иако пред околу два месеци беа превземени извесни чекори на ниво на активи сеуште повратни резултати нема. Молам за коментари.

Изложба на Глигор Чемерски во Штип

Од 14 до 30.Октомбри 2011 во Штип, во Уметничката галерија, ќе биде отворена самоатојната изложба на педесеттина слики од сликарот -графичар Глигор Чемерски. Чемерски има остварено голем број самосотојни и групни изложби во Републикава и странство и е добитник на многубројни национални и меѓународни награди за сликарство. Остварил и повеќе монументални дела, а застапен е во повеќе јавни и приватни колекции на слики.
Сликарството на Чемерски е препознатливо по бравурозниот експресионистички стил и својствената колористичка виртуозност.

Monday, October 17, 2011

Женскиот акт како уметничка инспирација

Пребарувајки по стари скици и цртежи уште од ученичките денови во Уметничка школа, по предметот Акт, наидов на многу интересни и веќе заборавени кроки од кои се обидов да направам цртежи како самостојни ликовни творби. Дел од нив ќе бидат изложени на Годишната изложба на ДЛУШ. Зошто токму голо женско тело. Затоа што голото женско тело е жива целина на интегрален акт. Сфаќањето на таа жива целина, во нејзината телесна убавина е примарна задача на акт-сликата т.т. цртежот, притоа создавајки естетски приказ на човековата контура и структура, со сите карактерни црти на моделот што позирал. Притоа користејќи цртачки техники со јаглен,сув пастел, туш и сепија.



Tuesday, October 4, 2011

Сите оние кои сакаат нешто повеќе да осознаат за ликовното образование, ликовниот јазик, ликовните елементи и принципи, начини и техники на цртање,сликање,моделирање, графичко обликување и дизајн, како и за проекти од ликовната уметност секако покрај другите да го посетат веб сајтот:
http//likovno=obrazovanie.wikispaces.com

Friday, September 9, 2011

Незаинтересираност

Централната прослава за одбелеќувањето 2о Години Независност, на 8, Септември, меѓу другото беше проследено и со неколку ликовни изложби во Скопје, Со задоволство ги посетив и со должно внимание ги разгледав, но непријатно чувство ми остави незаинтересираноста и непосетеноста на истите. Имено на Денот на независноста, кога поради свеченостите во Скопје пристигнаа огромен број гости, речиси од цела Македонија, мислев дека Националната галерија, во која е поместена изложбата на слики од доајенот на македонското сликарство, Лазар Личеноски, ќе биде полна со посетители, таа беше сосема празна. Истотака и во МСУ каде е поместена изложбата „Фрагменти=македонска ликовна сцена 1991=2оо1„, додека пак останатите галерии беа речиси сите затворени и непосетени.

Tuesday, August 23, 2011

Monday, August 22, 2011

Семинар за ликовните педагози

Денеска во ООУ„Т.Арсов„-Штип, се одржа семинар за новата наставна програма по ликовно образование за 6 одд, на деветолетката. На семинарот присуствуваа наставниците по предметот ликовно образование од општинските основни училишта на Регионот Штип, во кој спаѓаат училиштата од општините Штип, Струмица, Радовиш, Св.Николе,Лозово, Карбинци, Конче, Владимирово, Босилево и Ново Село.
На семинарот беше одржана работилница за изработка на нова програма, а ликовните педагози од овој регион повторно го покренаа горливото прашање од недостаток на часови по ликовно образование кои во последниве години постапно по еден се одземаа на сметка на други предмети, па сега се принудени да бараат часови во неколку школи или да го надополнуваат работното време со друг наставен предмет или работа во библиотеката и сл.,а не им се признава естетското уредување или воннаставните форми на ликовни активности, како што е случај со наставниците од предметна настава по амглиски, музичко, техничко, физичко образование и тн. Од собирот произлезе заклучок со предлизи кој го потпишаа сите присутни педагози и го доставија до МОН и БРО.

Tuesday, August 2, 2011

ликовна колонија „Ѓуриште-2011„

Заврши со работа годинешново издание на Ликовната колонија -Ѓуриште 2011. Традиционално и годинава учесници беа сликари од Србија, Бугарија и Македонија.Колонијата беше отворена со самостојна изложба на Димитар Лазов-Лав и истата по прв пат се одржува во конаците на манастирот Пресвета Богородица во Ѓуриште.

Friday, June 24, 2011

Сликар-педагог, гостин во градинка



Ликовни изложби на ШКЛ-2011

Меѓу богатата програмска содржина на Штипско културно лето се наоѓаат и неколку изложби. Прва изложба која се постави во уметничката галерија беше изложбата „Од мој агол“на уметникот Ѓоко Антониевски од Пробиштип, следуваат една групна и самостојна изложба на членови од Друштвото на ликовни уметници од Врање- во рамките на манифестацијата Денови на српско културно наследство, една ликовна изложба „Реминисценции“ и една изложба на уметнички и документарни фотографии од ШКЛ.

Wednesday, June 8, 2011

НАУК проекти

Денеска во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип се одржа регионална презентација на ПЕП проектот Научни ученички клубови во ООУ од неколку училишта од Источна Македонија мегу кои и проектот Оригами, математика и уметност на учениците од ООУ„Санто Масев“ од Струмица. Бидејки проектот има корелативни точки со уметност го препорачувам да го погледате на следниов линк:http://gordana-matematika.blogspot.com/2011/03/blog-post_1144.html

Monday, May 30, 2011

„Ѓуриште“ во Штип

Во НУЦК„Ацо Шопов, деновиве е поместена ликовна изложба од десетото издание на ликовната колонија „Ѓуриште“, која се одржа минатото лето. Застапени се триесеттина слики масло на платно и акрилик изработени од учесниците на колонијата, меѓу кои имаше од Р.Бугарија и Р.Србија.

Sunday, May 22, 2011

Јубилеј на Малиот Битолски Монмартр

Од денеска 23 мај па до недела 29,мај 2011 г. во Битола, Крушево и Охрид, се одржува Јубилејното 30. издание на ликовната манифестација „Мал Битолски Монмартр“. Годинава на неа ќе претстојуваат шеесеттина деца од разни земји. Оваа меѓународна детска ликовна колонија , традиционално ја организира Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола, кое по тој повод издаде и монографија со наслов; „30. Години Мал Битолски Монмартр“ Секако за поздравување е долгото опстојување на оваа манифестација чиј основоположник е битолскиот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски,

Обука за ИКТ

Од 14 до 22.5.2011. во ООУ„Ванчо Прке“- Штип, беше одржана обука за примена на ИКТ во наставата по ликовно образование. Ликовните педагози од Св.Николе, Радовиш, Пробиштип и Штип имаа обука за примена и презентација на ликовни дигитални содржини во impress.

Thursday, May 19, 2011

Изложба на слики на Јошко Ефремов

Јордан Ефремов-Јошко е роден во Штип 1966. Дипломирал на ФЛУ во Скопје, а магистрирал 2010 г.Живее и работи во Штип како професор по ликовна уметност.
Во уметничката галерија „Безистен“ Јошко се претстави со изложба на слики насловена како„Биопрогресија. Самиот наслов сугерира на биоморфната и метаморфната структура навлегувајки во биогенетичките области.

Wednesday, May 11, 2011

Изложба на карикатури

Во НУЦК„Ацо Шопов“-Штип е отворена изложба на карикатури на автори од Бугарија.
Директорот на КИЦ на Р.Бугарија во Р.М.,Димитар Христов, во каталогот го напишал следното:
„Карикатурата е најстарата уметност. Уште во првите обиди да изрази нешто со зборови, човекот сеуште неможел да зборува и притоа „соговорникот„ му подавал јаглен од огнот во пештерата, за да ја нацрта пораката на зид и воедно да ја разбере истата и така се родила прабабата на карикатурите.Тоа биле и почетните обиди за шега и смеа, а имено смеата го разликува хомо сапиенсот од животните. Затоа карикатурите одиграле клучна улога за интелектуалниот развој на нашите претходници.Не случајно првите човечки цртежи комбинираат во себе графички знаци и сижеа, кои подоцна го даваат почетокот на писменоста, на азбуката.Така антропологијата станала најсмешната наука.
Денес, ја сознаваме тоталната злоупотреба на зборовите, но имаме задоволство да се враќаме кон природното чувство за хумор, иронија и самоиронија преку најлаконскиот жанр - КАРИКАТУРАТА.
Карикатуристите се витези на доброто, тие можат да ја казнат неправдата, да ги обелоденат гревовите и сами да се казнат, но не се злопамтила. Во моментот во којшто ја објавиле својата весела пресуда, продолжуваат напред како Дон Кихот.“

Wednesday, April 27, 2011

Некои елементи и симболи во ликовното обликување и толкување

„Човекот со својата склоност кон создавање симболи,несвесно ги обликува објеките и облиците во симболи и со тоа им придава голема психолошка важност“ - А.Џеф

Ликовните елементи и симболи можат да предизвикаат многу сложени впечатоци и визуелни ефекти. Затоа прашањето за визуелно описменување е императив без кој неможе да се замисли меѓусебно визуелно разбирање.Во интерес на брзото соопштување и примање на пораката, се поставува прашањето за симболиката.Карактеризацијата на симболите и елементите во овој текст не се со некоја апсолутна важност и истите подлежат на лични и културни фактори во одредени средини.
По хронологија најстаро и најосновно ликовно средство за изразување е линијата.Линијата сугерира низа визуелни постапки,насоки,облици,површини,светлости сенка, а над се го дефинира цртежот. Испрекината линија значи колебливост, правата-хоризонт,точност,кроткост,мека линија-нежност,лирика,јака линија означува директност и одлучност,брановидна- немирност,раскош, спиралата-динамика,цик-цак линијата значи неверност,нервоза и драматичност,вертикалата-идеал на исправеност.
Формата, како ликовен елемент,симболизира разни облици на манифестирање-еднаквост-нееднаквост,сличност,внатре-надвор,простор,целосно-делумно,волумен. Правоаголник симболизира површина,тло, круг-небо,вечност,светлост.Повеќеаголник значи алегориска фигура,невиност. Обележјата за претстави и симболи во природата, луѓето и животните може да се групираат во две целини и тоа фигуративност поврзана со имитативната реалност и претстави и симболи освестени во цивилизираниот урбан амбиент.Нивната визуелна читливост,преведена во апстрактна логика,геометризација и стилизација на осовремена форма, има заедничко значење во митско-религиските основи на минатото и сегашноста. Бојата е феномен на светлоста,Црната значи отсуство на светлина,темница,смрт,ад,жалост, но и свеченост и благоразумност.Белата е светлина,чистота,невиност,душевност,чест и мир.Бело-црно означува покорност,чедност,осветлување и затемнување.Црвената симболизира-топлина,емоции,љубов и омраза, револуција,храброст,крв и оган,моќ. Сината симболизира, небо,вистина,верност,нежност,ладнина,вода.Со еден збор секоја боја носи своја симболика, светлите бои ја истакнуваат радоста,живоста,оптимизмот,особеноста и доброто, додека со загаситите бои се означува песимистичкиот аспект на светот и животот,безбожност,грев.
Во разни историски периоди постоела разновидна симболика во иконографијата.
Успешното комбинирање на елементите и симболите во хармонични односи даваат убава композиција со богатство семјотички и семантички пораки, чиј пат на сознание е логичен и ја активира свеста.

Tuesday, April 26, 2011

Изложба на Димитар Лазов-Лав

Во изложбениот салон на Високообразовната приватна установа, Меѓународен славјански институт во Свети Николе, за Велигденските празници беше отворена изложба на слики насловена како „Предели2“ од ликовниот уметник Димитар Лазов Лав. На изложбата се застапени триесеттина платна во масло и акрилик техника на кои се претставени живописни пејзажи од Овчеполието.

Thursday, April 21, 2011

Изложба на шарени јајца

По повод големиот христијански празник Велигден, во изложбениот салон на ЦК„Ацо Шопов“-Штип, беше отворена изложба на декорации на јајца и ученички цртежи од учениците на основните училишта во општината и предучилишните установи„Вера Циривири-Трена“ и „Астибо“. Жири комисијата составена од етнолог,политиколог и советник, без ликовен педагог пристрасно и нестручно ги додели наградите.

Wednesday, April 20, 2011

Креативно украсување Велигденски јајца

Јајцето, според преданието е симбол на нов живот и е неизоставен дел од Велигден. Велигденските јајца се бојадисуваат на Велики четврток, а од креативноста на декоратерот, зависи нивниот изглед. Според нашите обичаи најпрво се бојадисуваат три црвени јајца кои ја симболизираат пролеаната крв на Исус и светото тројство.
Но за симболизацијата на јајцето има и многу други верувања за кои се зборува во христијанството.
За техниките на декорирање истотака многу е пишувано , но овде ке се потсетиме самона некои: шарање со лушпи од кромид, тролист, восок, техника на гребење, колажирање, витраж, тренди јајца, игра со бои( во најлон,чорап и сл).

Monday, April 18, 2011

Природата како инспирација за ликовно творење

„Уметноста е една хармонија паралелна со природата“ - Сезан

Актуелните истражувања на потенцијалите на пејзажот и потребите за хармоничен развој на разновидни пејзажни просторни целини што не опкружуваат, доведуваат до видни промени.
Покрај природните феномени и просторната урбанизација (изградба на современи патишта, рекреативни, индустриски и други објекти), имаат голем удел во промената на пејзажот. Но, истотака и уметниците внесуваат промени во пејзажот со обликување објекти, споменици, просторни скулптури и сл., како и со визуелно-влијателна анализа би можеле да извршат визуелно влијание и импресија за она што може да биде пластичен пејзаж на иднината. Оваа визуелна комуникација е нов вид уметничка форма или истражувачка дисциплина, која се занимава со интеракција меѓу живите организми ( луѓето) и околината. Оваа постапка опфака сценариско-визуелен приод кон извесен пејзаж. Притоа се модифицираат серија мапи слики и цртежи,(понекогаш користејки софтвер,електронски средства, холографии,слајдови,снимки и скици од птичја и хоризонтална перспектива.
Свртувајки се кон колектината свест уметникот врши значајно влијание и на општествената свест, завизијата на иднината. Сликата, визуелната претпоставка за трансформирање на пејзажот варира според расположивите информации. Сликарите креираат варијабили како еколошки модели.
Во светот постојат вакви примери, каде што уметниците на разни начини визуелно ја претставуваат можната иднина на природната средина. Ваквата ликовна креативност е во служба на екологијата и треба да се сфати како изнаоѓање креативни поттикнувања за амбиенталната означеност на пејзажот и негова хуманизација за идните поколенија.

Thursday, April 14, 2011

Детско ликовно творештво

Детето е единствено суштество, кое во својот развиток, низ ликовното образование и творење во ликовната област, може да се оформува како креативна и творечка личност. Детското ликовно творештво е специфично, бидејќи никогаш не е копија на средината, туку реалност видена низ детските очи и еден вид трансформација на искуството. Затоа ликовната педагогија е од првостепена важност како во училиштата така и вон нив, во општествената и културна средина.
Не така оддамна во нашиот град активно работеа и меѓусебно соработуваа ликовните секции од ОУ, Ликовниот клуб при Центарот за детско творештво „Вита Поп-Јорданова“,кој по дваесетгодишно опстојување и со богата збирка на детски ликовни творби од локален,регионален и државен карактер, неславно згасна. Истата судбина ги снајде и ликовните студија при Домот на младите и Центарот за култура „Ацо Шопов“, кои ја негуваа ликовната култура и творештво кај младината, а поради несоодветна подршка од општествената средина згасна и ликовната активност на Општинското здружение на ликовните педагози и Регионалниот актив на ликовните педагози.
Единствено опстојува Друштвото на ликовните уметници на Штип, но и тоа го губи чекорот со времето и со начинот на ваквата стратегија и децентрализација на културата можеби и тоа за кусо време ке згасне.
Сите овие институции и уметничката галерија со чесни исклучоци даваа свој голем придонес во афирмирањето на детската ликовна уметност и творештво и беа расадник за подмладок на идни ликовни творци и љубители на ликовната уметност. Време е некој навистина да се замисли како ја негуваме ликовната традиција кај нас и да се заложи за реафирмирање на ликовниот потенцијал кој е основа за новото,урбаното и современо дизајнирање и естетско живеење во 21 век.

Thursday, April 7, 2011


Наградени ученици од ПООУ„Гоце Делчев“-Штип,за успешно креативно трансформирање на Априлијада-11

Monday, April 4, 2011

маскарада

Зборот маска означува образина со која може да се покрие лице во целост или делумно, со цел да се промени физиономијата или да се сокрие сопственото лице. Сите средства со кои може да се изврши трансформацијата на едно лице (мустаки,брада, перика, лажен нос,шминка и сл.), се употребуваат од дамнешни времиња за различни потреби: свечености, верски обреди,забави,карневали и др. заради прикривање на вистинскиот идентитет.
Уште примитивниот човек употребувал маски и се облекувал во комплетни костими. Старите Грци и Римјаните во театрите од своето време ги употребувале маските изработени од дрво или кожа, а слично употребувале маски и Ескимите, Индијанците,племињата во Африка и многу други народи кои низ тр5адиционално церемонијални претстави и до денденес ја употребуваат маската, бидејки таа носи ликовни елементи, возбуда, таинственост,богатство на форми,шареноликосњт од материјали и разновидност во функцијата и примената.
Меѓу маските се сретнуваат човечки и животински ликови, комбинирани, имитативни,мистично-религиозни итн. Маската на нашите простори се употребувала како реликт на паганството во обредни свечености со елементи на спектакуларност,драматичност и игра при коледарски,суроварски и покладни ритуали и други игри за истерување на лошите духови, за плодност и берикет но и за забава априлијада и карневал.
Така деновиве бевме сведоци на масовно организирани маскаради и карневали ширум републикава во кои учесниците со сопствената креативност успешно визуелно-естетски се трансформирале во разни персонификации кои предизвикуваат ликовно-естетска и духовна реакција кај гледачите,

Thursday, March 17, 2011

Семинар за дигитални содржини во наставата

На 16.март во Штип, БРО на РМ организираше презентација на новите дигитални содржини на наставата по ликовно и некои други предмети за учениците од основните училишта на општините Штип, Пробиштип, Свети Николе и Радовиш.Овие содржини се дел од проектот Компјутер за секое дете и задолжително ќе треба да се применуваат во новата учебна година. После ова ќе следуваат стручни семинари за обука и самостојна примена и изготвување на дигиталните содржини по сите предмети кои се застапени во основните и средните училишта.

Saturday, March 5, 2011

Тематска изложба „Цвеќе“

По повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената, ОУ Дом на културата „Крсте П.Мисирков“-Свети Николе, организира изложба на слики од ликовниот уметник Петре Колев, насловена „Цвеќе“. Застапени се триесет слики работени во масло и акрилик.
Изложбата е поместена во изложбениот салон на Библиотеката и ке биде отворена од 7 до 19 март 2011 г/

Monday, February 7, 2011

Изложби на Драган Биков-графичар,сликар

Во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип и НУ Завод, музеј и галерија-Штип, деновиве истовремено беа постхумно отворени две големи ретроспективни изложби на Драган Биков/!933-2006/. Во Центарот закултура е поместена графичката изложба на Биков, каде тој е попознат како уметник-графичар, додека во уметничката галерија се поместени платна во масло, од кои голем дел воопшто не се изложувани досега. Инаку и Биков е еден од Штипските сликари-графичари, иако е роден во Делчево, најголемиот творечки опус му е во Штип, каде меѓу другото бил сценограф во театарот и ликовен педагог.Изложбите се подржани од Фондацијата „Маја Бикова“, Музеите на град Штип и Скопје, како и од Министерството за култура. Текстот на каталогот, печатен двојазично на македонски и англиски, е од Душан Перчинков.

Истакнати ликовни уметници и ликовни педагози од Штип

Во Штип живеат и творат повеќе ликовни уметници и ликовни педагози, чиј вложен труд заслужува да биде одбележен.Во оваа пригода ќе издвојам само неколку од нив.
Мирко Дончевски, иако е роден во Владимирово, речиси целиот свој работен и животен век го минува во Штип, како професор по ликовно образование во Учителската школа и гимназијата.Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Републикава.Член е на ДЛУШ и ДЛУМ.Неодамна со ретроспективна изложба го одбележа своето петдецениско ликовно делување.
За својата ликовно педагошка и уметничка работа енаградуван со голем број награди и признанија а носител е на звањето истакнат просветен работник.
По пензионирањето на Дончевски, како негов ученик и следбеник за професор по ликовна уметност доаѓа Кирил Казанџиски. Тој дипломирал на ФЛУ во Скопје, во класата на Петар Хаџи-Бошков.
Член е на ДЛУШ и ДЛУМ. Изложувал на повеќе самостојни,групни исложби и ликовни колонии.
Во изминатите три децении создал над 300 ликовни дела.. Во 2009 г. е прогласен за најдобар ликовен педагог во средните училишта на Македонија.Како човек и сликар го преокупираат секојдневието и имагинарните предели, а незадоволен е од тоа што изложбите на ДЛУШ го загубиле својот критериум и што штипјани не ги купуваат сликите на штипските уметници.
Љубица Накова Донска е првата жена сликар-акварелист на пејзажи и стара архитектура од Штип, и долгогодишен ликовен педагог воООУ„ВанчоПрке“-Штип, од каде се и пензионира.Таа, заедно со својот покоен сопруг Љупчо Донски, се доајени на современото сликарство и ликовната педагогија во Штип.Има реализирано голем број самостојни и групни изложби со ДЛУШ и добиено поивеќе награди и признанија меѓу кои орден за труд и истакнат ликовен педагог.
Еден од нејзините најдобри ученици, подоцна колега во истото училиште беше Трајче Радојевски, кој во 2009 г. ненадејно почина, оставвајки зад себе три самостојни изложби неколку групни изложби со ДЛУШ и неколку ликовни колонии за уметници и за ученици, голем број недовршени проекти, компјутерски начини за сликање, слики и графики, како и еден текст во ракопис за учебник по ликовно образование, за основно училиште.Тој беше весел,скромен, трудољубив и толерантен човек со голем број награди и признанија, како за својот менторски труд, така и за своите ученици со кои учествуваше на разни натпревари од општински до меѓународен карактер, во Финска, Шведска, Полска, Индија, Италија, Шпанија, Португалија, Јапонија и на нашиот Мал Битолски Монмартр.Беше повеќегодишен претседател на Здружението на ликовните педагози на Штип и истакнат ликовен педагог.
Проф.др. Стојан Трниниќ-Нанче, покрај тоа што е доктор по физичко воспитание, професор на ДИФ, бил и актер и уредник, а сега во пензионерски денови е само сликар-пејзажисткој работи во акварел и масло.Складноста меѓу духот и телото, умерениот живот, љубовта кон спортот, уметноста и луѓето се животниот рецепт за физичката кондиција, бистрината на умот и уметничкото творење на познатиот штипјанец, кој и во поодминати години неуморно твори и изложува како самостојно така и со останатите штипски уметници членови на ДЛУШ.

Thursday, January 27, 2011

Ликовниот натпревар како вреднување и стимуланс

Во природата на поединецот - творец, критериумот за натпреварување е како главен елемент за споредување на своите достигнувања и показател на позитивното и негативното при адекватното вреднување на творечкиот и професионалниот напор. Тоа, воедно претставува потврда и стимул за натамошната работа. Рангирањето низ натпревар има значење и во рамките на односите што се проткајуваат во ликовната култура во земјата и вон неа.
Евидентно, стимулативни се наградите кај оние ликовни натпревари, кај кои се обезбедени сите предуслови, стручност , компетентност и сл.Кај нас има многу ликовни натпревари особено за деца и младинци кои ги организираат разни НВО само да одбележат своја активност по некој повод а ни од далеку се стручни или компетентни за тоа. На прсти може да се набројат ликовни натпревари и манифестации каде пропозициите се главниот елемент кој води кон објективност и добар квалитет,
Ова упатува на заклучокот дека натпреварувањето покрај стимулативното и убавото делува и негативно и дестимулативно како за натпреварувачите така и за нивните ментори.

Tuesday, January 25, 2011

Меѓународен ликовен натпревар

Детскиот креативен центар за уметност и галерија во Торун, во соработка со Министерството за култура и национално наследство на Полска го распишаа конкурсот за учество на 16.Меѓународен ликовен натпревар за деца и младинци „Секогаш зелено,секогаш сино“-Торун 2011.
Главна цел на натпреварот е да ги заинтересира учесниците за околината и природата, креативноста и уметничката имагинација. Право на учество имаат деца и младинци од 5 до 18 г.
Делата ке бидат оценувани во пет групи и тоа: 5-7, 8-10, 11-13,14-16 и 17-18 г.
Краен рок за пријавување на ликовните творби е 30.4.2011., на адреса Galeria i osrodek plastycznej tworczosci dziecka Rynek nowomiejski 17, 87100 Torun Poland

Monday, January 24, 2011

Впечатоци за подршката на ликовните настани

Годишната програма за култура на Министерството за култура на РМ, за 2011година, меѓу другото ја дава својата подршка и во секторот ликовна и галериска дејност. Меѓутоа, се чини веднаш паѓа вочи редуцираноста , парцијалниот и површен стратегиски интерес за ликовната дејност и настаните од оваа област со можни дополнителни интервенции за поедини ликовни настани./„Мал Битолски Монмартр“, како и некои изложби, колонии и Друштва на ликовни уметници и вообичаено учеството на Венециското биенале,/Исклучок можеби се културните институции и уметниците во метрополата, додека останатите во Републикава како да се оставени сами на себе, на својата локална самодоволност, на своите спонзори, помагатели и пријатели на ликовната уметност.

Нашата уметничка средина

...„Знаеме колку може да биде добро и мотивирачко чувството кога ке промениш средина и кога ке видиш нешто инспиративно, Колку што гледам и знам, македонските куратори и уметници се ретко или никако присутни на значајни светски настани, конференции,форуми,списанија исл.дури и во регионот, а истото тоа може да се каже и за присутноста на релевантната странска уметност во нашиве простори. Без тој елемент на жив и пропулзивен флукс на идеи не може да очекуваме нешто повеќе и поинтересно, и тоа ќе не держи постојано во таа зачмаеност во која ќе царува провинциската самодоволност. ...Се разбира во популарната култура има многу шкарт,многу голем отпад за еднократна употреба , ама такво нешто постои и во т,н.висока култура. она од што треба да се заштитиме е опасниот и погубен тренд на продор на популизмот во уметноста, се потесното поврзување на политиката и популистичката „идеологија“ со уметноста..

Зоран Петровски, / во интервју за „ТЕА модерна„